Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
2Се шири истрагата за нелегалните ботокси – уште двајца доктори „паднаа“ во случајот за шверц и дуструбиција
КултураБитолска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ вечер во НУ Центар за култура ќе приреди битолска премиера.Од НУ Центар за култура-Битола најавија интерактивна филмска проекција во која веднаш по завршувањето филмот, членови на тимот ќе имаат можност да разговараат со публиката. -Битолската премиера на „Приказната за Силјан“ ќе се одржи во големата кино сала, а наши гости ќе бидат режисерката Тамара Котевска, продуцентот Јорданчо Петковски и монтажерот Мартин Иванов кои ќе зборуваат за филмот кој е светски, а наш, македонски, најави Сашо Илковски, директор на НУ Центар за култура-Битола. Македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“ на репертоарот во Битола ќе биде до сабота навечер.Тагови: Приказната за Силјан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 15 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 15 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит од кои по две во Скопје, Тетово и Куманово и по едно во Прилеп, Свети Николе, Велес и Кавадарци. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Скопје, Битола, Македонска Каменица и Кавадарци и едно лице во Тетово управувало возило под мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз (БРТ)БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денеска оствари работна средба со тимот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која беа направени финалните координации за следните чекори во реализацијата и оптимализацијата на проектот Брз автобуски превоз (БРТ). На средбата беше потврдена заедничката определба за успешно спроведување на проектот, кој претставува една од најзначајните инвестиции во модернизацијата на јавниот превоз во Скопје. По преземањето на мандатот, преку интензивна координација со Владата на Република Македонија, Министерството за транспорт, Министерството за финансии, ЕБОР и останатите надлежни институции, беа надминати долгогодишните пречки што го блокираа проектот и беа создадени услови за негова реализација. БРТ ќе обезбеди побрз, побезбеден, посигурен и поеколошки јавен превоз, ќе придонесе за намалување на сообраќајниот метеж, подобрување на квалитетот на воздухот и поквалитетно секојдневие за граѓаните. Воедно, беше нагласено дека проектот нема да се реализира на сметка на постојното булеварско зеленило. Напротив, предвидени се нови зелени површини и дополнително хортикултурно уредување, со што ќе се обезбеди помодерен, позелен и похуман урбан простор. Проектот БРТ е дел од пошироката стратегија за модернизација на јавниот транспорт во Скопје. Паралелно се работи на воведување градски воз во соработка со Министерството за транспорт, набавка на 100 нови автобуси преку Владата и оптимализација на автобуската мрежа, со цел создавање интегриран, функционален и современ систем на урбана мобилност. Со финализирањето на овие координации, проектот Брз автобуски превоз влегува во фаза на реализација, претставувајќи значаен чекор кон поефикасен, поодржлив и поквалитетен јавен транспорт за Скопје. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаТри лица лишени од слобода за семејно насилство во изминатото деноноќиеТри лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќиеНоќеска (11.07.2026) во 01:20 часот во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 49-годишен жител од тоа село. Според пријавеното тој на 10.07.2026 околу 22:30 часот во семејниот дом физички го нападнал неговиот 68-годишен татко и му нанел повреди. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 10.07.2026 во 20:40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ч.С.(49) од кумановско затоа што физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. На 11.07.2026 во 00:10 часот во Полициската станица Тетово, 54-годишна жена од Тетово пријави дека на 10.07.2026 околу 21:00 часот во нивниот семеен дом, по претходна расправија за пари, нејзиниот син К.В. физички ја нападнал, нанесувајќи ѝ повреди. На оштетената ѝ била укажана лекарска помош во Клиничката болница Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот. На 11.07.2026 во 00:20 часот, во СВР Охрид лишена од слобода е Е.В.(36) од охридско која претходно, во семејниот дом, физички ја нападнала својата мајка. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook