Блатер: Проблемите решени, Сао Паоло подготвен за Мундијалот - Канал 5

Блатер: Проблемите решени, Сао Паоло подготвен за Мундијалот

Претседателот на Светската фудбалска асоцијација Сеп Блатер потврди дека стадионот во Сао Паоло на кој треба да биде отворено Светско првенство ќе биде подготвен за големиот настан закажан за 12 јуни.

Блатер: Проблемите решени, Сао Паоло подготвен за Мундијалот
- Проблемите со стадионот во Сао Паоло се надминати и тука ќе може да се одигра првиот натпревар на претстојното Светско првенство, рече Блатер во своето обраќање на Конгресот на УЕФА во Астана, главниот град на Казахстан.

Мундијалот кој во Бразил ќе се одржува од 12 јуни до 13 јули ќе биде отворен со дуелот Бразил - Хрватска.

Стадионот каде што треба да се одржи оваа средба имаше застој во изградбата поради несреќата со дигалката во ноември минатата година при што загинаа двајца работници. Инцидентот придонесе да се доцни со испорака на потребните градежни материјали, а подоцна се јави проблем и со финансирањето. Сепак со кредит од Националната банка за развој вреден 81 милион евра комплетирана е финансиската конструкција и се очекува во најскоро време на стадионот да биде извршен техничкиот прием.

Блатер се осврна и на атмосферата во Бразил околу Мундијалот, а потсети и на социјалните протести одржани во оваа земја за време на Купот на конфедерации минатата година.

- Се надевам дека веќе нема да се повторат настаните кои го следеа Купот на конфедерациите кога турнирот се искористи да се организираат социјални протести. Верувам дека тоа нема да се случи за време на Светското првенство, истакна првиот човек на ФИФА. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

 Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.

Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби

На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“.

Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата.

Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери.

Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација.

Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Според УХМР утре под влијание на јужно воздушно струење наместа ќе дува силен јужен ветер кој повремено ќе достигнува брзина над 80 километри на час.

УХМР: Утре наместа ќе дува силен јужен

Температурите ќе бидат значително над просекот за овој период од годината.

Во Скопје, ќе дува умерен до засилен јужен ветер со температура значително над просекот за овој период од годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот фудбалски великан Манчестер Јунајтед повлече радикален потег и му врачи отказ на менаџерот Мајкл Керик! 

Крај за Мајкл Керик на „Олд Трафорд“! Манчестер јунајтед му врачи отказ

Англискиот стручњак повеќе не е тренер на „Црвените ѓаволи“, а одлуката на раководството на клубот уследи по катастрофалниот почеток на сезоната и резултатите што го доведоа гигантот од „Олд Трафорд“ во сериозни проблеми.

Веста за заминувањето на Керик беше истовремено објавена од водечките британски медиуми, а набргу пристигна и официјална потврда од клубот. Раководството на Јунајтед процени дека е неопходна промена на тренерската клупа, откако тимот оствари само една победа во првите десет кола од Премиер лигата и се најде во зоната за испаѓање.

Керик го презеде тимот на почетокот на годината, а по успешниот завршеток на минатата сезона, ја доби довербата на раководството во вид на постојан договор, потпишан во мај. Потоа, под негово водство, Јунајтед стигна до третото место, но продолжувањето на соработката не ги донесе очекуваните резултати.

Како што пренесуваат медиумите, челниците на клубот, Омар Берада и Џејсон Вилкокс, разговарале со актуелниот тренер и го известиле за одлуката тој да си замине.

Веќе се знае кој треба да седне на „жешкото столче“ во англискиот гигант.

Маурисио Покетино постигнал начелен договор со Манчестер Јунајтед, но постои една важна пречка – аргентинскиот стручњак моментално ја предводи репрезентацијата на Соединетите Американски Држави. Покетино прво треба да ги заврши своите обврски кон националниот тим, па дури потоа да го преземе составот од „Олд Трафорд“.

Затоа, сè уште не се знае кој ќе го предводи Јунајтед во големото дерби против Ливерпул, кое е на програмата веднаш по репрезентативната пауза. Раководството на клубот сега го очекува тешка задача: да пронајде привремено решение и да се обиде да го извлече тимот од резултатската криза, пред сезоната да добие уште подраматичен тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер