Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураБитолскиот театар премиерно со претставата „Галеб“ на Чехов вечерва на „Охридско лето“Народниот театар од Битола вечерва во рамки на драмската програма на „Охридско лето“ ќе се претстави со премиерната изведба на претставата „Галеб“ на Антон Павлович Чехов, во режисерска поставка на Багријана Попов.Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата, драмата што Чехов самиот ја нарекува комедија, носи и порака за кршливоста на човештвото, гледано низ призмата на односот на луѓето кон природата. Режисерката Попов која 20 години соработува со Битолскиот театар посочи дека во претставата се зборува за страдања, но и за љубовта, за природните убавини и оттаму коренспондира со тоа што ќе биде премиерно изведена токму тука во Охрид. - Секогаш кога се поставуваат претстави како оваа, суштината е да се презентира интеракцијата на човекот со природата, со убавината. Со нетрпение очекувам да видам како оваа претстава ќе биде донесена тука, на ова спиритуално место, да се открие како оваа претстава ќе проговори во нас и преку нас, рече Попов. Режисерката посочува дека со актерите од Битолскиот театар „галебот“ доаѓа тука во Охрид и сега, со езерото како централен карактер, суптилно влијаејќи на односите кои се одвиваат околу него. „Волшебната претстава на Чехов е љубовно писмо за животот, носејќи ја нашата свест до кршливост и потребата за грижа“, вели таа. Илија Волчевски од театарот во Прилеп кој ја толкува главната улога во претставата, во оваа прилика рече дека Чехов отсекогаш бил предизвик за актерите, уште од академските денови било чест и обврска да се обработуваат неговите дела и ликовите во неговите драми. - Како екипа со нетрпение исчекуваме како публиката ќе оцени оваа премиера, какви ќе бидат коментарите, независно дали тие ќе се позитивни или негативни. Комплиментите се добри за самодовербата, но добронамерната критика секогаш е мотив за подобрување...рече тој. За трагичниот крај на ликот Константин Гаврилович Трепљов во претставата, Волчевски ќе рече дека луѓето не треба да ги бараат решенијата за проблемите на начин како што тоа го прави главниот лик Трепљов во претставата. - Секој човек минува низ турбуленции во животот...Личните проблеми за секого се најголеми, но не мислам дека таквиот крај како што се случува со Трепљов е некакво решение, Секогаш треба да се бара, да се ита да се стигне до светлата точка која е се појасна како се приближувате кон неа, посочи тој. Младата актерка Леонида Гулевска која ја толкува возбудливата улога на Маша, од своја страна рече дека нејзиниот лик е можеби најзагатливиот, најнесфатениот карактер во претставата... - Беше потешко да се работи на овој лик оттаму што се работи за улога која нема многу текст, а треба да долови некакви решенија за тешки, нерешливи дилеми. ..Пораката би била до младите да го бараат оптимизмот во секоја ситуација и тоа е таа светла точко кон која треба да се насочуваме, рече таа. Огнен Дранговски рече дека неговиот лик на Евгениј Сергеевич Дорн, доаѓа во вистинскиот миг за него лично, оттаму што е работи за карактер што некако според искуството најмногу соодветсвува на неговата возраст. - Можеби е сега токму мигот кога треба малку да се повлечам од занесеноста на Трепљов, Маша или Мина, да го видам се она во претставата со свои очи, се разбира, без цинизам туку со топлина...Овој карактер дојде до мене во вистинско време, после многу километри минати на сцената, после изиграни бројни ликови. Убаво е кога ќе дојде еден ваков лик што ќе донесе свежина во претставата. Донесе свежина кај мене посекако, рече Дранговски. Багријана Попов е наградувана театарска режисерка, драматург и актер. Соработувала со признати актери во Австралија и Европа.Таа покажува длабок и траен интерес за драмите на Антон Чехов и ги има адаптирано и режирано неговите четири главни драми. Театарската адаптација на „Вишновата градина“ – на „Прогрес и меланхолија“ – освои 3 награди, меѓу кои и награда за најдобра режија. Нејзината поставка на „Чичко Вања“ од Чехов, во продукција со „Ла Мама“, беше изведена со високи пофалби на фестивалот во Аделаида во 2019 година. Во претставата вечерва уште ќе ги видиме Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска- Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата за претставата ја осмисли Валентин Светозарев, костимите се на Благој Мицевски, додека за музичката подлога се погрижи Александар Димовски. Претставата ќе се игра на сцената „Долни Сарај“ со почеток од 19:30 часот. Истата трае два часа и не е наменета за лица под 16 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Уште неколку членови од ЗНАМ 2.0 официјално се приклучија на организираната криминална група!Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Партиските редови на СДСМ денес се почисти за неколку лица кои ровареле по партијата. Кога ги откривме сите оние кои за пари се обидуваат да ја спречат борбата против мафијата, неколкумина брзо-брзо преминаа во ЗНАМ - здружението на Максо Димитриевски, спонзорирано од Мицкоски. Здружението ЗНАМ веќе не постои, тоа го покажуваат и анкетите на нивниот шеф Мицкоски. Откако се дозна дека сè е договорено и под контрола на Мицкоски, пратеник, советници и цели групи луѓе го напуштија ЗНАМ. Денес, преминувањето во ЗНАМ е исто како некој во 1945 година да преминал кај четниците. За жал, на таквите не им е до Македонија, туку до ситни пари, не сфаќајќи дека самите се етикетирале за целиот живот. Соединетите Американски Држави, нашиот стратешки партнер, вчера во своето соопштение наведоа дека во Србија ќе ѝ помогнат на новата влада која го собори Вучиќ и дека ќе помогнат во расветлувањето на транснационалната криминална мрежа на Западен Балкан, која претставува опасност за Америка, но и за целиот регион. Кај нас овие деновите се расветлуваат случајот со Алта банка и перењето пари од дрога, криминал и корупција, а токму Максим Димитриевски учествуваше во носењето на таа банка, заедно со Мицкоски и директорот на БИА од Србија. Додека се работи на случајот со петте тони дрога, истата оваа група преминува во ЗНАМ, кај тој истиот Максо, познат по тендерот во Пошта, во време кога вработените немаа пари за плати, или по продажбата на плацот на компанијата Лидл и стекнувањето стотици илјади евра преку ноќ. Таквите повеќе не можат да бидат во нашите редови и подобро е што сега го покажуваат своето вистинско лице, отколку и понатаму да роварат против нас одвнатре. Додека граѓаните и поединци застануваат на страната на СДСМ и Фронтот за вистина и правда во борбата против бандата на власт предводена од Мицкоски, ЗНАМ се фали со своите нови платеници. ЗНАМ е сателит. И ЗНАМ 2.0 е алатка на Мицкоски. Максо го наплати предавството на партијата и гласачите. Сега ја извршува последната задача – да го собере она што им останало од нивната екипа во нашите редови. Сега сите се на исто место. Им благодариме. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter