Бизнисите на Халкидики гледаат намален број посетители во изминатите два месеци - Канал 5

Бизнисите на Халкидики гледаат намален број посетители во изминатите два месеци

Полоши од очекуваните се финансиски резултати за повеќето бизниси на Халкидики со намалена посетеност и намалена потрошувачка од посетителите, но и намален број грчки туристи.

Бизнисите на Халкидики гледаат намален број посетители во изминатите два месеци

Полоши од очекуваните се финансиски резултати за повеќето бизниси на Халкидики со намалена посетеност и намалена потрошувачка од посетителите, но и намален број грчки туристи, согласно истражувањето што за Комората на Халкидики го спровела агенцијата „Interview“ за периодот јуни и јули годинава, јави дописничката на МИА од Атина.

Во истражувањето во рамките на 20-от Барометар биле вклучени 365 бизниси со различна големина со цел да се евидентираат ставовите и проблемите на локалните бизниси, а резултатите според Комората „воопшто не се охрабрувачки“.

На прашањето „Како се одвива посетеноста оваа сезона во споредба со претходните години“, 63 отсто од бизнисите одговориле дека е намалена, 27 проценти рекле дека е „на исто ниво“, а само 10 отсто забележале зголемување на посетеноста.

Според 41,4 проценти од бизнисите од Халкидики кои учествувале во истражувањето, финансиската состојба на посетителите е главниот фактор за намалениот број туристи, за 29,3 проценти причината се цените во хотелите, угостителските објекти и сл., а за 16 отсто „виновникот“ е политичката/геополитичката нестабилност.

Повеќе од половина анкетирани бизниси (55 отсто) оценуваат дека трошењето по посетител е намалено, 38 проценти навеле дека е приближно исто, додека само седум отсто одговориле дека посетителите трошат повеќе пари од лани.

Речиси седум од десет бизниси што учествувале во истражувањето (69 отсто) рекле дела оваа сезона е намален бројот на грчки посетители на Халкидики, а 26 проценти сметаат дека е на исто ниво како и минатата година.

Претседателот на Комората на Халкидики, Јанис Куфидис за „Етнос“ вели дека оваа година бележат „многу големо зголемување на прометот во супермаркетите и главно во секторот за готова храна, како и во продавниците за брза храна“, а од друга страна, останатите угостителски објекти и продавниците бележат голем пад на прометот.

Дополнително посочува дека хотелите со пет ѕвезди и оние кои нудат all inclusive бележат зголемување, што според него значи дека постојат туристи кои можат да трошат пари, но претпочитаат да ги трошат во хотели, бидејќи Халкидики има проблеми со инфраструктурата, во некои области, има проблеми со снабдувањето со вода и електрична енергија, нема добар интернет и има „планини“ од ѓубре.

- Кога посетителот ќе ги види овие работи, нема повторно да дојде. Во хотелите, сите овие проблеми се решени. Во исто време, треба да се надгради обезбедувањето услуги од бизнисите и да се намалат цените што во одредени случаи се високи. Менталитетот и на бизнисмените и на државниот механизам треба да се промени. Во спротивно, ќе ја изгубиме играта и нема да се вратиме во добрите времиња, истакнува претседателот на Комората од Халкидики.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Во среда (07.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Бојана Михајловиќ.

„Гответе со Дракче“ - Шпагети болоњезе

Состојки за денешниот рецепт:

300 гр. шпагети

250 гр. мелено месо

1 главица кромид

1 ќесичка Болоњезе сос

малку магдонос

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Општина Илинден продолжува со интензивна реализација на инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на патната мрежа и создавање побезбедни услови за сообраќај. 

Општина Илинден започна со реконструкција на улици во Илинден и Мршевци

Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започнаа градежни активности за реконструкција на две улици во населените места Илинден и Мршевци.

Со предвидените активности е опфатена улица „4“ во населеното место Мршевци, во должина од околу 200 метри, како и крак на улица „8“ во населеното место Илинден, во должина од околу 130 метри, при што на улицата „8“ претходно е изведена фекална канализациска мрежа, со што се создадени услови за целосно уредување на патната инфраструктура на оваа локација.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните активности, при што ја истакна важноста на овие инфраструктурни зафати за локалното население. Тој посочи дека реконструкцијата на улиците ќе овозможи поквалитетно и побезбедно одвивање на сообраќајот, подобра пристапност и унапредување на секојдневните услови за живот на жителите.

Општина Илинден останува посветена на континуирано модернизирање на локалната инфраструктура, согласно утврдените приоритети и потребите на граѓаните, при што и во наредниот период ќе продолжат инвестициите во реконструкција и санација на локалните улици и патишта, со цел рамномерен инфраструктурен развој и подобрување на квалитетот на живот во сите населени места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Макеоднскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром денес (14 октомври) со почеток во 18:30 часот ќе го пречека естонскиот состав Тарту во спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на ФИБА Еврокупот. 

МЗТ Скопје брка прва европска победа во 21 век – се подготвува„пекол“за Естонците!

Македонскиот претставник се наоѓа пред историска можност на овој натпревар да стигне до својата прва европска победа во 21 век, поради што управата на клубот најавува уште еден голем кошаркарски спектакл.

Како вистинска увертира за овој значаен предизвик, клубот организира специјална фан-зона на платото пред СЦ „Јане Сандански“, која ќе биде отворена од 17:00 часот. Присутните навивачи ќе имаат можност да се загреваат за натпреварот во опуштена атмосфера, придружувана со одлична музичка програма за која ќе биде задолжен Диџеј Ален, надополнета со богата понуда на храна и пијалаци. Преднатпреварувачката програма нуди забавни содржини за сите генерации, вклучително и специјална програма за најмладите, како и натпревар во слободни фрлања преку кој фановите ќе можат да освојат вредни награди.

Од раководството на клубот апелираат до сите симпатизери по завршувањето на дружењето масовно да се преселат на трибините, потенцирајќи дека нивната силна и континуирана поддршка е клучна за остварување на зацртаната историска цел.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер