Битолската библиотека „Св.Климент Охридски" го одбележува Светскиот ден на гласно читање - Канал 5

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски" го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски" денеска во Битола го одбележува 3 февруари – Светскиот ден на читање на глас.

Битолската библиотека „Св.Климент Охридски" го одбележува Светскиот ден на гласно читање

Кампањата „Да читаме на глас" се организира по повод Европската година на гласно читање, прогласена од Европската организација за унапредување на читањето EU READ, со што се нагласува важноста на гласното читање во развојот на навиките и вештините за читање кај децата.

–Методот на гласно читање е клучен за развојот на навиките за читање, за подоцнежниот успех во училиштето и воопшто, за успехот во стекнувањето знаења и вештини. Кампањата во Битола почнува денес, а ќе се реализира во текот на целата година, со учество на децата од детските градинки, од училишта, учество на јавни личности и секако родителите и наставниците кои на децата ќе им читаат на глас, нагласуваат од оваа национална установа.

Според вработените во битолската Библиотека, читањето на глас ги става книгите во центарот на вниманието и ги претставува како извор на пријатно, вредно и возбудливо искуство. Децата, кои ја учат вредноста на книгите од рана возраст, најчесто стануваат креативни и независни читатели.

–Читањето на глас им помага на децата да го поврзат она што го гледаат, слушаат и читаат. Читањето на глас од возрасните го проширува вокабуларот на децата и ги проширува нивните општи знаења. Читањето на глас кај децата открива литература што можеби никогаш нема да ја откријат сами, како што се поезија, раскази, бајки… читањето на глас им овозможува на децата да се запознаат со литературен јазик кој е значително различен од секојдневниот говор или јазик што се слуша од радио или телевизија, се чита од весници или се слуша на филмови. На овој начин, децата подобро ги разбираат сложените структури на речениците, појаснуваат од битолската Библиотека, најавувајќи го првиот ден од кампањата „Да читаме на глас".

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер