Бјанка: Моите голи изданија беа моето истражување на сексуалноста - Канал 5

Бјанка: Моите голи изданија беа моето истражување на сексуалноста

Контроверзната Бјанка Ченсори го привлече вниманието на целиот свет уште од првиот ден од нејзината врска со ексцентричниот рапер Канје Вест.

Бјанка: Моите голи изданија беа моето истражување на сексуалноста

Набрзо, двајцата станаа најомразени личности меѓу познатите личности, а Бјанка беше речиси гола дури и на лежерните прошетки низ градот.

Поради нејзините модни изданија, интервенираше и полицијата, а обезбедувањето ги избрка од Греми наградите кога Бјанка се појави гола, што беше и најголемиот скандал во историјата на овој настан.

Се чини дека голотијата сега е зад неа, а долго време се пишуваше за тоа како Канје е тој што ја прави да изгледа така.

Во интервју за Vanity Fair, Бјанка ги негираше сите обвинувања.

„Јас живеам со својата уметност. Не би правела ништо што не сакам. Тоа беше истражување на експонираноста, сексуалноста и контролата врз сопственото тело“, вели таа, но малкумина ѝ веруваат.

Инаку, Бјанка пораснала во многу строго, грчко семејство, а дипломирала архитектура во Мелбурн. Нивната љубовна приказна започнала кога Канје ја забележал на социјалните мрежи и ѝ понудил работа во Лос Анџелес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини

 „Девојко, јас сум Брук, а ти која си?“ 

Фото: Брук Шилдс и на 62 годишна возраст нема проблем да се соблече во бикини

Една од најубавите актерки во Холивуд, ѕвездата на славниот хит филм „Сина лагуна“ Брук Шилдс ја покажа својата прекрасна фигура на 62-годишна возраст за време на престојот во Хрватска, која ја посети во рамките на својот одмор во Европа, а фотографиите предизвикаа бројни реакции.

Убавата Брук на Инстаграм објави серија фотографии на кои ужива со пријателите, но и позира во едноделен костим за капење без прерамки, со кој привлече огромно внимание поради својата витка фигура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб

Додека цените на храната растат, студентскиот оброк останува замрзнат на 140 денари дневно.

ЛиДеМ: Владата го почитува Законот само кога ѝ одговара – студентите секој ден ја плаќаат инфлацијата од сопствен џеб

И тоа не е прашање на добра волја на Владата, туку на законска обврска. Член 2 од Законот за субвенциониран студентски оброк јасно предвидува дека износот треба да се усогласува согласно инфлациската стапка по секоја фискална година, пред донесувањето на Буџетот за следната година. Последното зголемување беше уште во 2023 година – од 120 на 140 денари. Оттогаш цените продолжија да растат, а студентскиот оброк остана ист.

Во превод: државата ја признава инфлацијата кога собира повеќе пари преку даноци и повисоки цени, но ја заборава кога треба да им даде повеќе на студентите.

Денес со 140 денари студент треба да обезбеди пристоен оброк, додека секој што влегол во маркет, пекара или менза знае колку реално вредат тие пари. Не може Владата да зборува за „младите како иднина“, а истовремено да штеди токму на нивниот оброк. Инфлацијата не смее да се пресметува само на каса – мора да се пресметува и во студентската поддршка.

Либерално-демократската младина ќе ги искористи расположливите правни и институционални механизми за да побара одговор зошто законската одредба за усогласување не се спроведува доследно и кој ќе понесе одговорност за тоа.

Ова не е борба за неколку десетици денари. Ова е прашање дали во Македонија законот важи и за Владата.

Студентите не бараат луксуз. Бараат она што им следува по закон и оброк што одговара на реалните цени во 2026 година. Ако растат цените – мора да расте и студентскиот оброк.

Либерално-демократска младина

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија.

Трамп оптимист за тајната мисија на шефот на ЦИА во Москва

Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска потврди за тасс дека рускиот претседател Владимир Путин бил детално информиран за резултатите од контактите на руските специјални служби со ретклиф. Песков притоа појасни дека директорот на циа немал директна средба со путин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер