Бизарна снимка на легендарниот фудбалер и неговата ќерка, луѓето велат погнасно нешто не виделе

Легендата на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, деновиве се најде во центарот на вниманието бидејќи е главен актер на прилично бизарно видео кое кружи по социјалните мрежи.

Видеото го споделила неговата ќерка Алисија на својот Инстаграм профил, на него се гледа како Сколс ѝ ги гризе ноктите на нозете.

20-годишната девојка го коментираше видеото со два збора: „Вистинска љубов“, но очигледно нејзината перспектива се разликува од онаа на повеќето корисници на Интернет.

Имено, Британците го окарактеризираа ова видео како „одвратно“, а бурните реакции на јавноста не престануваат.

„Јас сум медицинска сестра и во животот сум видела многу гнасни работи, измет, повраќање... но Боже мој, нема ништо погрозно од ова“, „Микросекунда од овој клип е доволна да повратам“. „Никогаш нема да ја заборавам оваа одвратна глетка","Ова е една од најчудните работи што сум ги видел","Ова едноставно не е нормално", „Ако ова е објавено во јавност, што ли само се случува кога ќе се исклучат камерите“, се дел од илјадниците коментари на порталите и социјалните мрежи.

Прославениот фудбалер е во брак со Клер Фрогат од 1999 година, и двојката има три деца - споменатата ќерка Алисија и синовите Арон и Ејден.

Видео-Фото: Ибра како вистински борец

Еден од најдобрите светски фудбалери во последните две децении, асот на Милан Златан Ибрахимовиќ покажа дека и со 40 години е вистински „ѕвер“.

Популарниот Ибра покажа дека со право не само што е мајстор со фудбалската топка дека е мајстор и во боречките вештини.

Шведскиот фудбалер со потекло од Балканот покажа и докажа зошто е носител и на црн појас.

Ибра како вистински ММА борец ја растури боксерската вреќа.

За Златан дефинитивно годините се само бројка.

Заради промоција на спортот, Златан има почесен црн појас во теквондо, кој во 2010 година му го додели олимпискиот шампион Мауро Сармиенто. Повеќе од десет години подоцна, Ибрахимовиќ се уште удира многу силно.

Најпродаваните автомобили во Европа

Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Нарушувањата во производството на нови автомобили поради недостаток на чипови се веќе познати и поради тоа фаворитите во продажба од месец во месец изгледаат поинаку. Со години првото место беше резервирано за „Volkswagen Golf“, а во октомври не е ниту меѓу првите десет во Европа, според „JATO Dynamics“.

Првото место сега го има одличниот мал „SUV Peugeot 2008“ (18.109 продадени примероци), втор е „Renault Clio“ (14.639), потоа „Dacia Sandero“ (14.034), „Peugeot 208“ (13.978), на петтото место е „Ford Focus“. (12.704)…

Голфот испадна од првите десет - продадени се нешто повеќе од 11.000 возила. Поради недостиг на чипови, фабриката на Фолксваген во Волфсбург, Германија, работи на ниво кое не е забележано од 1958 година, пишува магазинот ХАК.

Санкционирани 78 возачи на автопат Велес – Скопје – Куманово

 На автопатот Велес – Скопје – Куманово при зајакната акциска контрола денеска се санкционирани 78 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР посочуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел заеднички придонес за побезбедни патишта.

притисни ентер