Блажевски и Дамјановска со нови македонски рекорди на ЕП во пливање - Канал 5

Блажевски и Дамјановска со нови македонски рекорди на ЕП во пливање

На првиот ден од Европското првенство во пливање што се одржува во Лондон, македонските пливачи испливаа најдобри времиња, а соборени се и три македонски рекорди.

Блажевски и Дамјановска со нови македонски рекорди на ЕП во пливање
Марко Блажевски (23 години) постави македонски рекорд на 100 метри градно со време 1:03.57 минута и 51 стотинка го подобри сопствениот рекорд. Неговото време на „свртување“ 30.07 секунди е исто така македонски рекорд на 50 метри градно. Блажевски во конкуренција на 61 пливач го освои 53.место.

Ана-Марија Дамјановска (16 години) исплива македонски рекорд во дисциплината 50 метри пеперутка со време 29.53 секунди и го собори 12 години стариот рекорд на Весна Стојановска од Мадрид – 29.82 секунди. Дамјановска го освои последното 45.место во оваа дисциплина.

Третиот наш пливач што настапи денеска Љупчо Ангеловски (19 години) на 50 метри пеперутка имаше време 25.64 секунди што е негов личен рекорд и го освои 58.место во конкуренција на 62 пливачи. Македонски рекордер во оваа дисциплина е Зоран Лазаровски со време 25.26 секунди.

Утре од македонските пливачи ќе настапи Андреј Стојаноски во дисциплината 1.500 метри слободно. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

На покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Министерот Муцунски утре на министерски состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.

ФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија

Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА.

Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена.

Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени.

На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина.

Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена.

Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.

Арсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“

Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари.

Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите.

Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер