Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград - Канал 5

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград

ЈУ Зоолошка градина-Битола од денеска има нови жители, мајмуни од видовите патас, лемури и коати, кои ги доби од Зоолошката градина во Скопје, а наскоро ќе вдоми нови жители и од ЗОО Градина Белград.

Битолската ЗОО Градина ќе вдоми животни од Зоолошките градини во Скопје и Белград

За време на денешната посета на ЈУ ЗОО Градина Битола, градоначалникот Тони Коњановски од директорот на таа општинска установа Жарко Тренковски беше информиран за плановите и динамиката на изведба за изградба на терариум и објект за копитари.

- Денеска ќе пристигнат нови жители на зоолошката градина, мајмуни од врстата на патас, мајмуни од врста на лемури, коати од зоолошката градина во Скопје, а во текот на овој месец или мај се очекува да пристигнат како подарок од ЗОО Белград, повеќе животни односно бизон, антилопи, коати, свети ибис, сервал, буву буву, соопштија од секторот за односи со јавност по посетата на градоначалникот Коњановски на ЈУ Зоолошка градина Битола.

Битолската Зоолошката градина оваа година планира програма за едукација на вработените во зоолошката градина во Загреб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Мал авион се урнал на Алјаска, нема преживеани.

Мал авион со осум лица се урнал на Алјаска

Нема преживеани Мал авион со осум лица се урна во оддалечен дел на Алјаска и, според последните информации, никој не преживеал.

Командата за Алјаска ја потврди несреќата на авионот и соопшти дека нема преживеани, пренесува Ројтерс.

Раководителот на Националниот одбор за безбедност во транспортот за регионот на Алјаска, Клинт Џонсон, претходно изјави дека во авионот имало двајца пилоти и шестмина патници.

Според Федералната управа за авијација на САД (FAA), авионот „Цесна 441“, кој полетал од Анкориџ, бил на пат кон радарската станица Кејп Њуенхам и се урнал западно од аеродромот.

Во објава на социјалните мрежи, гувернерот на Алјаска, Мајк Данливи, изјави дека Националната гарда на Алјаска спроведува операција за пребарување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

-Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. 

Мицкоски: Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

„Добар ден и од мене.

Би сакал да ја искористам оваа можност да потенцирам дека овие проекти се многу значајни за сите општини во Македонија. Ова што го кажа градоначалникот на Прилеп, но и потпретседателот на Владата и министер за транспорт дека со овие проекти додаваме вредност и го зголемуваме квалитетот на живот е вистина бидејќи имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините. Во оној неврзан муабет со градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто од страна на Владата се финансираат во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата коишто Општина Прилеп ги издвојува како средства за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка и огромна бројка на проекти коишто ќе имаат за задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп.

Би сакал да ја искористам оваа можност да се заблагодарам на градоначалникот и да честитам за посветената работа којашто ја прави изминатиов период, на советниците коишто ја поддржуваат неговата работа како градоначалник, на пратениците коишто се од Прилеп и коишто се борат за проект повеќе за Прилеп и овој дел од Македонија. Да се заблагодарам се разбира тука и на колегите од Владата, на сите оние коишто учествуваат во реализацијата на овие проекти бидејќи нашата цел како Влада уште на самиот почеток беше да испорачаме што е можно повеќе проекти во рамките на нашите можности со коишто ќе го подобриме онолку колку што можеме квалитетот на живот на нашите сограѓани.

Така што уште еднаш еве честитам на сите и би посакал да се движиме во рамките на роковите коишто се зададени за да овие проекти бидат пуштени во употреба и ја имаат својата полна намена.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

 Финската гранична служба денес соопшти дека во четвртокот руски извидувачки авион „Иљушин-20“ наводно го нарушил воздушниот простор.

Дали  руски „Иљушин“ влегол во воздушниот простор на Финска?

Како што беше соопштено, постои сомневање дека руски извидувачки авион го нарушил финскиот воздушен простор јужно од Уто, во Финскиот Залив, пренесува Yle.

Според финската гранична служба, наводното нарушување на финскиот воздушен простор траело околу три минути.

Во својата најдлабока точка, авионот навлегол околу 4,7 наутички милји во финска територија, во Финскиот Залив.

Граничната служба покрена прелиминарна истрага за случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер