Бизарните навики на семејството Трамп

Вработените зборуваа за списанието „Вашингтонијан“ за протоколот и за тоа што има на менито на семејството Трамп кога ќе дојдат во својот хотел во Вашингтон.

Поранешното претседателско семејство Трамп имало исклучително необични навики и барања за вработените во нивниот хотел, кои добивале упатства „чекор по чекор“ што да прават кога некој моќен пар ќе им дојде на вечера.

Вработените зборуваа за списанието „Вашингтонијан“ за протоколот и за тоа што има на менито на семејството Трамп кога ќе дојдат во својот хотел во Вашингтон.

Додека биле во главниот град, Трамп ретко излегувал, а кога го правел тоа најчесто одел во својот хотел, оддалечен на блока од Белата куќа.

Документот „Стандардна оперативна постапка“, објавен од споменатиот магазин, детално опишува, чекор по чекор, што требало да се направи кога поранешниот претседател ќе дошол да вечера во неговиот хотел.

Барањата биле следни:

- Кога ќе седне, тој прво би ги дезинфицирал рацете, дури и пред појавата на коронавирусот. Познато е дека тој има гермафобија, патолошки страв од бацили.

- Потоа тој што го послужува треба да го поздрави и да го праша дали сака диетална кока-кола со мраз или без мраз.

- Упатствата за ставање на сокот содржеле 7 чекори и биле илустрирани со 4 фотографии.

- Пијалокот морало да се отвори пред негови очи, никако претходно.

-Келнерот би требало во едната рака да го држи отворачот за шишиња при крајот на рачката, односно во долната третина, а диеталната кока-кола во другата, исто така во долната третина.

- Пијалокот се служел од неговата десна страна: „И тоа се повторува додека претседателот не замине“.

- Менито секогаш ги имало истите јадења: коктел од шкампи, добро печен бифтек, помфрит и понекогаш пита со јаболка или чоколадна торта за десерт.

-Две порции од тестенина, слична на нашата проја, требало да се сервира во рок од 2 минути, а шкампите веднаш, без да се чека.

-Келнерот требало да отвори мало стаклено шише со кечап пред него, внимавајќи Трамп да го слушне звукот на капачето.

- Покрај тоа, послужавник со нездрава храна требало да биде подготвен при секоја негова посета и да содржи чипс со вкус на павлака и кромид, четири вида чоколади, гумени бонбони, бисквити, суво грозје прекриено со чоколадо.

И Меланија имала свои необични побарувања, како на пример, храната да не се украсува. Во една прилика, таа го вратила јадењето затоа што имало магдонос и власец.

Нему не му се случило да ја врати храната, но еднаш, кога добил помал бифтек од лицето со кое вечерал, се пожалил. Ресторанот тогаш за претседателот нарачал посебно големи шкампи и шницла со големина од 100 сантиметри.

Тој беше зависник од кока-кола, пиел по неколку чаши на ден. Имаше дури и специјално копче на својата работна маса во „овалната канцеларија“ кое го притискал за да добие повеќе сок.

Нивното семејство и пријателите престојувале во хотелот кога биле во градот. Лобистите пиеле во барот, републиканците одржувале вечери за собирање средства во салите за танцување, а новинарите се состанувале со соговорниците со скапи пијалоци.

Персоналот бил подготвен за секое важно име кое би се нашло таму.

Најозлогласен гостин бил приватниот адвокат на Трамп Руди Џулијани, кој деновите ги поминал на долното ниво на ресторанот. Бидејќи тој работел таму повеќе отколку што јадел, вработените му направија плочка со натпис „Приватна канцеларија на Рудолф В. Џулијани“ и ја ставаа кога тој беше таму.

За разлика од нив, децата на Трамп биле повлечени и пристојни.

Извор: blc.rs

Столе Попов добитник на годинашниот „Златен објектив“

Столе Попов, режисер, сценарист, продуцент и автор, е добитник на годинашниот „Златен објектив“, традиционално признание што го доделува Кинотеката на Македонија по повод нејзиниот роденден.

Попов, како што наведува Кинотека, ја задолжи националната кинематографија не само со својот наградуван филмски опус, туку и со својот педагошки и менаџерски ангажман на полето на филмската уметност и филмското образование.

Столе Попов е роден 1950 година во Скопје, а во 1973 година дипломира на Академијата за театар, филм и телевизија во Белград. Снима уште како студент, а со првите документарни филмови како филмски професионалец – ОГАН (1974) и АВСТРАЛИЈА, АВСТРАЛИЈА (1977), тој веќе се етаблира како талентиран филмски творец со препознатлив стилски и естетски сензибилитет. Од 1978 година, се вработува во „Вардар филм“ – и веќе следната, 1979 година, со ДАЕ, документарецот за ромското население во Скопје – станува прв македонски автор кој е номиниран за престижниот американски „Оскар“, тогаш како претставник не само на македонскта, туку и на југословенската кинематографија во тоа време. Потоа, снима бројни рекламни филмови – за Алкалоид, ГП Маврово и ХЕК Југохром, а првиот негов игран филм – ЦРВЕНИОТ КОЊ, го реализира во 1981 година. По тоа следуваат долгометражните филмови СРЕЌНА НОВА ‘49 (1986), ТЕТОВИРАЊЕ (1991), ЏИПСКИ МЕЏИК (1997) и ДО БАЛЧАК (2014), поголем број негови менторски и продуцентски проекти, како и неговиот професорски ангажман на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Член е на Европската филмска академија, а еден период беше и директор на државната продуцентска куќа „Вардар филм“ во тоа време.

Во 2011 година неговите филмови (три документарни и четири играни дела) беа дигитално реставрирани и објавени во форма на ДВД-издание – што воедно беше и првиот проект за дигитална реставрација реализиран од страна на Кинотеката.

Речиси сите негови филмови – и документарните и играните – се наградувани на бројни регионални и на светски фестивали, а некои од нив – како на пример ТЕТОВИРАЊЕ и СРЕЌНА НОВА ’49 – се здобиваат и со култуен статус кај различни генерации од тогашната домашна македонска и југословенска публика, и тој статус само се зголемува и продлабочува со минувањето на времето...! Тоа е и еден од најголемите и вистински показатели за неговата авторска оригиналност и специфична филмска естетика и квалитет – заедно со неговата филмска оставштина и залог помеѓу поновите генерации на филмски автори и промислувачи на филмот кои дошле и доаѓаат по него – поттикнати, окуражени и инспирирани од неговиот длабок естетски и специфичен филмски опус, и од неговиот високо значаен стилски авторски белег кој тој го остава во македонската кинематографија...

По повод Денот на Кинотеката, 29 Април, сите кинотечни печатени и електронски изданија досега (значајниот број издадени книги од областите на кинотечната и филмска наука, историја и уметност, сите изданија на кинотечното списание КИНОПИС и сите ДВД-изданија на Кинотеката) ќе се продаваат со „роденденски“ попуст од 50 отсто во просториите на Кинотеката.

Кинотеката го одбележува својот роденден на датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката - 29 април 1974 година. Иако Кинотеката формално почнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога ги добива своите први канцеларии и депо и почнува да собира архивски материјали, формирајќи ги првите аудиовизуелни збирки и организирајќи ги првите кинотечни филмски проекции, сепак го одбележува како свој роденден 29 април. Последните две децении, по тој повод и околу тој датум, Кинотеката го објавува годишните добитници на сега веќе традиционалното признание „Златен објектив“, кое им се доделува на филмски автори и работници кои преку својот професионален ангажман придонеле во создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Досегашни добитници на ова признание, досега биле режисерите Бранко Гапо, Трајче Попов и Кирил Ценевски, актерот и режисер Коле Ангелов, аниматорите Дарко Марковиќ и Тонкица Митровска, монтажерите Димитар Грбевски, Олга Луковска-Дончиќ и Спасе Тасевски, директорите на фотографија Драган Салковски, Љубе Петковски и Благоја Дрнков, продуцентот Панта Мижимаков, филсмките критичари Илинденка Петрушева и Благоја Куновски Доре, композиторот Љупчо Константинов, костимографите Елена Дончева и Зорица Тодорова-Младеновиќ, тон-мајсторот Глигор Паковски, сликарот Коле Манев и филмскиот работник Коста Крпач.

Свеченото доделување на „Златниот објектив“ на Столе Попов ќе се одржи кон крајот на мај оваа година, во просториите на Кинотеката на Македонија.

МТСП: Неработни денови

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува .

Министерството за труд и социјална политика, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07) соопштува дека:

1 мај 2024 година (среда), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

03 мај 2024 година (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Македонија.

06 мај 2024 година (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им ги честита престојните празници.

Министерство за труд и социјална политика

Италијанскиот новинарски синдикат повика на штрајк на јавниот радиодифузен сервис Раи

Новинарскиот синдикат УСИГраи (USIGrai) повика на 24-часовен штрајк во италијанската јавна телевизија Раи на 6 и 7 мај, главно во знак на протест против мешањето на десничарската влада на премиерката Џорџа Мелони, јави ДПА.

Тие ја обвинија Мелони дека сака да го претвори радиодифузерот во „говорник на владата“.

Заднината на ова е откажување во последен момент на поканата на писателот Антонио Скурати, кој сакаше да прочита текст на денот на ослободувањето на Италија од германската окупација и фашизам на 25 април.

За време на настапот, тој сакаше да ја критикува партијата на Мелони за нејзиното постфашистичко потекло. Текстот на крајот беше прочитан од новинар на Раи.

Мелони е на чело на десничарската трипартиска коалиција од октомври 2022 година. Нејзината сопствена партија „Браќата на Италија“ потекнува од постфашистичкиот политички спектар. Поранешниот диктатор Бенито Мусолини (1883-1945) сè уште е почитуван од истакнати членови на партијата до ден-денес, наведува ДПА.

притисни ентер