Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)
2Во секавична акција е уапсен маж, кој се обидел да продава ураниум-238, што се користи за нуклеарна бомба (ВИДЕО)
МакедонијаБизнис секторот со предлози за ублажување на ценовниот шокБараме решителна реакција, сега и веднаш. По зголемувањето на цените на храната и горивата во изминатите два дена и најавите на Владата и опозицијата за нови антикризни мерки, вчера со предлог мерки излезе и бизнис секторот. За полесно да се пребродат ценовните шокови, од Сојузот на стопански комори бараат активирање на државните резерви, зголемување на домашното производство и елиминирање на непотребните бирократски процедури за инсталирање на обновливи извори на енергија. -Бараме решителна реакција, сега и веднаш. Има најави, но бараме дела. Ако сакаме да се заштитиме од ценовни шокови, треба да одиме во еден правец – домашно производство и на енергенси и на прехранбени производи. На тој начин, шоковите би биле помали и ситуацијата би се држела некако под контрола. Производството може да се зголеми, можеби не драстично, но секојдневно секако да, изјави претседателот на ССК Трајан Ангелоски. Од ССК сметаат дека компаниите можат добар дел од енергетските потреби сами да ги задоволат, а неопходното да го купат. – Нема потреба да имаме толку сложени процедури, да губиме време по општини за градежни дозволи или по институции за вадење документи. Чекаме по 60 – 90 дена. Според неофицијални информации, само во една од скопските општини има 30 – 40 предмети за обновливи извори. Денес не е проблем да се обезбеди опремата, но на обезбедена опрема и можност таа да се монтира, ние сме закочени во административните процедури, рече Ангелоски. Ценовниот шок, според ССК, е резултат на непродолжувањето на антикризните мерки поврзани со ДДВ-то и маржите. Очекувањата на ССК, како што изјави Ангелоски, биле постепено да се нивелираат даночните ослободувања. Од Владата најавија нови антикризни мерки во најкус можен рок по донесувањето на ребалансот на Буџетот. Мерките, како што појаснија, ќе бидат потаргетирани и во согласност со последните препораки на меѓународните финансиски институции. Од Министерството за финансии вчера информираа дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за субвенции за земјоделците. – Грижата за граѓаните и економијата ќе продолжи, додека исто така ќе продолжи определбата за водење прудентна фискална политика, која е во насока на намалување на буџетскиот дефицит на среден рок, наведоа од Министерството за финансии. Оттаму појаснија дека со ребалансот, и покрај одреденото проширување на дефицитот, тој сепак е под нивото во 2021 година и значително под нивото од кризата 2020 година. И премиерот Димитар Ковачевски на гостувањето на телевизија Канал 5 потврди дека мерките ќе бидат насочени кон оние на кои им се најпотребни. Порача дека ќе бидат навремено подготвени и презентирани со цел да се заштити животниот стандард на граѓаните. Откри дека ќе бидат дизајнирани така што дел ќе бидат продолжени до крајот на годината, а дел ќе бидат редизајнирани. – Ние ги следиме трошењата, ги следиме движењата на цените во текот на сите периоди во годината, бидејќи едни се ценовните притисоци во текот на зимските месеци, а други во текот на пролетните, летните, есенските месеци. Така што, согласно движењата и побарувачката, мерките ќе бидат како и досега навремено подготвени и презентирани со цел да го заштитиме животниот стандард на граѓаните. Меѓутоа, повторувам, тие сега ќе бидат потаргетирани и ќе можеме да ги насочиме кон оние кои што најмногу им се потребни, истакна Ковачевски. Од друга страна, опозицијата бара итна собраниска седница на која ќе се разгледа нивниот предлог за намалување на ДДВ-то за горива од 18 на 5 проценти и преполовување на акцизата, како и нула ДДВ за основните прехранбени производи до крајот на годината. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера соопшти дека поднеле барање за итна седница до претседателот на Собранието. -Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро зашто секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за горивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат, доведени се до ситуација да очекуваат некој нешто да преземе, бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави можат да преживеат едвај една недела, а не цел месец, изјави Мицевски. Антикризните мерки што Владата ги воведе на почетокот на март за ублажување на последиците од кризата престанаа да важат на 1 јуни по што се зголемија цените на основните прехранбени производи и на горивата. Со поскапувањата во изминатите два дена, цената на горивата сега се движи околу 100 денари за литар. Поради растот на цените на храната и горивата и нереализирањето на барањето за зголемување на платите за 2.806 денари, Сојузот на синдикати на Македонија најавува генерален штрајк за што одлука денеска ќе се носи на седници на Претседателството и Советот како највисоки тела на синдикатот. Претставници на ССМ вчера се сретнаа со економскиот тим на Владата, но средбата заврши без договор. – Бараме итно зголемување на платите. Ценовните шокови и двоцифрената инфлација ни даваат право да бараме усогласување на платите веднаш, бидејќи веќе не се издржува, изјави претседателот на ССМ Дарко Димовски по средбата. Од Владата најавија дека социјалниот дијалог продолжува и оти остануваат на ставот за усогласување на платите, но дека во тој процес не смее да се заборави на моменталната ситуација, солидарноста и ефективноста на јавната администрација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаНовата технологија ги реконструира сликите директно од мозокот- следно е снимање на соништатаТим научници од израелскиот институт за наука Вајцман создаде алгоритам за вештачка интелигенција кој може да реконструира слика од она што го гледа една личност по само еден час скенирање на мозокот. Новата технологија драстично го намалува времето на обработка од претходните 40 часа на само 60 минути, отворајќи го патот за масовна употреба на овој систем, објави МИТ. Додека истражувачите најавуваат дека наскоро ќе снимаат човечки соништа, водечките светски експерти предупредуваат на опасноста од кражба на тајни мисли. Раководителот на истражувањето, Михал Ирани, објасни дека нивниот систем користи специјални модели кои одделно ја анализираат структурата и содржината на сликата. Алгоритмот учи со претпоставки за мозочната активност и споредувајќи ги со реални снимки. Благодарение на ова, машината успешно препознава предмети што лицето никогаш порано не ги видело во скенерот. Сепак, компјутерот сè уште прави необични грешки за време на обработката на податоците. Во еден тест, алгоритмот реконструираше слика од колач од тесто како три наредени сендвичи. Во втор обид, куче во када беше заменето со коза под туш. Иако овие грешки може да изгледаат симпатично, продолжувањето на проектот претставува сериозни ризици за човековата приватност. Научниците веќе работат на замена на скапите магнетни резонанци со едноставни ЕЕГ слушалки со електроди. Ова значи дека во блиска иднина, некој би можел да ги чита вашите мисли без да забележите додека носите обични слушалки. Невробиологот Томи Спрег од Универзитетот во Калифорнија, Беркли, вели дека цената од 1.000 долари на час за скенирање досега ги заштитила луѓето од злоупотреба. Преминот кон евтини, достапни уреди фундаментално ги менува работите. Според него, научнофантастичното сценарио каде некој тајно ви ја боцка главата би можело да стане реалност во секој момент. Невронаучникот Марчело Јенка од Техничкиот универзитет во Минхен има слично предупредување. Тој тврди дека приватните компании би можеле да ги користат овие податоци за да извлечат лични информации за корисниците без нивна согласност. Јенка забележува дека дури и судовите во иднина би можеле да бараат ментални слики од осомничените како доказ. И покрај сите закани, оваа технологија нуди голема надеж за целосно парализирани луѓе кои не можат да зборуваат. Со помош на читачи на мозочни бранови, пациентите конечно би имале можност да комуницираат со околината. Авторката на проектот, Михал Ирани, вели дека е свесна за ризиците, но продолжува да работи фокусирана на добрите страни на нејзиниот изум.Тагови: мозокот соништа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРазговараа Ердоган и Путин: Важно е да се обезбеди сигурна пловидба по Црното Море Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека напорите за обезбедување безбедна пловидба во Црното Море се важни, соопшти турското претседателство.Ердоган ја повтори понудата на Турција да помогне во посредувањето и олеснувањето на директните разговори меѓу Русија и Украина, објави Ројтерс. Турција, членка на НАТО која одржува добри односи и со Москва и со Киев од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, постојано ги повикува двете страни да ги запрат нападите во Црното Море, соопшти агенцијата. Анкара соопшти дека чека одговор на предлогот што им го доставила на Русија и Украина, а чија цел е запирање на нападите и обезбедување безбеден транспорт на жито од регионот.Тагови: Владимир Путин Ердоган Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
АвтомобилизамЕУ подготвува ограничувања за кинеските хибридни возила Европската Унија подготвува заштитни мерки за ограничување на увозот на кинески хибридни возила на европскиот пазар со цел да го намали трговскиот дефицит со Кина и да ја заштити својата автомобилска индустрија.Европската комисија, која се занимава со трговски прашања во име на Европската Унија, би можела да воведе ограничувања по наглото зголемување на продажбата на хибридни возила, произведени во Кина во Европа, дознава Блумберг од анонимни извори запознаени со ситуацијата. Заштитните мерки ѝ дозволуваат на ЕУ да го ограничи увозот на производи од одреден сектор доколку има нагло зголемување на увозот. Комисијата би можела да го направи ова преку тарифни квоти, кои наметнуваат дополнителни даноци за увоз над одреден обем. Предложеното ограничување би било временски ограничено, забележаа изворите. Комисијата планира да ги користи хибридите како тест, кој, доколку биде успешен, би можел да се примени и во други сектори во кои Европската Унија има трговски дисбаланс. Веста предизвика раст на акциите на европските производители на автомобили. Акциите на Фолксваген денес пораснаа за 4,6 проценти, на Рено за 6,1 процент, а на Мерцедес-Бенц за 2 проценти. Комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчовиќ, ќе отпатува во Пекинг подоцна оваа недела, а негов клучен соговорник ќе биде кинескиот министер за трговија, Ванг Вентао. Плановите на Европската Унија би можеле да се променат во зависност од исходот од тие разговори, велат извори.Тагови: хибридни возила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter