Благодарение на овој режим на исхрана Викторија Бекам изгледа совршено (видео) - Канал 5

Благодарение на овој режим на исхрана Викторија Бекам изгледа совршено (видео)

A, еве од кој порок никако не може да се откаже... 

Благодарение на овој режим на исхрана Викторија Бекам изгледа совршено (видео)

И покрај годините Викторија Бекам секогаш изгледа беспрекорно.

Викторија Бекам важи за една од најстилизираните дами во британските модни кругови. Многумина се прашуваат како нејзиното тело сè уште е совршено иако родила четири деца, а овој април ќе наполни 50 години. Познатата дизајнерка после секоја бременост изгледаше сè послабо, а честопати можеше да се слушне дека би можела да си дозволи да стави барем некој килограм повеќе. На коментарите дека е премногу слаба, сопругата на Дејвид Бекам не обрнува многу внимание, туку јасно дава до знаење дека е подобро да се биде послаб и повитален отколку да се борите со вишокот килограми.

Викторија Бекам е поборник на здравиот живот и повеќепати има истакнато дека нејзината исхрана се базира на протеини и здрави намирници. Но и таа, како повеќето припаднички на понежниот пол, не била секогаш задоволна од својот изглед. Таа своевремено призна дека се изгладнувала за својата тежина да ја доведе во ред. Сепак, сега истакнува дека тоа повеќе не го прави и дека нејзиниот изглед се должи на вежбањето и строгата дисциплина. Трчањето, пилатесот, јогата и кревањето тегови се дел од нејзината рутрина.

Во краткото видео на Инстаграм, таа се обиде што поедноставно да објасни како изгледа нејзината здрава исхрана, заради која има одлична фигура. Модната икона откри дека е љубител на риба, а омилени ѝ се чадениот лосос и туната.

Покрај тоа, сопругата на Дејвид Бекам откри дека сака свежо овошје и зеленчук, кои, патем, сите здравствени експерти ги препорачуваат како основа на здравата и урамнотежена исхрана. Овошјето и зеленчукот се богати со витамини и минерали, како и со влакна, кои играат голема улога во регулирањето на метаболизмот, варењето на храната и се важни во процесот на слабеење.

Познатата дизајнерка истакнува дека внесува големи количества вода за да го хидрира своето тело што е можно повеќе. Покрај тоа што водата го помага варењето и поттикнува елиминирање на токсините, таа има позитивно влијае и на изгледот на нашата кожа, поради што таа изгледа посветло и посвежо.

Во едно од претходните интервјуа, Викторија откри дека 20 години не внела ниту грам индустриски шеќер, кој е назначен како виновник за воспалителните процеси во телото и лошиот тен. Со оглед на нејзината силна волја со децении да одолее на намирниците кои содржат шеќер, нејзниот беспрекорен тен не е ни чудо.

На крајот, Викторија Бекам духовито го комплетираше својот рецепт за слабеење, откривајќи дека е голем љубител на текилата и црвеното вино. Затоа што секој од нас мора да има некаков порок, нели?

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?

Дачија претстави погонски систем наречен Трибрид – а името не е случајно избрано.

Дачија има Трибрид мотори: Дали знаете што значи тоа?

Поимот Трибрид се однесува на комбинација што интегрира бензински мотор, можност за користење ТНГ (LPG) и хибридна технологија – всушност, три начини на искористување на енергијата во едно возило.

Засега, новиот систем е достапен кај моделите Duster и Bigster, конкретно во верзиите со погон на сите тркала. Системот испорачува вкупна моќност од 150 КС, користејќи 48-волтен „благ“ хибриден систем за електрификација.

Погонот се заснова на 1,2-литарски трицилиндричен бензински мотор, додека електромоторот – сместен на задната оска – генерира до 31 КС. Оваа конфигурација му овозможува на електромоторот истовремено да ги подобри вкупните перформанси и да обезбеди погон на сите тркала, пренесува RevijaHAK.

Со моќноста управува шестстепен автоматски менувач, а возилото достигнува максимална брзина од 180 км/ч. На тој начин, Дачија комбинира неколку технологии што ретко се гледаат заедно: ТНГ, помош од „благ“ хибриден систем и електричен погон на задната оска.

Цената е особено интересна. Почетниот модел „Dacia Bigster Tribrid 150 4x4“ чини 29.200 евра, што го прави релативно достапна опција за купувачите на кои им се важни погонот на сите тркала и можноста за користење ТНГ. Засега, Трибрид е достапен кај ограничен број модели, но концептот покажува како Дачија се обидува да комбинира различни технологии без да навлезе во ценовниот опсег на целосно електрифицираните и поскапи SUV модели.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.

„САД и Иран сакаат да се вратат на преговарачката маса“

Рафаел Гроси, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), денеска изјави дека чувствува желба кај Соединетите Американски Држави (САД) и Иран да се вратат на преговарачката маса, додавајќи дека е подготвен да помогне во тој процес.

Во интервју за „РИА Новости“, тој оцени дека продолжувањето на преговорите е од суштинско значење и треба да се случи што е можно поскоро.

„Чувствувам желба за враќање на преговарачката маса, а МААЕ ќе биде подготвена да го поддржи тоа, исто како што го правела и во минатото“, изјави Гроси.

САД и Иран моментално одржуваат индиректен контакт преку катарско посредување.

Како што претходно објави „Ројтерс“, посредниците одржуваат одвоени консултации со американската и иранската страна, додека иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и претставниците на Катар остануваат во САД.

Една од главните теми на консултациите беше изменета верзија на седумдневниот план за отворање на Ормускиот Теснец, предложен од Техеран.

Иранската нуклеарна програма, исто така, останува клучно прашање во однос на потенцијалното продолжување на дијалогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“.

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Владата на денешната седница ја разгледа информацијата за состојбата настаната како последица на техничката хаварија во зградата на „Нова Македонија“, во која се сместени осум државни институции, како и за досега преземените и планираните активности за санација и целосно нормализирање на условите за работа. Имајќи ги предвид последиците, особено продирањето на вода во дел од електричните инсталации, како и потребата од спроведување на сите неопходни технички и безбедносни проверки пред повторно ставање на објектот во редовна функција, Владата донесе заклучок со кој се препорачува на институциите сместени во објектот да го реорганизираат своето тековно работење односно вработените привремено да ги извршуваат своите работни обврски преку работа од дома, без физичко присуство во зградата.

Оваа мерка се презема исклучиво од превентивни и безбедносни причини, при што приоритет останува заштитата на здравјето и безбедноста на вработените, паралелно со непречено продолжување на работните процеси и функционирањето на институциите. Надлежните служби интензивно работат на санација на последиците и на создавање услови за безбедно и целосно враќање на вработените во објектот, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер