МакедонијаБизнисот побара посебни зони во Скопје и железница на Кејот, Ѓорѓиевски вети поддршкаДа се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар .Да се елиминира поделбата на надлежностите која создава големи проблеми, особено во урбанистичката сфера, да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот во Скопје и да се направи железница покрај кејот на Врадар која ќе ја растовари комуникацијата во центарот и ќе го олесни протокот на луѓе, услуги и стоки. Ова се само некои од барањата што Стопанската комора денеска му ги испорача на Орце Ѓорѓиевски кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје, актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода. На работната средба што се одржа во Комората, Ѓорѓиевски им порача на стопанствениците да бидат сигурни дека ќе имаат вистински партнер во него, дека ќе имаат максимална поддршка, како и дека ќе бидат еден од главните двигитали на главниот град. -Секаде каде што има поделба на надлежностите, има проблеми. Надлежностите на градот или општината - една улица на едни, една на други, во реалното функционирање во целина како Скопје, не е најдоброто решение. Можеби е момент да се разлгеда од сите аспекти. Не велиме дека централизацијата е најдоброто решение, но треба да се елиминираат различните надлежности зашто тие создаваат проблем, а најголем проблем од тој аспект има во урбанизмот и сега сме сконцентрирани тоа да го разрешиме, истакна Азески по средбата. Во однос на натамошниот развој на Скопје, напомена дека треба да се воочат оптималните можности. -Ако вака продолжи ширењето на градот, ќе ја донесеме цела Македонија тука, особено во делот на бизнисот. Треба да се искористат природните предности - со најмали средства во најкраток период да се добијат најдобри резултати. Едно такво решение е покрај кејот на Врадар да се направи железница со која ќе се растовари центарот на Скопје, ќе се забрза протокот на луѓе, услуги и стоки. Ќе добиеме чисто место, државно, без имотно-правни проблеми и не многу скапо решение, современо, кое може да се надградува, потенцира претседателот на Комората. Тој се осврна и на подоброто функционирање на зоните, особено на оние во Скопје кои, како што рече, никнаа без посебна подготовка. Азески во овој контекст го посочи Визбегово каде, нагласи, има огромна концентрација на фирми и капитал, но и многу нерешени основни прашања. Тоа, рече, треба да се заштити и да се стави во програмата на новиот градоначаник - да се одвојат посебни локации за развој на бизнисот. -Се е пари, му порачуваме на новиот градоначалник да ги искористи максимално. Свесни сме дека Буџетот на Скопје е помал од буџетите на сите главни градови и затоа сметаме дека треба да се зголемува само за продуктивни инвестиции. Порачуваме и дека во тоа треба да помогне државата. Скопје е расадник на кадри и тука се наоѓаат најголемите потнцијали за развој на државата. Кадрите треба да произлезеат од образовниот систем, а во Скопје се најзначајните школи уницетзритетит и институциикоипрозведуваат кадар, укажа Азески. Ѓорѓиевски изјави дека во изминатите четири години како градоначалник на Кисела Вода покажал што знчаи силен и динамичен економски развој и јакнење на стопанството на локално ниво. -Мој приоритет е да создадеме силно и економски стабилно Скопје кое ќе граби напред, град во кој ќе се утврдат потенцијалите не за две, три или пет, туку за многу повеќе години, и кога јас нема да бидам градоначалник, многу е важно да имаме економска стратегија за развивање на главниот град, силно стопанство и нови, добро платени работни места. Им порачувам на стопанствениците, да бидат сигурни дека ќе иамат вистинскии партенр во мене, дека ќе имаат подадедна рака за поддршка и дека тие ќе бидат еден од главните двигитали на градот, истакна Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски ССКМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКим Кардашијан има пет дадилки за своите четири деца: „Една е секогаш на должност“Ким Кардашијан, 45-годишната основачка на брендот „SKIMS“, во ново интервју откри детали за тоа како го организира животот со четирите деца што ги има со поранешниот сопруг, Канје Вест. Заедно ги имаат ќерките Норт (13) и Чикаго (8) и синовите Сејнт (10) и Псалм (7), при што Кардашијан е нивниот примарен старател. Кардашијан за „Тајмс“ откри дека има помош околу грижата за децата, ангажирајќи пет дадилки кои се менуваат. Таа објасни дека „една е секогаш на должност“, додека „останатите четири се менуваат во смени“. Таа секој ден ги вози на училиште И покрај тоа што има помош, Кардашијан вели дека е активно вклучена во секојдневниот живот на своите деца. Таа лично ги вози на училиште и ги зема оттаму секој ден, а секоја вечер заедно вечераат. „Мислам дека сум умерено строга мајка. Многу сум трпелива и им давам многу љубов. Децата сè уште можат да спијат во мојот кревет кога и да посакаат, а јас им читам секоја вечер пред спиење“, рече таа. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Таа се грижи за јавното експонирање на децата Во интервјуто, таа се осврна и на прашањето за јавното експонирање на нејзините деца – особено на најстарата ќерка, Норт, која е популарна на „TikTok“ и сè повеќе се занимава со музика. Кардашијан призна дека се грижи за учеството на децата во семејното реално шоу „The Kardashians“. „Секое дете учествува онолку колку што се чувствува пријатно. Помалите деца се појавуваат додека снимам, но немаат некои големи улоги во серијата. Норт ужива во тоа малку повеќе од другите, па морам малку да ја ограничувам“, објасни таа. Таа додаде дека Норт е најмногу заинтересирана за проекти кои нудат јавно експонирање, поради што нејзините родители се обидуваат внимателно да ги избираат можностите што таа ги прифаќа, наместо да се согласуваат на сè што ѝ се нуди. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Кога станува збор за музиката, Кардашијан вели дека подобро комуницира со Канје Вест на таа тема. Тие се погрижуваат да бидат усогласени и се осигуруваат дека Норт учествува само во проекти што и двајцата ги одобриле. Извор: Индекс.хрТагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во Франција: Се затвораат до 500 средни училишта, 24 се запалени или вандализираниУчилиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени.Францускиот министер за образование, Жан-Мишел Бланке, денес соопшти дека утре целосно или делумно ќе бидат затворени меѓу 400 и 500 средни училишта во Франција поради последиците од насилните студентски протести, додека најмалку 24 училишни објекти биле запалени или вандализирани. „Наставата беше прекината во меѓу 400 и 500 образовни установи во петокот, а веројатно сличен број ќе бидат затворени и во понеделник, иако со делумно и постепено продолжување на наставата“, изјави Бланке, пренесува весникот „Ле Фигаро“. Францускиот министер наведе дека 78 вработени во образовниот систем се повредени откако започнаа протестите. Според него, училиштата се затвораат кога не се исполнети безбедносните услови – било поради оштетување на имотот или поради тоа што вработените биле директно загрозени. Бланке рече дека одредени припадници на крајната левица се приклучиле на протестите, обвинувајќи ги дека го злоупотребиле студентското движење и прибегнале кон насилство. „Ова претставува ризик и за нашиот персонал и за учениците. Повредени се 78 вработени во образованието – нешто што досега не сме го виделе. Тие беа намерно нападнати бидејќи работат во образованието“, изјави министерот. Протести низ Франција Протестите и блокадите на средните училишта започнаа на 17 септември во регионот на Париз, а потоа се проширија низ целата земја. Ситуацијата, како што забележува францускиот весник, ескалираше во четвртокот во неколку француски градови. Петокот беше одбележан со тензии и повеќе од 1.700 приведени лица, со што вкупниот број на приведени од почетокот на неделата достигна околу 5.000. Организаторите повикаа протестите да продолжат и во вторник, наведувајќи дека не добиле „конкретни мерки“ од властите. Учениците што учествуваат во протестите, меѓу другото, бараат повеќе персонал и зголемени средства за образованието, а истовремено се жалат на притисокот од системот за упис на универзитетите, недостигот на наставници-заменици, лошата состојба на училишните згради и преоптоварените распореди на часовите. Извор: Б92Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПукање во близина на границата меѓу Норвешка и Шведска: Убиени татко и синТатко и син загинаа, а трет маж беше тешко ранет во пукање во близина на Халден, во југоисточна Норвешка. Осомничениот, маж на возраст од околу 30 години, бил совладан од присутните на местото на настанот пред да пристигне полицијата.Жртвите биле маж во седумдесеттите години и неговиот син, кој бил во четириесеттите години. Сите тројца биле дел од ловечка група собрана на имот во близина на езерото Ершеен, недалеку од шведската граница. Напаѓачот совладан пред пристигнувањето на полицијата Според норвешките медиуми, осомничениот не бил дел од ловечката група. По пукањето, луѓето присутни на имотот успеале да го совладаат и да го задржат до доаѓањето на полицијата. Полицијата верува дека тој дејствувал сам и соопшти дека нема опасност за јавноста. Според досегашните информации, во нападот била употребена ловечка пушка. Норвешките медиуми исто така известуваат дека осомничениот поседувал дозвола за две парчиња огнено оружје. Адвокат: Тој ја признал кривичната одговорност Адвокатот на осомничениот, Оле Ричард Холм-Олсен, изјави дека неговиот клиент ја признал кривичната одговорност за двете убиства и за ранувањето на третото лице. Според адвокатот, осомничениот писмено ја признал кривичната одговорност и се согласил на притвор, но во моментов не сака да даде изјава пред полицијата. Мотивот сè уште непознат Полицијата сè уште истражува зошто осомничениот отворил оган и каква поврзаност имал со луѓето на имотот. Истражителите се сомневаат дека тој ја познавал групата или некои од нејзините членови, но според досега објавените информации, тој не бил во роднинска врска со загинатите или со ранетиот маж. По пукањето, полицијата ја пребарала околината и блиските објекти за да провери дали има други напаѓачи или жртви. Не биле пронајдени други жртви ниту дополнителни напаѓачи. Извор: Индекс.хрТагови: пукање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter