Благотворноста на индиските ореви - Канал 5

Благотворноста на индиските ореви

 Индискиот орев носи бројни здравствени придобивки, па, како што велат и многу лекари, редовното јадење на ова јаткасто овошје може да придонесе за посилно срце, контрола на тежината, како и поздрави коски.

Благотворноста на индиските ореви

Овие слатки, маслени јаткасти плодови може да се додаваат на сите видови јадења - од салати до порции житарки и разни видови десерти. Покрај тоа, од нив лесно се прави и путер. Значи, тие се одличен избор ако се обидувате да вклучите повеќе растителна храна во исхраната. Следат неколку од најзначајните придобивки од секојдневното внесување индиски ореви.

Благотворни за здравјето на срцето

Јадењето јаткасти плодови, воопшто, често се поврзува со помала опасност од срцеви заболувања, веројатно делумно и поради нивниот поволен индекс на маснотии. Индиските ореви не се исклучок. Истражувањата покажуват дека кога луѓе со дијабетес тип 2 внесуваат 10 отсто од дневните калории со индиски ореви, нивото на холестерол им се подобрило во споредба со луѓето кои не јаделе од овие плодови.

Индискиот орев е одличен извор на моно-незаситени и поли-незаситени масти коишто се поволни за срцето. Овие здрави масти може да го подобрат холестеролот ако се јадат наместо храна богата со заситени масти, како говедското месо и путерот.

Контрола на тежината

Ако се избегнуваат индиските ореви затоа што, наводно - се калорични, истражувањата говорат спротивно. Кога јадеме индиски ореви, можеби нема да ги задржиме сите нивни калории. Тоа е затоа што се верува дека нивните влакна задржуваат дел од мастите, исфрлајќи ги од човековото тело. Тоа значи: 30 грама суви печени индиски ореви технички содржат 163 калории, но во телото се апсорбираат приближно 84 насто од тоа т.е. околу 137 калории.

Спојот од протеини и здрави масти во индиските ореви може да го забави варењето. Тоа пак, го одржува човекот сит подолго, па тој и јаде помалку. Дополнително, овие јаткасти плодови имаат малку шеќер, што ги прави подобар избор од, на пр. чипс или бонбони.

Го одржуваат нивото шеќер во крвта

Мноштво научни истражувања ги поддржуваат и истакнуваат придобивките од јаткастите плодови за спречување и лекување на дијабетес. Во случајот со индиски ореви - тие содржат ниско ниво јаглени хидрати, но се богати со други хранливи материи полезни за шеќерот во крвта. Тоа се: Протеини, влакна, здрави масти и антиоксиданси.

Истражувањата покажуваат и дека редовното јадење индиски ореви наместо храна богата со рафинирани јаглехидрати може да биде добар начин за управување со шеќерот во крвта.

Ги зајакнуваат коските

Одржувањето силни коски не е само во калциумот. И други хранливи материи како витамин К, магнезиум и фосфор, исто така, се добри и полезни за скелетот. Во индиските ореви ги има сите три состојки.

Антиоксиданси за спречување болести

Индиските ореви содржат природна мешавина од антиоксиданси, пред сѐ - полифеноли и флавоноиди. Овие моќни соединенија помагаат во борбата против воспалението и штитат од оксидативен стрес којшто може да доведе до хронични болести, како срцеви заболувања и рак. Индискиот орев содржи и цинк - минерал што го одржува имунолошкиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германската влада одобри нацрт-закон за задолжително повикување на воени резервисти на обука, дел од плановите за зголемување на бројот на војници и воените капацитети на Германија за одбрана од можна руска агресија.

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници.

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус постојано предупредува дека Германија мора да биде подготвена за војна и мора да ја подобри својата способност за брзо мобилизирање на силите во случај на голем конфликт на европско тло.

Тој потврди дека германското Министерство за одбрана верува дека потпирањето на доброволно учество во армијата повеќе не е доволно со оглед на безбедносната ситуација во Европа.

Се очекува Бундестагот да го разгледа нацрт-законот по летниот одмор, а министерството очекува законот да стапи на сила на почетокот на следната година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира

Обилните врнежи кои попладнево го зафатија главниот град предизвикаа низа штети, а најкритично беше во општините Кисела Вода, Аеродорм и Гази Баба.

Ѓорѓиевски: Булеварите се проодни, состојбата се стабилизира

Сосотојбата е веќе стабилизирана, има поплавени подруми, но сообраќајниците и подвозниците се веќе проодни, информираше градоначалникот на Град Скопје во изјава за Канал 5.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Биљал Касами во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

Биљал Касами во „Само интервју“

Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори?

Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен?

Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо?

Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер