Бившиот прв даночник ќе биде нов премиер на Русија

Првичниот шок е минато, Русија го круниса новиот премиер, олицетворен во името на барем за светската јавност, анонимниот бирокат и даночник Михаил Мишустин. 

Веста која вчера како бомба одекна во Москва, заедно со ненадејната оставка на руската Влада, денеска веќе го добива се поизвесното сценарио, затскриено зад уставните измени, кои ги најави Путин, а кои се очекува да го продолжат политичкиот век на таткото на нацијата. Путин не губи време и уште денеска ги изложи придобивките од уставните измени пред работната група, што треба да ги донесе.

-Значењето на овие измени е да се обезбеди понатамошен развој на Русија како правна, социјална држава, со ефикасни институции, да се зајакне улогата на граѓанското општество и политичките партии, изјави Владимир Путин, претседател на Русија

Уставните реформи, според руските медиуми, предвидуваат сериозно ослабување на позицијата претседател, а засилување на моќта на премиерот и на шефот на државниот совет. Најголем дел од анализите упатуваат дека Путин ќе атакува токму на едно од овие две позиции, по четири години, кога му истекува и вториот мандат и нема право на нов.

-Овој чекор, всушност има за цел да ја смени структурата на руската валда, на начин, што ќе му овозможи на Путин да делува од различна позиција., вели Виктор Олевич, политички аналитичар од Москва.

-Каква и позиција да одреди за себе, ќе треба да му овозможи контрола и тој да биде конечен арбитар на споровите меѓу елитите и одлуки во земјата., вели Маша Липман, политички аналитичар од Лондон

Путин со Русија владее 16 години. Досегашниот устав го ограничуваше на два последовни мандати, но не прецизираше колку такви последовни мандати може да има. Путин во 2008-та веќе беше премиер, а Медведев стана претседател, за по четири години да се вратат на првичните позиции. Што и да избере овој пат, тој не планира да се откаже од моќта, а тоа се уште го очекуваат поголем дел од Русите.

Нова Алтернатива: Сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија

Нова Алтернатива со нови луѓе и нова енергија за прв пат самостојно настапува на овие парламентарни избори со бројот 9.

Во изминатите две години на место каде имаше дива депонија од над 50 илјади метри квадратни направивме мега парк во Ѓорче Петров, исчистивме над 280 диви депонии, каде некој трупа отпад, загадува и заработува.

Први поднесовме кривична пријава против еден од најголемите загадувачи во Македонија и без компромис се бориме против секој што се обидува да ги труе нашите сограѓани.

Затоа за обезбедување услови за Македонија во која ќе живееме здраво и во чиста животна средина мора да се пристапи кон:

-Кривично гонење на сите кои ќе се утврди дека извршиле дело против животната средина и здравјето на граѓаните

-Да се донесе Закон за комунална полиција

-Спречување на заадувањето од големите индустриски капацитети

-Нема да дозволиме рестартирање на рудниците и мора да се изврши ревизија на сите долгорочни договори за концесии за експлоатација на минерални суровини

Затоа на овие избори одберете го бројот 9 и гласајте за Нова Алтернатива, сите заедно да се избориме за повисок квалитет на живот во Македонија.

Нова енергија, нови луѓе, Нова Алтернатива.

Политичка партија Нова Алтернатива

Ковачки: Ветуваме изградба на експресниот пат Кочани-Виница- Делчево

Денеска во пресрет на големиот христијански празник сме во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Почитувани граѓани,

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија. рече Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

.

НБА кошаркар дивее на теренот- намерно со топка ги гаѓа навивачите (ВИДЕО)

Милвоки Бакс се прости од оваа сезона во НБА со пораз во првото коло од плејофот на Источната конференција од Индијана Пејсерс.

Серијата ѝ припадна на екипата на Индијана со вкупни 4:2, а додека се уште траеше последниот натпревар, кошаркарот на Бакс, Патрик Беверли, на непримерен начин го исфрли бесот и фрустрацијата.

Во последните минути од натпреварот кој отиде на страната на Пејсерси со 120:98, Беверли седеше на клупата за резерви. Тој стана од неа и со топка удри навивачка на ривалскиот тим во глава. Потоа побарал да му ја вратат топката, а потоа со неа го удрил човекот кој му ја фрлил. Играчите на Бакс, стручниот штаб и обезбедувањето ја смируваа ситуацијата.

притисни ентер