Бизарен експеримент: Момче поминало рекордни 86 минути во најтивката соба на светот (ВИДЕО) - Канал 5

Бизарен експеримент: Момче поминало рекордни 86 минути во најтивката соба на светот (ВИДЕО)

На почетокот на 2023 година пишувавме за „најтивката соба“ на Мајкрософт во Редмонд, како и за луѓето кои се осмелиле да поминуваат време во неа.

Бизарен експеримент: Момче поминало рекордни 86 минути во најтивката соба на светот (ВИДЕО)

Овој вид на соба звучи како „блаженство“ за поединци - оние кои сакаат мир и тишина, но кога ќе слушнете какви ефекти предизвикува, можеби ќе се премислите.

Таканаречените анехоични комори постојат на повеќе локации низ светот, како онаа во лабораторијата Орфилд во Минесота, која влезе во Гинисовата книга на рекорди.

Слична просторија постои и на Универзитетот Саут Банк (Лондон), а на посетителите им се препорачува да не поминуваат повеќе од 45 минути во неа.

Причината? Научниците не сакаат луѓето да го изгубат умот.

„Ги предизвикуваме посетителите да поминуваат време во комората, во темнината. Но, ве предупредуваме. Колку е потивка собата, толку повеќе работи ќе слушате. Како функционираат твоето срце, понекогаш и белите дробови“, изјави дизајнерот Стивен Орфилд.

Пред осум години, репортерот на UNILAD постави рекорд во „најтивката соба“, каде што поминал 67 минути, а оттогаш многу предизвикувачи сакаат да ги тестираат своите граници.

Меѓу нив е и јутјуберот Калукс кој го опиша својот престој во комората и правилата што мораше да ги следи:

1. Предизвикувачот мора да биде сам во собата.

2. Не е дозволено спиење.

3. Предизвикувачот мора постојано да биде под надзор.

4. Звукот мора да остане под 25 децибели.

5. На предизвикувачот му е дозволено да зборува до една минута (на секои пет минути).

6. На предизвикувачот му е дозволено да ја напушти просторијата во секое време.

По обиколката на лабораторијата, момчето останало само во комората, а не поминало долго и работите станале чудни, пренесува LadBible.

По пет минути почнал да се чувствува дезориентиран, бидејќи имал силно зуење во ушите.

Поминале уште 10 минути, а Јутјуберот пријавил дека видел светла како „танцуваат“ во собата. По 30 минути го слушнал звукот на сопствениот крвоток.

Кога поминал 60 минути, младиот човек за малку ќе се откажал, бидејќи пријавил дека има халуцинации. Сепак, издржал и поставил нов рекорд - 86 минути.

На прашањето како ќе го опише престојот во комората, тој накратко рече: „Беше чудно“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Америка употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камикази

Америка употреби ново оружје против Иран! Изведен е уште еден бран напади, а за првпат се употребени поморски дронови-камикази – како одговор на одмаздата на Револуционерната гарда.

Америка употреби ново оружје против Иран! За првпат се употребени поморски дронови-камикази

САД за првпат употребија поморски дронови-камикази против Иран во нов бран напади, на што Револуционерната гарда одговори со одмазднички акции.

Централната команда на американската војска (CENTCOM) соопшти дека го „завршила“ новиот бран офанзивни напади врз Иран, при што биле погодени десетици цели на повеќе локации.

„Скај њуз“ пренесува дека според CENTCOM, целта на нападот била да се намали способноста на Иран „да продолжи да го напаѓа меѓународниот поморски сообраќај низ Ормускиот Теснец“.

Британската телевизија известува дека САД за прв пат користеле камикази дронови за морнарички напад во најновиот бран напади врз Иран.

Морнарички дронови натоварени со експлозив се распоредени заедно со борбени авиони, бродови и камикази дронови за воздушен напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Окружниот суд во Сеул денес го осуди поранешниот јужнокорејски претседател Јун Сук-јол на две години затвор откако го прогласи делумно за виновен за нелегално примање политички средства во форма на бесплатни анкети на јавното мислење.

Осуден поранешен претседател на Јужна Кореја

Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун го прекршил Законот за политички фондови, што е различна пресуда од посебен судски случај во кој неговата сопруга, поранешната прва дама Ким Кион-хи, беше ослободена од обвинението врз истата основа, објави Јонхап.

Специјалниот обвинител претходно поднесе обвинение против Јун, обвинувајќи го него и неговата сопруга дека од април 2021 до март 2022 година добиле вкупно 58 анкети на јавното мислење бесплатно од Мјунг Тае Кјун, кој се претставувал како политички посредник, со проценета вредност од околу 270 милиони вони, што одговара на околу 158.000 евра.

Судот утврди дека во тој период Јун бесплатно добил 14 анкети за јавното мислење и, покрај затворската казна, нареди конфискација на имотна корист во износ од 13,9 милиони вони, односно околу осум илјади евра.

Според пресудата, прифатено е тврдењето на специјалното обвинителство дека Џун ветил дека ќе ја поддржи кандидатурата на поранешниот пратеник Ким Џонг Сун како кандидат на конзервативната Партија на народната моќ на дополнителните избори во јуни 2022 година во замена за анкети на јавното мислење. Со истата пресуда, Мјунг Тае Кјун е осуден на 18 месеци затвор. Специјалното обвинителство побара казна од четири години затвор за Јун и три години затвор за Мјунг. Бранителите на поранешниот претседател најавија жалба против денешната пресуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најмалку 27 загинати во пожар во бар во Бангкок, властите велат дека излезите биле блокирани

Само неколку секунди биле доволни пламенот целосно да го проголта ноќниот бар „Ронг Бир На Ладпрао“ во Банкок..

Најмалку 27 загинати во пожар во бар во Бангкок, властите велат дека излезите биле блокирани

Пожарот во кој животот го загубија најмалку 27 лица, 60тина се повредени, од кој над 20 се во критична состојба, се случил непосредно пред полноќ, додека во преполниот локал се одржувал концерт. Сведоците раскажуваат дека по силна експлозија, снемало струја низ целиот објект, а густ чад кој излегувал од електрична табла за миг ја исполнил внатрешноста. Во целосен мрак, стотици посетители се обидувале да најдат излез, додека огнот со неверојатна брзина се ширел низ објектот. Според првичните наоди на противпожарната служба, евакуацијата дополнително била отежната поради заклучен излез за итни случаи..

-Очевидците ни кажа дека имало излез на задниот дел од објектот, но бил заклучен. Тој излез води кон голем отворен простор овде, но на вратата која била заклучена имало ознака „само за вработени“

-Кога почна да гори, најпрво се слушна експлозија и снема струја во цел бар. Луѓето не можеа да гледаат каде одат..

-Пожарот беше многу силен. Кога дојдов овде луѓето буквално се бореа да излезат надвор, но многу од нив не успеаа. Многу луѓе останаа заглавени внатре.

Дека најголем дел од телата биле пронајдени во задниот дел од објектот, потврди и Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул, кој утрово го посети местото на трагедијата и најави темелна истрага. Според Гувернерот на Банкок Чадчарт Ситипунт пак, огнот брзо се проширил и поради лесно запаливите материјали во локалот кој се наоѓале на таванот, но биле дел и од сценската декорација.

-Многу од луѓето не можеа да излезат надвор, бидејки тие отишле кон задниот дел на објектот. Се обиделе да се засолнат од чадот и огнот во тоалетите..Таму всушност ги најдовме најголемиот дел од телата,- изјави Анутин Чарнвиракул – премиер на Тајланд.

-Пожарот започнал некаде околу полноќ , брзо се раширил низ просториите и имало многу чад. Мислам дека можеби имало и нешто што го блокирало излезот за итни случаи, па многу луѓе не можеле да се спасат брзо. Многу од нив се загушиле и останале без свест,- Чадчарт Ситипунт - гувернер на Банкок.

Слична трагедија на 1 јануари годинава се случи и во швајцарскиот ски центар Кранс-Монтана, каде при пожар за време на дочек на новата година во ноќен бар загинаа 41 лице, а над 100 беа повредени. Пожарот избувнал по употреба на пиротехнички средства, а пламенот брзо зе проширил поради лесно запалив материјал на таванот. Истрагата за трагедијата се уште трае, а покрај сопствениците на барот, се проверува и евентуалната одговорност и кај дел од локалните фукционери и надлежните служби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер