3Денеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања Божиновска
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ЗабаваБјанка Цензори „заборави“ да ги покрие градите на роденденска забава во Лос Анџелес (ФОТО)Бјанка Цензори и Канје Вест присуствуваа на роденденската забава на менаџерот Џон Монополи во Лос Анџелес, пишува Daily Mail.Папараците успеаја да ги фотографираат пред влезот во ресторанот, а Бјанка и овој пат шокираше со својот аутфит. Таа носеше проѕирен мрежест комбинезон што не крие ништо. Нејзините голи гради и брадавици јасно се гледаа, а носеше само танга. Косата ја подигна со црна штипка, а аутфитот го комплетира со црни потпетици. За разлика од неа, Вест беше облечен целосно во црно, во бомбер јакна со качулка. Бјанка не престанува да привлекува внимание со своите комбинации. Така таа неодамна беше фатена во проѕирен краток фустан и танга во боја на кожа додека пазаруваше во Беверли Хилс без нејзиниот сопруг. Тие беа снимени заедно неколку дена претходно, носејќи ја ќерката на Канје, Норт Вест во кино за да го гледаат новиот филм на Рајан Рејнолдс и Хју Џекмен, Deadpool & Wolverine. Бјанка носеше необична комбинација за одење во кино. Имаше маица со долги ракави, капа, штикли и - долна облека. Со оглед на тоа што сопругата на Канје со месеци се шета полугола во јавност, странските медиуми пишуваат дека Ким Кардашијан, поранешната сопруга на раперот и мајка на неговите деца, не ги одобрува нејзините модни изданија. Таа, наводно, го предупредила дека мора да ја покрие Бјанка кога се во близина на нивните деца. Иако Ким има пријателски односи со новата сопруга на Канје, таа не е ентузијастичка за нејзината идеја за модата и не сака таа да се појавува така пред децата. Не само Ким ја критикуваше нејзината облека. Рестораните одлучија да им забранат на Бјанка Ценсори и Канје Вест да влегуваат во нивните ресторани поради нејзините модни комбинации. „Ако јас сум сопственик на кој било објект во кој има намера да влезе оваа двојка, ќе им кажам, од почит кон моите гости, дека не смеат да влезат“, рече сопственик на ресторан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Скопје безбедна за пиењеНеделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење.ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 19.10.2026 до 22.10.2026 зема 159 примероци за физичко-хемиска и 159 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 44 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
КултураСветски ден на аудиовизуелното наследство во КинотекаСветскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.На 27 октомври (вторник), сите архиви, кинотеки, филмски музеи и институти во светот ќе го одбележат Светскиот ден на аудиовизуелното наследство со активности, промоции и настани со кои фокусот на светската јавноста го насочуваат кон значењето и ранливоста на аудиовизуелното наследство. Како дел од тоа големо семејство на професионалци и институции посветени на заштитата и сочувувањето на филмското културно наследство, и Кинотеката се вклучува со свои активности во одбележувањето на овој значаен ден. Во таа насока, на 27 октомври (вторник) со почеток во 12 ч. во кинотечното кино ќе се одржи промоција на блу-реј изданието на македонскиот игран филм МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов од 1967 г., кој всушност претставува екранизација на истоимената драма на Војдан Чернодрински од 1900 г. Филмот беше дигитализиран во 2025 г. како дел од проектот „Сезона на филмски класици“ инициран и координиран од Асоцијацијата на европски кинотеки (АЦЕ) и поддржан од програмата Creative Europe MEDIA на Европската Унија. Во оваа пригода, на публиката ќе ѝ се обратат директорот на Кинотеката, Бошко Грујоски, м-р виш филмолог Александар Трајковски и м-р виш филмолог Дамјана Патчева, како промотори на изданието. Истиот ден со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан ТЕТОВИРАЊЕ, со што ќе се одбележат 35 години од премиерата на филмот и 80 години од раѓањето на актерот Мето Јовановски. Всушност цел октомври измина во знакот на заштитата на аудиовизуелното наследство со прикажувањето на наслови од македонската кинематографија кои годинава одбележуваат своевиден јубилеј. Светскиот ден на аудиовизуелното наследство (WDAH – World Day for Audiovisual Heritage) е востановен во чест на донесувањето на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21. Генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година. Три и пол децении подоцна, УНЕСКО ја дополни и прошири таа првична препорака со нова и во 2015 година беше усвоена Препораката за зачувување и достапност на документарното наследство, вклучително и она во дигитална форма.Тагови: Кинотека Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДенеска во Собраниетоќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика Сања БожиновскаДенеска во Собранието на македонија ќе се разгледува интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска.Зад оваа интерпелација стои целокупна политика во која државниот енергетски систем се задолжува, приватните монополи профитираат, јавните ресурси се оставаат без заштита, а граѓаните ја плаќаат сметката, стои во соопштениетоТагови: Сања Божиновска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter