Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери... - Канал 5

Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери...

Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери, за 27 проценти зголемен бројот на репризно одиграни претстави, за 37 проценти бројот на посетители.

Битолскиот театар успешно ја заврши сезоната 2025 /2026 со меѓународни гостувања, премиери...

По премиерата на 66. Охридско лето и светската премиера во Верона, Битолскиот театар успешно ја заокружи сезоната со нови премиери, бројни меѓународни гостувања, соработки.

Последната премиера за оваа сезона „Кориолан“ по делото на Шекспир, во режија на Џон Блондел, беше успешно претставена во рамките на драмската програма на 66. Охридско лето, а веднаш потоа меѓународниот успех НТБ го потврди со светската премиера на Verona Shakespeare Fringe Festival, каде ја позиционираше и потврди македонската театарска сцена високо на глобалната театарска мапа. На фестивалот учествуваа театри од Италија, Велика Британија, Малта, Ерменија и Унгарија.

Во текот на овие неколку месеци НТБ реализираше премиери од современа светска и домашна драматургија:

„Госпоѓа Бовари“, од Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски,

„Секстет“ од Марк Камолети, во режија на Марјан Георгиевски,

"Пинокио" од Карло Колоди, во режија на Деан Дамјановски.

Оваа година акцентот повторно е ставен и на македонските автори од македонската драматургија и на македонските креативци и театарски работници, па во тие рамки беше изведена "Пламенка" од авторот Петре Димовски, во режија на Софија Ристевска Петрушева.

Во текот на сезоната Битолскиот театар оствари бројни гостувања во Македонија и во странство, меѓу кои:

Фестивалот „Бабелфаст“ во Трговиште, Романија, со „Ричард трети“, од Вилијам Шескпир во режија на Мартин Мирчевски, претставата која минатата година ја освои публиката и жирито на 33. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ и беше избрана за најдобра претстава на истиот.

На ова гостување се најави формирањето на Балканска асоцијација на театри и фестивали – значајна иницијатива која има за цел продлабочување на културната соработка, размена на искуства и заеднички развој на театарската уметност во регионот. НУ Народен Театар Битола ќе биде меѓу основачите, потписниците и членови на оваа асоцијација и со тоа продолжува да ги гради своите меѓународни партнерства и да биде активен промотор на македонската театарска уметност пред светската публика.

Гостувања во Македонија:

НТБ беше дел од јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински, со претставата „Едмонд“ од Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски.

На сцената во Драмски театар Скопје, а по повод 80. годишнината од постоењето на оваа театарска институција, Битолски театар ја изведе претставата „Кокошка“, на авторот Николај Кољада, е во режија на Марјан Георгиевски.

Претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски, во режија на Андреј Цветановски, беше изведена на сцената на Македонскиот народен театар.

Тука е и соработката со Норвешка поточно приемот кај македонскиот амбасадор д-р Дритон Куќи во Осло, за директорот на НТБ

Васко Мавровски и актерката м-р Јулијана Мирчевска, воедно претседателка на Македонскиот национален центар на детски театри АСИТЕЖ Македонија, што само по себе отвора нов простор за идни соработки.

Следува гостувањето со “Едмонд” од авторот Дејвид Мемет, во режија на Оливер Мицевски, во Подгорица, Црна Гора на “Festival of International Alternative Theatre - FIAT”.

Досега во сезоната 2025/2026, премиерно се изведени 8 претстави, репризно одиграни 177, посетители 34.311.

Во споредба со сезоната 2024 / 2025 за 27 проценти е зголемен бројот на репризно одиграни претстави, а за 37 проценти е зголемен бројот на посетители. Полните сали и интересот на битолчани за театарот е само уште еден мотив и оваа година НТБ да продолжи да работи посветено, како и досега.

Сцената на НТБ беше домаќин на еминентни театри и уметници од Македонија и странство меѓу кои :

Танцовата претстава: „F_AI_LLE“ на групата K.Danse од Франција во соработка со Францускиот институт во Скопје, Француската Aлијанса , Француското Конзуларно претставништво, Фестивалот ТАНЦ-ФЕСТ .

9 издание на Џез фактори фестивалот со учество на уметници од Франција, Албанија, Австрија, Унгарија, Полска, Црна Гора, Србија и Македонија: Tribevibers – Blal Ljujić Pierre (Франција) и Gent Rushi Trio (Албанија), Voice and Bass (Унгарија) и Oststyrian Rhythm Section (Австрија).

-Сичуанската и Пекиншката опера, како дел од европската турнеја „Кина низ културата: Прекрасниот Сичуан“, гостување кое беше симбол на културното пријателство меѓу Кина и Македонија.

Партнерствата меѓу компаниите и Битолскиот театар продолжија и оваа година и истите создаваат можности за реализација на содржини со висока уметничка вредност и придонесуваат за унапредување и промоција на македонската култура.

Бимилк - Партнерството беше официјализирано со потпишување на договор за соработка помеѓу Васко Мавровски, директорот на НТБ и Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк.

СН Сервис, професионален сервис за хигиена,

MAK BPO, компанија која нуди услуги за "аутсорсинг" на деловни процеси (BPO), специјализирана за поддршка на медицинска и правна пракса, со посветен тим од искусни професионалци и најсовремени технолошки решенија.

Тука се и бројните активности за одржување на театарот.

Значајна информација беше пронаоѓањето на оригиналната завеса подарок од српската кралица за тогашниот Битолски градски театар. Токму првата претстава на македонски јазик

Ѓоре Магаревски се одвивала со таа црвена завеса зад актерите.

Се реализираше и соработката со добро познатиот македонски илустратор Михајло Димитриевски, кој оваа година се потпишува зад дизајнот на рекламниот материјал и визуелниот идентитет на дел од претставите.

Новата сезона НТБ ќе ја започне со: "Господин Благородник" од авторот Молиер, во режија на Благој Мицевски, следуваат: "Ни треба пејачка” од авторот Кен Лудвиг, во режија на Ненад Витанов, "Новогодишен сон" од авторот Јулијана Мирчевска, во нејзина режија.

Тука се и активните подготовки за "Битола Шекспир Фестивал” во месец ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно со температура дури до 25 степени, заладување од сабота

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

12 Попова Шапка, 14 Зајчев Рид, Тетово, Крушево, 15 Лазарополе, 16 Струмица, Претор, 17 Велес, Скопје Петровец, Демир Капија, Гевгелија, 18 Охрид, Кавадарци, 19 Штип, 20 Виница, Берово, Прилеп, 21 Крива Паланка, Битола.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше променливо облачно со слаб до умерен, наместа повремено засилен, ветер од јужен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 24 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Под влијание на серија од влажни бранови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Утре ќе преовладува релативно топло време со температури кои ќе бидат значително над просекот за овој период од годината и ќе дува засилен до силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 80 km/h). Од сабота поради продор на постудена воздушна маса од север температурите ќе бидат во опаѓање, особено во северните делови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Вооружени крадци провалиле во имотот на актерот Крис Хемсворт и неговата сопруга Елса Патаки во Австралија и украле три автомобили. 

Разбојници упаднеле на имотот на Крис Хемсворт и му украле три автомобили (ФОТО)

Провалувањето се случило во раните утрински часови во среда на имотот вреден 75 милиони долари во Брокен Хед, јужно од Бајрон Беј, каде што парот живее со своите три деца, објавува Дејли Меил.

Елса Патаки ја разбудило лаење на кучињата

Полицијата потврди дека добила пријава за провалата околу 7:30 часот во среда. Според извор близок до парот, Елса Патаки ја разбудило лаење на кучиња околу два часот наутро, но не се посомневала дека нешто се случува, па продолжила да спие. Дури подоцна тоа утро, откако ги прегледала снимките од надзорните камери, открила што се случило. Видеата прикажуваат четири мажи со фантоми на главите, од кои двајца се вооружени со ножеви.

Крадците скокнале преку оградата и влегле во гаражата, каде што имало автомобили каде што биле оставени клучевите. Тие украле три возила, едно BYD, едно Ram и едно Ford Raptor. Оттогаш се пронајдени две возила, едното во Кораки, на околу еден час возење од имотот, а другото во Табулам, на повеќе од два часа возење. Третото возило сè уште се бара.

Имотот познат како „Тврдина Хемсворт“

Хемсворт и Патаки го купиле земјиштето во 2014 година за седум милиони долари, а потоа на него изградиле луксузен комплекс, кој меѓу локалното население добил прекар „Тврдина Хемсворт“. Имотот се простира на 4,2 хектари покрај брегот, опкружен со шума и скриен од јавноста.

Главната куќа има шест спални соби, базен од 50 метри, спа центар, приватно кино, теретана и сала за боулинг со две ленти. Имотот има и стотици соларни панели и систем за видео надзор.

Двојката неодамна инвестираше речиси 150.000 долари во изградба на професионално тениско игралиште, а имотот вклучува и патека за мотокрос. Според експертите за недвижности, вредноста на имотот денес би можела значително да надмине 75 милиони долари.

Полицијата ја истражува кражбата

Полицијата на Нов Јужен Велс потврди дека истрагата е во тек. „Полицијата го обезбеди местото на настанот и започна истрага за околностите на инцидентот“, рече портпаролот. Досега никој не е обвинет за кражбата, а полицијата ги повика сите што имаат информации за случајот да контактираат со „Крајм Стоперс“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание.

СДСМ: Уплашена власт – со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања.

Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.

Не беше поставено ниту едно прашање.

Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.

Паниката е огромна.

Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.

Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.

А потоа следува и одговорност, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер