Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам зграпчете го - Канал 5

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам зграпчете го

Моментумот за проширување на ЕУ е тука, ве молиме да го искористите – порача данската министерка за европски прашања Мари Бјере, која е во посета на земјава пред преземањето на претседателството со ЕУ од 1 јули. 

Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам зграпчете го

На заедничка прес-конференција со министерот Орхан Муртезани, Бјере кажа дека Данска конструтивно ќе работи и помага за поттикнување на македонската евроинтеграција, но дека потребно е и земјава да продолжи со заложбите за напредок и да направи одредени измени.

- Моментумот е тука и ве молам да го зграпчите овој момент. И сега со нашето претстојно претседателство со советот на Унијата ќе ви кажам дека ние не можеме самостојно ова да го туркаме. Ние сме тука констуктивно да работиме со вас. Се гледа дека Македонија има остварен голем напредок, меѓутоа мора да се направат измени во некои делови,- - Мари Бјере – министерка за европски прашања на Данска.

Муртезани ја поздрави подршката на Данска, но сепак нагласи дека европскиот пат не смее да се условува со прашања кои не се поврзани со демократијата, владеењето на правото и пазарната економија.. Министерот, кој е и главен преговрач со ЕУ, соопшти и дека Владата веќе ги подготвила трите патокази за реформрите во јавната администрација, владеењето на правото и демократските инситуции, како и Акцискиот палн за заштита на малцинствата, што произлегуваат од Преговарачката рамка, и консултациите за нив веќе се почнати.

- Трите патокази веќе се испратени до Комисијата и се финализираат на дневна основа преку онлајн состаноци со Комисијата, се надевам дека скоро сите три патокази ќе бидат завршени,а со тоа технички Македонија ќе биде спремна за отварање на Кластерот fundamentals. Што се однесува до акцискиот план тоа што можам да споделам е дека испратен е во Советот на Европа кој што треба да биде разгледан од страна на експерти, се чека скоро да добиеме одговор за нивни коментари по што ќе треба да следи соодветна процедура за усвојување и формално испраќање до Комисијата,- Орхан Муртезани – Министер за европски прашања.

Пораките кои деновиве доаѓаат од Софија пак се дека Бугарија нема отворени прашања со Македонија, и дека софија нема да испорачува нови услови ниту пак ке ја блокира земјава, но очекува Македонија да го спроведе договорот добрососедство, преговарачката рамка и двата протоколи.. ставот на македонските власти е дека софија треба да покаже на дело дека нема да поставува нови услови и пречки поврзани со историските и идентитетските прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

Вчеравечер беше одбележана 130 годишнината од постоењето на црквата Свети Великомаченик Димитриј во Скопје. 

Ѓорѓиевски: 130 години постоење на храмот ,,Свети Великомаченик Димитриј”, благодарам на честа!

„Вечерва одбележуваме 130 години од изградбата на некогашниот Соборен храм.

Дом на верата во кој скопјани наоѓале утеха во тешките мигови, благодареле за радоста и се молеле за здравјето и мирот на своите најблиски.

Свето место што ја чува православната традиција и сведочи за духовната истрајност на нашиот народ.

Признанието кое вечерва го примив, како благодарност за помошта во реконструкцијата на придружните објекти на храмот, има посебно место во моето срце.

Ќе стои на почесно место на мојата полица, како едно од најдрагите признанија и како потсетник на обврската да го чуваме она што ни го оставиле нашите предци.

За мене, да се помогне е чест, но и одговорност пред генерациите што допрва ќе го пречекорат прагот на овој храм.

Им благодарам од срце на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, на отец Жарко и на свештенството на Македонската православна црква, за укажаната чест и за нивната посветеност во зачувувањето на верата, духовноста и заедништвото меѓу нашиот народ.

Нека уште многу векови овој храм биде полн со верници, со детски гласови и со искрени молитви.

Нека неговите камбани повикуваат на мир, љубов и добрина, а секој што ќе влезе во него нека пронајде утеха, надеж и сила.

Нека ни е вековит храмот „Свети великомаченик Димитриј“!

За многу години!“, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Утре, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

СДСМ целосно ги поддржува барањата на професионалните војници за еднакви права и достоинствени услови за работа и пензионирање. 

СДСМ:  Ги поддржуваме војниците – ќе поднесеме законско решение за нивните барања

Дискриминацијата со која што денес се соочуваат припадниците на Армијата е недозволива.

Неправедно е поранешните припадници на Армијата кои заминале во пензија пред 14 февруари 2024 година да имаат значително помали отпремнини од оние кои се пензионирале по овој датум.

По кој основ луѓето кои со години и служеле на државата и ја извршувале истата должност да бидат различно вреднувани? Сите војници заслужуваат еднакви права и правичен третман од државата.

Луѓето кои ја чуваат безбедноста на државата заслужуваат сигурност и достоинствени плати.

Го поддржуваме барањето на професионалните војници за трансформирање на работниот однос на неопределено време после петта година како што предвидува Законот за работни односи и за зголемување на платите.

Откако е Мицкоски на власт, две години нема зголемување на платите во Армијата.

Во мандатот на владата на СДСМ значително се подобрија условите за сите припадници на Армијата, како и за вработените во одбраната.

Платите на воениот персонал - офицерите, подофицерите и професионалните војници, но и на цивилните лица на служба во Армијата, етапно беа зголемени за 15 проценти.

СДСМ го обезбеди членството во НАТО во 2020 година. Треба условите да се подобруваат постојано а не да се влошуваат.

Со ВМРО парите завршуваат во криминални тендери. Владата на Мицкоски нема пари за поголеми плати во Армијата – нема за работниците, нема за земјоделците, едноставно нема пари за граѓаните. Државната каса ја киднапираа за свои бизнис интереси.

СДСМ ќе поднесе законско решение во Собранието согласно барањата на професионалните војници - за обезбедување сигурност и достоинство на сите војници.

Армијата е чувар на безбедноста на државата, како членка на НАТО мора да имаме силна одбрана, задоволни и мотивирани војници, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер