Бизарен обид за самоубиство во Франција предизвикал експлозија во која се повредени седум лица - Канал 5

Бизарен обид за самоубиство во Франција предизвикал експлозија во која се повредени седум лица

Во експлозија што се случила утрово во зграда во градот Вје во департманот Ванде во западна Франција повредени се седум лица, од кои едно потешко, изјави заменик-префектот на градот Ла Рош, Сер Жон Николас Рени, за француските медиуми.

Бизарен обид за самоубиство во Франција предизвикал експлозија во која се повредени седум лица

„Се чини дека обид за самоубиство со гас ја предизвикал експлозијата во оваа зграда, но тоа ќе треба да се утврди за време на истрагата. Има седум повредени лица, од кои едно е тешко повредено, веројатно оној што ја предизвикал експлозијата, додека другите шестмина имаат полесни повреди“, рече Рени, според весникот Фигаро.

Инцидентот се случил во стара зграда, поранешна касарна на жандармеријата претворена во социјални станови, со прилично високи, распаѓачки ѕидови.

Околу шеесет пожарникари се уште се на местото на настанот и се обидуваат да го стават пожарот под контрола што следел по експлозијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан

     Од 9-ти до 16-ти август, во Ташкент, Узбекистан, се одржува 38-мата по ред Интернационалната олимпијада по информатика (ИОИ 2026), најпрестижниот светски натпревар за средношколци во областа на алгоритамското програмирање.

Еден сребрен и две бронзени медали за Македонија на Интернационалната олимпијада по информатика во Ташкент, Узбекистан

Овогодишното издание е прво одржување на ИОИ во Узбекистан, а Македонија повторно се претстави со извонредни резултати на највисокото светско ниво. Македонскиот тим го сочинуваат натпреварувачите Дамјан Давков од Штип, Владимир Грчев од Кочани, Никола Стојковски од Скопје и Виктор Максимоски од Гостивар, предводени од тим лидерите д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Во исклучително силна меѓународна конкуренција, Дамјан Давков, освои сребрен медал, додека Владимир Грчев и Никола Стојковски освоија бронзени медали. Виктор Максимоски, пак, освои олимписка пофалба.

Учениците кои се дел од македонскиот тим за ИОИ 2026 беа избрани преку целогодишен циклус натпревари, којшто редовно се организира од Здружението на информатичарите на Македонија (ЗИМ), а оваа година се одржуваше по 37-ми пат. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи. И годинава, циклусот натпревари беше организиран со поддршка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), како и неколку општествено одговорни компании: Сорсикс, Нетцетера и Семос едукација.

Посебно значење има успехот на Дамјан Давков, ученик од Математичко-информатичката гимназија, за кого ова е трет последователен сребрен медал на олимпијада, а во првото од неговите 4 учества освои бронзен медал. Со новиот успех, Давков се издвојува како најуспешниот македонски учесник во историјата на ИОИ, со вкупно четири медали од ова престижно натпреварување.

За Владимир Грчев од училиштето Јахја Кемал и Никола Стојковски од Математичко информатичката гимназија ова е прво учество на ИОИ, што нивниот успех го прави особено значаен. Уште при дебито, двајцата успеаја да освојат бронзени медали, а нивниот резултат е силна потврда дека Македонија има нова генерација талентирани млади информатичари способни за врвни меѓународни остварувања.

Според изјавата на проф. Јованов: Со овогодишните три медали, од првото учество во 1996 година до сега, Македонија има освоено вкупно 7 сребрени, 26 бронзени медали и 5 олимписки пофалници на ИОИ. Овој биланс претставува исклучително значаен резултат за земја со помалку од два милиони жители и е потврда за континуитетот, квалитетот и нашата посветеност во развојот на младите таленти во информатиката. Особено е значајно што повеќето од одличјата се освоени во последните петнаесет години, а веќе две години по ред сите четири членови од македонскиот тим се враќаат со одличје.

Интернационалната олимпијада по информатика е водечки светски натпревар во областа на алгоритамско програмирање, наменет за средношколци, кој секоја година се организира во различна земја-членка на ИОИ заедницата. Станува збор за најпрестижниот настан од ваков вид, на кој учествуваат внимателно селектирани млади таленти од целиот свет. Според официјалните правила на ИОИ, натпреварувачите настапуваат индивидуално во дводневен натпревар, при што секој натпреварувач решава по три алгоритамски задачи во времетраење од пет часа во секој од натпреварувачките денови. Натпреварот ги проверува и унапредува вештините за анализа на проблеми, дизајн на алгоритми и податочни структури, програмирање, тестирање и оптимизација на решенијата.

Овогодинешата олимпијада е историска и по обемот на учеството од вкупно 375 натпреварувачи од 92 земји, што ја прави најмасовната ИОИ во историјата, почнувајќи од првата олимпијада одржана во Бугарија во 1989 година. Оваа бројност дополнително ја нагласува тежината на постигнатите резултати на македонскиот тим. Годинава, најуспешен натпреварувач беше претставникот на Кина, Чивун Шу.

Следната, 39-та по ред, Интернационална олимпијада по информатика (ИОИ 2027), ќе се одржи идната година во Постдам, Германија. Следен настан пак, кој им претстои на македонските ученици – информатичари, е Балканската олимпијада по информатика (БОИ), која ќе се одржи во Тирана, Албанија, во периодот од 14-ти до 20-ти септември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савињо ќе замине во Тотенхем за 100 милиони?!

Дали Савињо ќе замине во Тотенхем за 100 милиони?! Роберто Де Ѕерби е на стадионот на Тотенхем.

Савињо ќе замине во Тотенхем за 100 милиони?!

Тотенхем испрати официјална понуда до Манчестер Сити во висина од околу 100 милиони евра за бразилското крило Савињо, пренесува „Глобо Еспорте“.

Сепак, раководството на Манчестер Сити одбива да го одобри трансферот сè додека не најде замена.

Ексцентричниот 22-годишен бразилски репрезентативец е решен да се пресели во северен Лондон и го зголеми притисокот врз својот актуелен клуб.

Савињо го пропушти тренингот во четвртокот, јасно ставајќи до знаење дека сака да го напушти „Етихад“ во потрага по поголема минутажа.

Бразилецот смета дека Тотенхем би бил идеално место за продолжување на неговиот развој под водство на Роберто Де Ѕерби. Де Ѕерби веќе спроведе голема реконструкција на тимот, при што беа потрошени повеќе од 269 милиони евра, но смета дека работата сè уште не е завршена и дека му се потребни дополнителни засилувања во нападот.

Личните услови меѓу Тотенхем и претставниците на Савињо се главно договорени, па сега сè зависи од одлуката на Манчестер Сити.

Во меѓувреме, Сити се обидува да го доведе Енцо Фернандез од Челзи. Веќе е испратена понуда, но таа не ги исполнува барањата на лондонскиот клуб, кој го проценува Аргентинецот на околу 140 милиони евра.

Тотенхем разгледува и други опции, меѓу кои е фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, кој може да игра и на крилните позиции и како напаѓач.

YouTube video

Со понуда од речиси 100 милиони евра на маса и потребата на Сити да обезбеди дополнителни средства за сопствените засилувања, трансферот на Савињо изгледа поблиску до реализација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

Филипче од луксузната јахта на својот ментор Заев координира напади и дава инструкции на партиските послушници од СДС да шират дезинформации на социјалните мрежи за наводно загадена вода во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче од Егејот каде се луксузира на јахтата на својот ментор Заев координира напади и шири дезинформации за водата во Скопје

Додека СДС крие и се срами да каже дека нивниот лидер и чуварот на фотелјата на Заев на Бихачка се на заеднички одмор на јахтата на Заев на Егејот каде се луксузираат со украдените народни пари нивните партиски послушници по насока на Филипче креираат паника и хаос за водата во Скопје.

Венко Филипче од 6 ти август со својот мотор заминал преку граничниот премин Богородица по инструкции од Заев и од јахтата на Заев координира напади и ширење дезинформации за водата во Скопје.

Во недостаток на визија и идеи за државата, предавничкиот тандем Заев-Филипче единствено што можат е да шират лажни вести за водата, да нарачуваат штрајк на струмичките земјоделци и одгледувачи на пиперки додека во исто време манипулираат со ниските откупни цени преку фирмата на Заев „Мамас“.

Додека Филипче од јахтата на Заев на Егејот ужива и дава инструкции за напади и ширење дезинформации во Скопје на површина излезе целиот талог на СДС.

Филипче и СДС да не си поигруваат со здравјето и безбедноста на граѓаните, водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење.

Водата не смее да биде инструмент на безидејната СДС и очајниот Филипче да соберат политички поен плус.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер