МакедонијаБизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напредНа 15 октомври, трет пат по ред, Македонската филхармонија го отвора своето свечено катче за Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - најпрестижниот бизнис настан во земјата, со над 500 гости од врвот на македонската економијаПостојат компании кои работат и компании кои водат. Разликата не е секогаш видлива на прв поглед. Затоа веќе 14 години Бонитетната агенција Таргет Груп во Македонија го прави она што малку кој може: со независна методологија базирана на над 25 финансиски индикатори, ги издвојува компаниите кои навистина водат. Деветта година по ред. Топ 2% по бонитетна успешност. Топ 100 и Топ 500 по приходи, добивка и број на вработени. Топ 20 во дејноста. Не самопрогласени титули - верифицирани рангирања кои пазарот ги препознава и почитува. Оваа есен, сите тие компании се среќаваат на едно место. На 15 октомври, трет пат по ред, Македонската филхармонија го отвора своето свечено катче за Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - најпрестижниот бизнис настан во земјата, со над 500 гости од врвот на македонската економија. Настан кој за три години прерасна во задолжителен календарски датум за секој сериозен бизнис во Македонија. Уште од самиот почеток, Халк Банка стои до овој настан како генерален покровител три години по ред, доследно и без исклучок. Тоа не е случајност, туку јасен израз на нивната посветеност кон афирмацијата на македонскиот бизнис и поддршката на компаниите кои создаваат вредност. На сцената таа вечер ќе бидат доделени признанија за најбрзорастечки компании, жени лидери, компании со највисока бонитетна оцена, лидери во дејности, компанија на годината, меѓу многу други категории. Компаниите кои ќе го активираат својот сертификат за бонитетна успешност, Топ 100/500 или Топ 20 во дејноста - не само што го потврдуваат своето место во елитата на македонската економија, туку добиваат и влезница за настанот, дигитален беџ со верификација, право да го носат знакот „Бизнис Лидер" и медиумска видливост на пазарот. Бизнис Лидер Conference & Awards не е само свеченост. Тоа е платформа која ги поврзува сегашните и идните двигатели на македонската економија, луѓето и компаниите што создаваат можности, отвораат пазари и градат иднина. Повеќе за сертификатите и рангирањата погледнете на следниот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотПомалку часовник, повеќе уметничко дело: Глечерите на Алјаска во вашите раце (ФОТО)Францускиот луксузен бренд „Louis Vuitton“ претстави уникатен џебен часовник инспириран од глечерот Марџери во Алјаска.Часовникот е направен како уникатно уметничко дело и нема да биде достапен за продажба. Наменет е исклучиво за одбрани колекционери кои нарачуваат вакви модели директно од производителот. Дизајнот е инспириран од ледените пејзажи и дивиот свет на Националниот парк „Glacier Bay“. Бројчаникот содржи подвижни елементи во форма на пингвини, орки и китови, заедно со препознатливите куфери „Louis Vuitton“ кои дополнително го нагласуваат уметничкиот карактер на часовникот. Компанијата нагласува дека ова е сосема уникатен примерок, направен само во еден примерок, поради што е повеќе колекционерско уметничко дело отколку класичен луксузен часовник. Извор:Б92Тагови: часовник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусите потврдуваат: Имаме застрашувачко оружјеНајмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти.Нападите извршени од руските сили на 11 јули со оружје со долг дострел и висока прецизност врз воено-индустриските објекти во Киев ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели во Украина, соопшти руското Министерство за одбрана. „Денешните успешни напади врз два објекти од воено-индустрискиот комплекс во Киев и инфраструктурата на морските пристаништа Одеса, Чорноморск и Измаил во регионот Одеса ја потврдија способноста на руските вооружени сили сигурно да погодат какви било цели низ цела Украина“, се вели во соопштението, според ТАСС. Се вели дека анализата на употребата на оружје со висока прецизност од страна на руските вооружени сили ја потврдила способноста сигурно да ги пробијат системите за воздушна и ракетна одбрана „што му ги обезбедиле на Зеленски неговите западни спонзори“. „Групни напади со прецизно оружје се извршуваат со висока ефикасност против украинските пристанишни објекти, како и разни бродови што испорачуваат оружје и воена опрема на режимот на Зеленски“, нагласи министерството. Најмалку 11 лица, вклучувајќи и едно дете, беа повредени во ракетен напад врз Киев во текот на ноќта, соопштија украинските власти претходно денес. Според началникот на Воената администрација на градот Киев, Тимур Ткаченко, и градските власти, пријавени се штети во неколку делови од градот.Тагови: оружје русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
МакедонијаПожар во сендвичара во Центар (ВИДЕО)Пожар избувнал вечерва во сендвичарата Бејкинг Бред во центарот на Скопје.На местото на настанот интервенирале екипите на противпожарната бригада и МВР. Се уште не е познато како настанал пожарот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Николоски: Два милиони патници на македонските аеродроми за првите 6 месеци, најголем раст во регионо11:38