Битолскиот театар вечерва гостува на фестивал во Врање - Канал 5

Битолскиот театар вечерва гостува на фестивал во Врање

Народниот театар од Битола гостува во Врање каде вечерва во рамки на фестивалот „Борини позоришни дани“ ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ.

Битолскиот театар вечерва гостува на фестивал во Врање

Меѓународниот театарски фестивал во Врање, кој годинава слави 100 години од формирањето, е посветен на познатиот српски драматург Бора Станковиќ, има натпреварувачки карактер и освен македонските актери настапуваат и театари од Балканот.

Во претставата „Брод за кукли“ настапуваат Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. Видео проекциите во претставата се на Владимир Переловски и Филип Ошавков.

Меѓународниот театарски фестивал во Врање завршува утре со доделување на награди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекорди

Џонатан, најстарата желка во светот, доби престижна награда – икона на Гинисовите светски рекорди.  

Најстарата желка во светот Џонатан, на 194 години, доби награда од Гинисовата книга на рекорди

Се смета дека Џонатан е роден пред 1832 година, односно има најмалку 194 години, и со тоа е најстарото живо копнено животно во светот, соопшти организацијата.

Се проценува дека имал најмалку 50 години кога во 1882 година бил донесен од Сејшелите на јужноатлантскиот остров Света Елена, како подарок за идниот гувернер на оваа британска прекуморска територија, и оттогаш живее во рамките на гувернерската резиденција, вилата „Плантејшн Хаус“.

Гинис потсетува дека Џонатан чекорел по планетата уште пред да бидат направени првите фотографии, пред да се воспостават првите телефонски разговори, и пред да биде завршена Ајфеловата кула.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски потпиша потпиша закон за измени на државниот буџет

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша закон за измени на државниот буџет за 2026 година, со кој се зголемуваат средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор за околу 1,56 милијарди украински гривни, или 30 милијарди евра.

Зеленски потпиша потпиша закон за измени на државниот буџет

Според украинската новинска агенција Укринформ, измените предвидуваат приходите од државниот буџет за 2026 година да се зголемат за околу 44,7 милијарди евра, со што вкупните приходи ќе достигнат приближно 101 милијарда евра.

Зголемувањето на буџетските приходи е предвидено, објаснува Укринформ, првенствено благодарение на финансиската поддршка од Европската Унија (ЕУ), врз основа на спроведувањето на Планот за Украина, односно спроведувањето на иницијативата на ЕУ за Украина, и зголемените приходи од даноци на доход на граѓаните поради растот на готовинските приходи на воениот персонал.

Како што потсетува Укринформ, на 10 јуни Врховната рада на Украина ги усвои во второ читање и во целост измените на државниот буџет за 2026 година, кои првенствено се насочени кон зголемување на средствата за безбедносниот и одбранбениот сектор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Apple“ подготвува револуција: Сè што знаеме за преклопливиот „iPhone Ultra“ (ВИДЕО)

Се појави ново видео кое сугерира како ќе изгледа претстојниот „iPhone Ultra“.

„Apple“ подготвува револуција: Сè што знаеме за преклопливиот „iPhone Ultra“ (ВИДЕО)

Преклопливиот „iPhone“ на „Apple“, за кој се очекува да се нарече „iPhone Ultra“, беше предмет на бројни протекувања на инфорамции. Видовме рендери базирани на „CAD“, практични видеа од уредот и друго. Сега, се појави ново видео кое нуди уште еден детален поглед на дизајнот на преклопливиот уред.

Јутјуберот Џон Просер од каналот „Front Page Tech (FPT)“ објави ново видео во кое го прикажува наводниот „iPhone Ultra“.

Видеото го прикажува преклопливиот „iPhone“ во бела и црна боја, за кои се вели дека се единствените бои што „Apple“ планира да ги понуди при лансирањето.

YouTube video

Исто така, дава подетален поглед на двојната задна камера, сместена во испакнатина инспирирана од „iPhone Air“, заедно со „LED“ блиц.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер