Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе „Тајното оружје“ - Канал 5

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе „Тајното оружје“

Битолскиот театар вечер премиерно ќе ја изведе претставата „Тајното оружје“ од Братислав Димитров во режија на Ненад Витанов.

Битолскиот театар премиерно ќе ја изведе „Тајното оружје“
- Во претставата говориме за хаосот што во моментов се случува во светот, за хаос гледан низ очите на обични луѓе кои живеат во нашето маало и како тие би го решиле проблемот кога тоа би требало да го направат. Таа ситуација на глобално завршува сурово и крваво, додека тука кај нас завршува со поентата дека тајното оружје е во секој од нас и дека тоа што можеме да го направиме е секогаш во тоа што ќе го замислиме. Оваа претстава е со многу енергија и со порака дека во овој глобален свет можеме да се спротивставуваме само со добра мисла и идеја, а се останато е теорија на заговор, истакна режисерот Витанов на прес-конференција во пресрет на премиерата.

Оваа постановка му е трета режија на Витанов во НУ Народен театар-Битола, а драматургот Братислав Димитров вторпат со свој текст учествува на сцената на театарот во Битола.

Во актерската екипа се: Филип Мирчевски, Никола Тодоровски, Борис Чоревски, Никола Пројчевски, Јулијана Стефанова, Илина Чоревска и Сандра Грибовска.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а првпат со Битолскиот театар како композитор соработува поп-пејачот Димитар Андоновски. Тој на средбата со новинарите истакна дека музиката во претставата е испреплетување на повеќе жанрови и придонесува за дополнителен квалитет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов пораз без постигнат гол на најдобрата репрезентација во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија со уште еден пораз  без постигнат гол ја заврши октомвриската серија во Лигата на нации. 

Нов пораз без постигнат гол на најдобрата репрезентација во Лигата на нации

Нашата репрезентација загуби со 3-0 од Швајцарија во Луцерн и остана без бодови по четирите одиграни натпревари во овој циклус.

Резултатот можеби е превисок ако се земе предвид текот на натпреварот, но Швајцарците беа максимално ефикасни во казнувањето на македонските грешки. Ридер, Манзамби и Ндоје погодија за домашниот тим, кој не блескаше, но знаеше како да го искористи секој наш пропуст.

Македонија добро го отвори натпреварот и не изгледаше инфериорно против фаворитот. Првата закана дојде од Швајцарија во десеттата минута, кога Ндоје шутираше од работ на шеснаесетникот, но Димитриевски сигурно одбрани.

Нашиот тим возврати во 20. минута. Андреј Стојчевски се најде во добра позиција и шутираше со глава, но топката заврши над голот на Мвого.

Швајцарија повторно се закани преку Сиеро во 28. минута, но неговиот удар од далечина не ја погоди целта. Две минути подоцна Ридер имаше идеална можност за погодок, но Димитриевски го спречи.

Кога Македонија го држеше ритамот и изгледаше дека може да замине на пауза со позитивен резултат, следеше кобната 43. минута.

Алиоски ја врати топката кон Муслиу, но нашата одбрана не реагираше навреме. Ридер го искористи подарокот, ја одзеде топката и со сигурен удар го совлада Димитриевски за 1-0.

Јакин веднаш реагираше на почетокот на второто полувреме и ги внесе Манзамби и Јашари. Со свежината во тимот, Швајцарија доби поголема контрола, а Македонија сè потешко доаѓаше до противничкиот гол.

Во 50. минута Елведи се закани, но Димитриевски одбрани. Пет минути подоцна Јашари имаше можност да го проигра Амдуни, но акцијата пропадна поради лошото додавање.

Седлоски се обиде да промени нешто по еден час игра со влегувањето на Гаштаров и Омерагиќ. Сепак, Македонија не успеа да се врати во натпреварот.

Во 74. минута стигна вториот гол. Манзамби се одлучи на удар од околу 25 метри, а Димитриевски не успеа добро да интервенира. Топката заврши во мрежата за 2-0.

Конечниот резултат беше поставен во 81. минута. Гаштаров направи непотребна грешка пред нашиот шеснаесетник и ја загуби топката, а Ндоје немилосрдно казни за 3-0.

Во Луцерн повторно се покажа дека против вакви противници и најмалите грешки можат да бидат прескапи.

ШВАЈЦАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3-0 (1-0)

Термоплан Арена, Луцерн. Гледачи: 15.730. Судија: Едгарс Мајцевс (Летонија). Стрелци: Ридер 43’, Манзамби 74’, Ндоје 81’ (Швајцарија). Ж. Картони: Елези (Македонија)

ШВАЈЦАРИЈА: Мвого, Бричги, Елведи, Аканџи, Родригез (70’ Атекаме), Фројлер, Сиеро (46’ Јашари), Соу (46’ Манзамби), Ридер, Амдуни (70’ Ботели), Ндоје (86’ Санчес).

Селектор: Мурат Јакин

МАКЕДОНИЈА: Димитриевски, Стојчевски, Муслиу, Зајков, Алиоски, Елези (70’ Костадинов), Барди (82’ Станковски), Елмас, Дориев (59’ Гаштаров), Митровски (82’ Миовски), Растодер (59’ Омерагиќ).

Селектор: Гоце Седлоски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и релативно топло време

Утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност.

Сончево и релативно топло време

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток утрото ќе биде постудено, а во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со појава на ретки грмежи. Утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 7. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 7. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 7. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

До лилчноста што ја сакате ќе се обидете да дојдете со помош на гастрономски специјалитети . Веројатно е излегување на вечера со морско мени.

Кариера

Ќе се снаоѓате балансирајќи меѓу барањата на другите и своите планови и желби. Ќе успеете да најдете некаква средина.

Здравје

Не се нервирајте.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Веројатно ситуацијата ќе ве наведе на тоа максимално да е фокусирате на партнерот. Ќе размислувате како да продолжите заедно.

Кариера

Доколку договарате нова работа или проект, почекајте со одлуката барем до попладневните часови , зашто тогаш се ќе ви биде појасно.

Здравје

Намален имунитет и енергија. Одморете се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е со својата љубов малку да го задушувате партнерот. Дозволете му малку повеќе слобода.

Кариера

Вашите шефови на една , вие на друга страна . Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи до истата цел.

Здравје

Не играјте отворено .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Денеска вашите пријатели ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов.

Кариера

На некои вашите заслуги во работата нема да бидат целосно јасни , па ќе мора малку повеќе да се докажувате. Ќе бидете креативни и успешни.

Здравје

Вежбајте гимнастика.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Денеска би можеле убаво да се забавувате , доколку излезете на место каде што име уметнички содржини. Игнорирајте ги фалбаџиите.

Кариера

На работното емсто ќе се озборува , а лажните приказни ќе бидат главните настани. Не обрнувајте внимание на ништо од тоа , туку работете она што требате.

Здравје

Останете будни и подготвени за промени.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Откако ќе одработите дел од ,,домашните работи” , повторно ќе се свртите кон партнерот или кон личноста од работното место која ве сака.

Кариера

Не сте свесни пред какви можности се наоѓате. Освен што можете да покренете голем број новини , тука се и стабилните работи.

Здравје

Подобро отворете ги очите.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Пртед вас е ден во кој одлично ќе ги поврзете своите внатрешни потреби со луѓето околу вас.

Кариера

Контактите и комуникациите со лица од странство се засилуваат. Денеска ќе преговарате околу некои детали.

Здравје

Ниту заморот не ве запира.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе бидете настроени во целост да се впуштите во вашите фантазии , а вашите врски со љубовната реалност ќе се намалат.

Кариера

Денеска уметниците меѓу вас би можеле добро да работат. Другите ќе имаат пречки , не во идеите , туку во реализацијата.

Здравје

Можни се илузии.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе настојувате саканата личност да ја наведувате на дневните тековни работи и така да ја приближите до реалноста.

Кариера

Ќе има некаква реорганизација на работното место . Новините се однесуваат на условите за работа , колегите , услугите и слично.

Здравје

Продолжете со новите здрави навики.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Оние кои биле на чекор до вљубување, денеска конечно ќе сфатат дека сакаат и поотворено ќе тргнат кон таа насока.

Кариера

Нови периоди им следуваат на вработените во спортски , педагошки и забавбни дејности , а другите остануваат креативни.

Здравје

Дотерајте се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Друштвеноста и отвореноста денеска ќе бидат вашите главни квалитети. Оние кои уште се сами , ќе успеат набрзина да остваруваат контакти.

Кариера

Ќе се мерат вашите заслуги во работата. Истовремено ви доаѓаат прекрасни идеи полни со креативност.

Здравје

Прошетајте се на свеж воздух.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Фантазијата денеска ќе ви работи стотка на час. Некои во саканата личност ќе видат нешто што таа воопшто не е. Можни се нереални проценки.

Кариера

Ќе бидете способни да реагирате брзо и тактично. Ќе успеете да помагате и да читате меѓу редови таму каде што никој нема да може.

Здравје

Ова е ден на вашата сестраност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер