Бизнис штафетна трка за најбрза македонска компанија - Канал 5

Бизнис штафетна трка за најбрза македонска компанија

Бизнис штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“. Стартот на трката ќе биде во 10 часот пред хотел „Парк“.

Бизнис штафетна трка за најбрза македонска компанија

Во трката ќе учествуваат компании, организации, институции, здруженија, дипломатски претставништва…, субјекти кои припаѓаат на деловно-општествената заедница, а се регистрирани и вршат дејност во државава.

Трката ќе биде штафета со четири измени, а компаниските тимови треба да бидат во мешан машко-женски состав, за да ја одразат реалната слика на секојдневниот работен амбиент во компаниите. Патеката е долга осум километри, односно секој учесник во својата измена ќе треба да истрча по 2000 метри.

На последното издание на трката најбрз беше тимот на Комерцијална банка, втор беше тимот на „Ендава“, а третото место го освои екипата на „Унибанка“.

Најбрзите три тимови на Business Run 2022 ќе бидат наградени со златна, сребрена и бронзена штафета, а ќе бидат наградени и двајцата најбрзи поединци во машка и женска конкуренција, тие кои истрчале најбрз круг.

Целта на оваа трка е заедничко спортско, рекреативно и деловно дружење меѓу компаниите и јакнење на тимскиот дух меѓу вработените, информираат од Здружението „Прв до врв“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Македонскиот КИЦ и Кинотека втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит ја посветија на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Втората вечер од патувачкиот фестивал на македонски филм во Сплит посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова

Во рамките на второто издание на патувачкиот Фестивал на македонски филм, синоќа во Сплит се одржа втората вечер на Фестивалот посветена на етнолошките филмови на Вера Кличкова. Беа прикажани филмовите – „Мариовска свадба", „Велигденски обичаи" и „Русалиски обичаи во Гевгелија".

Краток вовед во филмовите дадоа вишиот филмолог Дамјана Ивановска Патчева и филмскиот техничар и продуцент Тихомир Кашмицовски од Кинотека на Македонија, приближувајќи ѝ ја на публиката важноста на зачувувањето на етнолошкиот филм како дел од филмското наследство.

Денес Фестивалот продолжува со Трибина насловена „Дијалог на кадри – улогата на Кинотеката на Македонија во заштитата на филмското наследство и меѓународната промоција на македонската кинематографија" во просториите на Македонското културно друштво „Македонија" Сплит, која се одржува во рамките на манифестацијата „Денови на македонскиот филм". Вечерта продолжува со проекцијата „Македонски оскаровци" при што ќе бидат прикажани филмовите „Дае" („Мајка") на режисерот Столе Попов и „Медена земја" на Тамара Котевска во кинотеката на Центарот за култура „Златна врата".

Македонскиот КИЦ во Загреб и оваа година патувачкиот Фестивал на македонски филм го организира во партнерство со Кинотеката на Македонија и хрватската мрежа на независни киноприкажувачи, како дел од сопствената годишна програма поддржана од Министерството за култура и туризам. Фестивалското издание во Сплит се одржува во соработка со Македонското културно друштво „Македонија" Сплит и Центарот за култура „Златна врата".

Во текот на месеците септември и октомври, во знак на одбележување на 35 години независност, Фестивалот на македонски филм продолжува во 11 градови низ Хрватска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници евдај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот.

СДСМ: Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин вион а да нема пари за 600 евра минимална плата

Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот.

Синдикална кошничка е 70.000 денари, месечните трошоците со кирија или станбен кредит надминуваат 90.000 денари.

Сегашната минимална плата покрива само 31% од основните месечни трошоци на едно семејство а речиси цела минимална плата, околу 25.000 денари, е потребна само за храна и безалкохолни пијалаци.

Кога на тоа ќе се додадат околу 7.000 денари за училишен прибор, 5.000 денари за превоз, 6.000 денари за облека и дополнителните трошоци за здравство, јасно е дека работничките семејства не можат да врзат крај со крај.

Затоа СДСМ по третпат го поднесе Предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра, односно 36.960 денари.

600 евра е минимум потребна плата за македонските работници да можат да живеат од сопствениот труд.

Пари има, но власта ги троши за погрешни работи.

Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има 100 милиони евра за владин авион, мебел, службени автомобили и привилегии за функционерите, а да нема пари за работниците.

Власта нека скрати од сопствениот луксуз и нека ги насочи парите кон зголемување на платите и заштита на животниот стандард.

Минималната плата од 600 евра затоа што работниците заслужуваат достоинствен живот, а не секојдневна борба за преживување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќа

Тажната вест ја утрово ја потврди Фудбалскиот клуб Тетекс од Тетово.

Фудбалерот Даниел Николовски загина во сообраќајна несреќа

„Во раните утрински часови, во сообраќајна несреќа, животот го загуби нашиот Даниел Николковски.

Со голема жал и длабока болка ја споделуваме веста дека на 12.09.2026 година го загубивме нашиот Даниел.

Даниел беше дел од младинските категории на ФК Тетекс, а својата љубов кон клубот ја продолжи и како дел од сениорскиот тим.

Ќе остане запаметен како дел од нашето Тетексово семејство и засекогаш ќе биде дел од историјата на нашиот клуб.

На неговото семејство, најблиските и сите кои го познаваа, ФК Тетекс им упатува најдлабоко сочувство.

Почивај во мир, Даниел. 🕊️

Летај високо, ангелу.“- стои во објавата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер