Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“ - Канал 5

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“

Народниот театар – Битола вчеравечер на „Охридско лето“  премиерно  ја изведе претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир во режија на американскиот режисер Џон Блондел.

Битолските актери премиерно ја одиграа Шекспировата „Кориолан“ на „Охридско лето“

Претставата се покажа дека е идеално дело за актерите од Битолскиот театар бидејќи нивната енергија и сценски израз совршено одговараат на материјалот, а визуелните и музичките автори од ансамблот ја издигнаа оваа политичка трагедија до високо ниво на театарска поезија.

Во „Кориолан“ играа Васко Мавровски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Марјан Георгиевски, Сандра Грибовска, Јулијана Мирчевска и Петар Спировски. Сценографијата и костимите се на Благој Мицевски, а музиката за претставата ја напиша Александар Димовски.

Режисерот Џон Блондел посочи дека „Кориолан“, иако е напишан пред повеќе од четири века, останува актуелен поради темите за моќта, политиката и односот меѓу власта и народот.

-Видете го овој неверојатен простор во кој се наоѓаме моментално.Навистина магично место со стари корени за изведување претстава. Атмосферата е извонредна за гледање претстава како оваа вкоренета во минатото и сегашноста. Ова е перформанс полн со интимни, автентични и изненадувачки моменти. Се надевам дека гледачите понесени од приказната ќе ја вметнат во нивната имагинација за да се почувствуваат како да се на сцената, рече режисерот Блондел кому ова му е петта соработка со битолските актери.

Според директорот на Народниот театар-Битола, Васко Мавровски, се работи за многу интересна претстава со нова естетика, претстава којашто од 40-тина ликови е сведена само на седум и во неа, како што вели, е собрано само есенцијалното од текстот.

-Секогаш кога ќе се спомене Шекспир, луѓето очекуваат дека тоа ќе трае два часа и повеќе. Ние успеавме за 80-тина минути да направиме многу добра и естетски поткована претстава на еден наш препознатлив јазик, односно препознатлив јазик и за режисерот Џон Блондел којшто по стотти пат го покажува тоа на сцена, појаснува Мавровски.

Концептот на претставата е насочен кон минималистички сценски израз, со акцент на актерската игра и текстот.

-Сум играл на „Охридско лето“ многупати со Битолскиот театар и сцената ја доживувам како матична. Воодушевувачки е да се игра на толку импознатно место каде што има акустика, историја, има сè. Овде, на оваа сцена, прошетале илјадници глумци од цел свет, прошетале и наши драги колеги кои ги нема повеќе, така што возбудата доаѓа од сите страни, вели битолскиот актер Петар Горко.

И на сценографот и костимограф Благој Мицевски, оваа театарска претстава не му е прво гостување на „Охридско лето“.

-Повеќе од 30 години сме биле скоро секоја година учесници на „Охридско лето“. Да бидам искрен, сум учествувал и со неколку претстави. Сме биле на Плаошник, на Самоиловата тврдина, Канео, многупати и на Долни Сарај, кај изворите во „Свети Наум“, кај некогашниот хотел „Парк“, но „Света Софија“ си има своја енергија. Едноставно, те прима, те прифаќа и те прегрнува, вели Мицевски.

По македонската премиера на „Охридско лето“, претставата „Кориолан“ ќе ја има и својата светска фестивалска премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival во Италија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Чаби Алонсо имаше победнички старт на чело на Челси, со победа од 3:2 над Фулам.

Карагер: „Чаби Алонсо беше избркан од Реал Мадрид поради Винисиус“

Интересно е што и Фулам ја започна новата сезона со нов тренер, Алваро Арбелоа – токму тој го наследи Алонсо на клупата на Реал Мадрид во јануари оваа година, што му даде нова димензија на односот меѓу двајцата поранешни соиграчи.

Заминувањето на Алонсо од Мадрид уследи по бурен период. Во тоа време, медиумите пишуваа за неговите несогласувања со одредени клучни играчи, меѓу кои особено се спомнуваше Винисиус Жуниор.

Легендата на Ливерпул и поранешен соиграч на Алонсо, Џејми Карагер, смета дека проблемите во Реал Мадрид првенствено не се должеле на работата на Алонсо, туку на односот со играчите.

„Чаби Алонсо ја загуби работата поради Винисиус Жуниор. Тој не беше задоволен од ситуацијата. Отиде да се пожали кај сопственикот, а се зборуваше и дека нема да потпише нов договор“, изјави Карагер.

На крајот, Реал Мадрид, како и секогаш, застана на страната на играчот, го смени тренерот, а потоа го доведе неговиот пријател, Алваро Арбелоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран.

Стејт департментот итно соопшти: „Нудиме 10 милиони долари...“

САД понудија награда до 10 милиони долари за информации за клучните лидери на Корпусот на гардата на исламската револуција, како дел од пошироката акција против воените активности на Иран, набавките и мрежите за шверц на нафта и петрохемиски производи.

Стејт департментот и Министерството за финансии воведоа санкции за речиси 60 поединци, компании и бродови, за кои Вашингтон тврди дека овозможуваат ирански воени набавки, сајбер-операции и остварување приходи од извоз на нафта и петрохемиски производи.

Меѓу санкционираните се високи ирански воени претставници, вклучувајќи ги Ахмад Вахиди, Али Абдулахи, Сајад Хосеин Маџид Мусави Ефтехари, Сејед Махди Фарахи и Амир Хатами, како и портпаролот на иранското Министерство за одбрана, Реза Талаеи-Ник.

САД ги обвинуваат за учество во воени активности и набавка на оружје, вклучувајќи ракети и беспилотни летала.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, каде што во моментов се интервенира со ангажман на поголем број екипи од ТППЕ Кавадарци.

Јанчев: Голем пожар избувна на депонијата „Мелци“, апел до граѓаните да не се приближуваат до местото

Според првичните информации од терен, постојат индиции дека пожарот е предизвикан од човечки фактор. Надлежните служби ќе ги утврдуваат околностите за неговото настанување.

Противпожарните екипи се на терен и активно работат на ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото понатамошно ширење. Општина Кавадарци ја следи состојбата, а екипите ќе останат ангажирани до целосно локализирање на пожарот.

Апел до граѓаните да не се приближуваат до местото на пожарот и да ги почитуваат упатствата на надлежните служби, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер