3Шпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)
Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
2Накит „Фаберже“, порцелан и сребро- над 300 предмети на руското царско семејство Романови ќе се најдат на аукција
Шоу бизБлејк Лајвли и Тејлор Свифт се смирилеОткако американските медиуми пишуваа за тоа дека глумицата Блејк Лајвли и пејачката Тејлор Свифт се скарани, сега тие наводно се смириле.Нивниот однос, според тогашните наводи, се променил кога режисерот Џастин Балдони ја спомна Свифт во неговата тужба против Лајвли. Пејачката наводно била лута што била вовлечена во правната битка. Според неименуван извор, сега двете пријателки „ја разработиле состојбата“ и повторно разговараат, објави „Дејли мејл“. На Тејлор, се вели, сѐ уште ѝ е непријатно што е спомната во тужбата. За потсетување, Блејк Лајвли во декември поднесе тужба против Џастин Балдони - нејзин соработник во филмот „Ова завршува со нас“, каде што и двајцата глумат. Таа, имено, го обвини режисeрот-глумец за сексуално вознемирување. Џастин потоа ги тужеше Блејк и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс за 321 милион фунти, обвинувајќи ги дека се обидуваат да и ја уништат кариерата и угледот. Во својата противтужба, Балдони тврди дека Блејк ја понела Свифт на состанок заради промени во сценариото, но и дека глумицата ја искористила својата „мега-славна пријателка“ за да го заплаши. Според Тејлор, таа немала намера да биде таму за состанокот и дека едноставно дошла да се види со пријатели. „Тоа беше првпат Тејлор да се сретне со Џастин. Таа немаше поим кој е тој, а Тејлор беше само љубезен. Беше љубезна со него како и со сите што ќе ги сретне", изјавил изворот. По тужбата, пејачката одлучи да молчи и да не се меша јавно во спорот. Според познавачи, тоа оди во прилог на одбраната на Џастин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСе огласи Зеленски по првит ден преговори во Абу Даби: Мора да спречиме војната да се повтори Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на првиот ден од разговорите во Абу Даби, Украина, САД и Русија разговарале за хуманитарни мерки, размена на воени заробеници, безбедносни гаранции и деескалација на конфликтот.Украинскиот шеф на државата го објави ова на социјалната мрежа X, пренесува Укринформ. „Нашиот преговарачки тим ме информираше за резултатите. Денес беше првиот ден од состаноците во Абу Даби. Прво, одржавме разговори со нашите европски и американски партнери, по што следеше трилатерален состанок на делегации од Украина, САД и Русија. Благодарен сум на сите партнери на Украина за нивната поддршка“, напиша Зеленски. Received a report from our negotiating team. Today was the first day of meetings in Abu Dhabi. First came a meeting with our European and American partners, followed by a trilateral format between our delegation and the American and Russian delegations. I am grateful to all of Ukraine’s partners for their support. The trilateral format was constructive and quite substantive. They had time to discuss the need and possible parameters for humanitarian steps. The release of prisoners is a priority. They spoke in detail about the substance of security guarantees for Ukraine and the foundations for ensuring these guarantees function over the long term. Real tools are needed to block any recurrence of the war. The need for de-escalation steps was also touched upon. I gave our team clear instructions for further dialogue – both in the trilateral format tomorrow and more broadly, over the coming days, with envoys of the U.S. President and representatives of Europe. The main thing is to truly bring peace closer. And on Ukraine’s part, there will be only productive, high-quality, and honest work. I thank the American side for organizing these negotiations and the UAE for providing a reliable platform for them. — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) November 10, 2026 Зеленски ги опиша трилатералните разговори како „конструктивни и доста суштински“. „Успеавме да разговараме за потребата од хуманитарни мерки и нивната можна рамка. Ослободувањето на воените заробеници е приоритет. Детално разговаравме за суштината на безбедносните гаранции за Украина и за темелите за обезбедување на нивната долгорочна ефикасност. Потребни ни се реални механизми што ќе спречат повторување на војната. Разговаравме и за потребата од мерки за деескалација“, рече тој. Украинскиот претседател рече дека ѝ дал на делегацијата јасни инструкции за продолжување на преговорите, како за време на трилатералниот состанок на 11 ноември, така и во последователните разговори со претставници на американскиот претседател Доналд Трамп и европските партнери во наредните денови. „Главната цел е да се приближи мирот, а Украина ќе го даде својот придонес преку продуктивна, темелна и искрена работа. Им се заблагодарувам на американската страна за организирање на овие разговори, како и на Обединетите Арапски Емирати за обезбедувањето сигурно место за преговори“, додаде Зеленски. Како што претходно објави Укринформ, САД ќе посредуваат во разговорите на работно ниво меѓу Украина и Русија, кои се одржуваат на 10 и 11 ноември во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Пред трилатералниот состанок во Абу Даби, претседателот Зеленски разговараше со претставниците на американскиот претседател, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.Тагови: Абу Даби Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија.Вечерва присуствував на 17-тото издание на манифестацијата „ТОП 100“, во организација на Стопанската комора на Северозападна Македонија, настан посветен на препознавањето на успешните компании, претприемачкиот дух и придонесот на бизнис-заедницата во развојот на македонската економија. Успехот на секоја компанија, секоја инвестиција и секое новоотворено работно место е успех за целата држава. Економијата не познава етнички или верски граници. Нашата цел е да изградиме економија во која трудот се исплатува, инвестициите се поттикнуваат, младите имаат перспектива, а домашните компании се конкурентни на европските и светските пазари. Во Владата, бизнис-заедницата има партнер и поддршка за нови инвестиции, производство и развој. Честитки до сите компании кои вечерва беа препознаени за своите резултати, но и до сите претприемачи и стопанственици кои секојдневно создаваат нови вредности и придонесуваат за економскиот развој на Македонија. Затоа што силна економија значи силна Македонија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШпионска афера во американската армија- војник е уапсен поради сомневање дека им предавал тајни на Русија (ВИДЕО)Американски војник е уапсен во Велика Британија под сомнение за помагање на странска разузнавачка служба, за кој се верува дека е Русија.41-годишен маж денеска е уапсен во близина на Глостер под сомнение за сторени кривични дела според Законот за национална безбедност од 2023 година, објави Скај њуз. Тој е осомничен за кривични дела според член 1 од законот, кој се однесува на добивање или откривање класифицирани информации, и член 3, кој се однесува на помагање на странска разузнавачка служба. Како дел од истрагата што ја води британската полиција за борба против тероризмот, полицајците вршат претреси на две локации во Глостершир, соопшти лондонската метрополитенска полиција. Полицијата потврди дека обвиненијата се однесуваат на Русија. BREAKING: A member of the US Army has been arrested near Gloucester on suspicion of offences under the National Security Act 2023 which relate to Russia, Counter Terrorism Policing London said https://t.co/5plYsHb9Hx — GB News (@GBNEWS) November 10, 2026 Мажот останува во притвор во полициска станица во Лондон. Истрагата ја водат членови на одделот за борба против тероризмот на лондонската полиција, а проверките се во тек. Заменик-помошникот комесар Вики Еванс, виш национален координатор за борба против тероризмот во полицијата, изјави за Скај њуз дека апсењето е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти. „Ова значајно апсење и истрага е резултат на тесна соработка меѓу британските и американските власти. Обвинувањата се сериозни и нашата истрага е во тек. Оваа акција ја покажува силата на партнерството меѓу британските и американските безбедносни и агенции за спроведување на законот. Би сакал да ја пофалам работата на сите вклучени тимови. Заедно ќе преземеме решителни мерки против секој за кого се сомневаме дека е вклучен во криминална активност што би можела да ја загрози нашата национална безбедност“, рече Еванс. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, рече дека случајот вклучува обвинувања за шпионажа, што претставува исклучително сериозна закана за САД и нивните сојузници. „Истрагата е сè уште во тек, но сакам да испратам јасна порака - ФБИ има нулта толеранција за секој што ја прекршува својата заклетва кон САД и чии постапки ја загрозуваат нашата национална безбедност и безбедноста на нашите партнери“, рече Пател.Тагови: војник русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook