Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
1Хаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)
3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
Други спортовиБизарен инцидент: Најдобриот шахист е исфрлен од Светското првенство поради - панталонитеОд сите спортови кои моментално се актуелни и популарни во светот, шахот е можеби еден од најтрадиционалните.Токму оваа доследност со традицијата го погоди најдобриот шахист на сите времиња, Магнус Карлсен. Имено, Магнус мораше да го напушти турнирот во Светскиот шампионат во брз шах, а причината е бизарна - носел погрешни панталони. Според правилникот на ФИДЕ, секој шахист мора да биде соодветно облечен за големите настани, па затоа мора да носи целосен костум. - Очигледно ова не е многу добар турнир за мене. Првиот ден загубив еден натпревар и можев да освојам уште два. Генерално, не играв добро, бев малку надвор од контрола. Добро спиев и ручав пред да дојдам. Едвај имав време да отидам во собата и да се пресоблечам. Облеков кошула, јакна и не ни помислив кога облеков фармерки. Дури и облеков чевли. Не размислував. Дојдов овде. Прво ја платив казната од 200 долари, што е во ред. Тогаш добив предупредување дека нема да можам да настапам ако не отидам да се пресоблечам. Рекоа дека можам да го направам тоа по третиот натпревар во денот – изјави Карлсен. "FUCK YOU" @MagnusCarlsen is out. pic.twitter.com/3QWZtBHCPL — Take Take Take (@TakeTakeTakeApp) December 27, 2024 Сепак, Магнус на шах се појави во фармерки, што ги натера организаторите да му дадат предупредување, кое тој, согласно неговиот карактер и темперамент, одби да го послуша. - Реков дека ќе се пресоблечам утре, рекоа дека морам денес. Во тој момент ми стана принципиелна работа и тоа е тоа. Нема да се жалам за одлуката, премногу сум стар за да се грижам за тоа. Сега никој не сака да се повлече. Ако тоа е она што тие го сакаат, тоа е во ред со мене. Веројатно ќе одам некаде каде што времето е поубаво од Њујорк. Нема да играм ниту турнир во брз шах, не знам што би требало да се случи за да играм - јасен е Магнус. OOTD pic.twitter.com/9reOP6zuJv — Magnus Carlsen (@MagnusCarlsen) December 28, 2024 За се да се почитуваат правилата, на организаторите им остана само да му забранат учество, што на крајот и го направија. На крајот тој имаше поостар коментар за целата ситуација. - ФИДЕ има свои правила и тоа е во ред. Ако не сакате да играм, во ред е, во ред е – заклучил тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканХаос во Тирана на Денот на албанското знаме: Молотови коктели, водени топови, повреден и странски новинар (ВИДЕО)Албанското Министерство за здравство и социјална помош објави прелиминарен список на повредени за време на денешниот опозициски протест во Тирана. Според официјалните податоци, еден повреден полицаец, двајца претставници на медиумите, од кои едниот е странски државјанин, и неколку демонстранти биле примени во Универзитетската болница за трауматологија до 13:45 часот, објави Телеграфи. Министерството објави дека сите примени во болницата се во стабилна состојба, свесни и ја добиваат потребната итна медицинска помош. Според албанските медиуми, екипите за итни случаи веднаш излегле на местото на настанот за да им укажат прва помош на повредените и да ги пренесат во болница, а меѓу оние што биле лекувани имало и еден демонстрант на кого му се слошило за време на протестот. Протестот на опозицијата во главниот град на Албанија започна со голема тензија откако граѓаните собрани на плоштадот Скендербег ги фрлија првите пиротехнички средства. За време на протестниот марш по булеварот кон зградата на Владата, некои од демонстрантите ги нападнаа зградите на одредени државни институции по трасата на движењето со разни предмети. Ситуацијата дополнително ескалираше кога демонстрантите се собраа пред канцеларијата на премиерот. Во тоа време, врз полицајците беа фрлени камења и молотови коктели, на што безбедносните сили одговорија со водни топови и солзавец. Снимките од местото на настанот го покажуваат плоштадот обвиен во густ чад, вода и пламен од фрлените молотови коктели, додека тензиите во центарот на Тирана продолжуваат.Тагови: Молотови коктели Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Црн петок“: Хаотични сцени во продавниците во Парагвај (ВИДЕО)Тепачки, турканици и физички пресметки меѓу купувачите го одбележаа овогодишниот „Црн петок“ во парагвајскиот град Сиудад Дел Есте, на границата со Бразил.На видеоснимките што ги објавија бразилските и аргентинските медиуми се гледа како купувачите буквално се фрлаат на подот за да се дограбат до електронските уреди што се продаваат по драстично намалени цени. Аргентинските медиуми известуваат за инцидент во кој тројца купувачи физички се пресметувале за еден клима-уред. На социјалните мрежи масовно се споделуваат снимки од хаотичните сцени во продавниците во Парагвај, каде што потрошувачите се борат за лаптопи и за други електронски уреди. Тагови: Парагвај Црн петок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook