Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
1Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи
3Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.
2Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.
КултураБитолскиот театар со претставата „History of Mother Fuckers" вечер на „Охридско лето"Драмската програма на „Охридско лето" продолжува со претставата „History of Mother Fuckers", преработка на текст на Вилијам Шекспир во изведба на Битолскиот народен театар.Режисерот Андраш Урбан за претставата вели дека не е политика, дека претставата се занимава со човекот и неговата заедница. – Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан. Ниту Шекспировата трагедија, ниту неговиот лик. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се согласуваме со сè што кажува. Но, едно е јасно. Тој не е ние. Тој ни кажува што ние не смееме за себе. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократско општество, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е слатка, ниту нежна. Крвава е и безмилосна. Додека, пак, вистината и искреноста сепак се предуслови за вистинска уметност. Дури и кога лажеме, минуваме низ пеколот на искреноста за уметничкиот акт да постане стварност. Барем за онаа уметност за која вреди да се зборува, вели режисерот Урбан. Според него, низ историјата, постојано се зборува за разни „мадерфакери", кои биле грди, глупави, лоши, па некако ја „зезнале" работата и не спречиле нас да уживаме во крајно совршеното национално општество на добрина и благосостојба, слобода, сигурност и вечни победнички војни. – Народот, граѓанството, секогаш е само лик без можност да одговара. Тој нејасен поим како некој апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поединци. Како да не е индивидуа оној кој пополнува гласачко ливче, како да не е тој кој го уфрлува ливчето во гласачката кутија, додава режисерот. Андраш Урбан има поставено над 40 професионални претстави работени со театрите во Суботица, Ниш, Нови Сад, Белград, Сегедин, Битола, Љубљана, Берлин, Клуж, Варна, Марибор, Риека.... Неговите режии и претстави се наградени на бројни меѓународни фестивали во Србија, Хрватска, Унгарија… Улогите во претставата ги толкуваат Николче Пројчевски, Борче Ѓаковски, Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Сандра Грабовска, Викторија Степановска. Претставата ќе биде изведена на сцената на Долни Сарај и не е наменета за лица помлади од 18 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПритвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29За излез од Македонија на ГП Богородица час на Табановце 30 минути09:05Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
АвтомобилизамВидео: Гламурозно порше 911Славната француска модна куќа „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“. Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили. Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци. Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач. Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС. Louis Vuitton і Singer створили шикарний тандем: переосмислений Porsche 911 🚗 Спочатку Singer звернувся до Louis Vuitton із проханням створити годинник для панелі приладів, але ідея переросла у повноцінний дизайн 2 авто з фірмовими матеріалами та деталями Louis Vuitton 🤩 pic.twitter.com/Z9vrcafQru — Радіо Трек (@radiotrek) August 13, 2026 Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода. Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТуристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор. Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна. Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици. Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови. За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка. Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите. Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството. Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера. Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен. Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика. Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“. Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook