Битола подготвена за завршниот Ф8 турнир во купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ - Канал 5

Битола подготвена за завршниот Ф8 турнир во купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

По 17 години Битола ќе биде домаќин на кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“.

Битола подготвена за завршниот Ф8 турнир во купот „Благоја Георгиевски-Буштур“

Во организација на кошаркарскиот клуб Пелистер, од 15 – 17 февруари во салата „Боро Чурлевски“ осум екипи ќе се борат за вредниот трофеј во македонската кошарка.

На денешната прес-конференција, претставници на екипите учесници на турнирот ги искажаа своите очекувања за претстојните четвртфинални средби.

Бранителот на трофејот, МЗТ Скопје Аеродром во четвртфиналето ќе се соочи со Гостивар.

- Одиме на 12 титула во купот. Гостивар има искусен тренер и знае како се играат вакви натпревари. Нема да биде лесно. Сепак одиме на победа и трофеј, рече Марко Миловановиќ, талентираниот играч на аеродромци.

Јордан Давитков, тренерот на Гостивар, очекува неизвесни натпревари.

- Екипите се доста изедначени. Ќе мора сите да се помачат за да дојдат до победа. На крај нека победи најдобриот. Во купот нема фаворити. Се случувало и многу послаби екипи да извојуваат победи. Имаме проблеми со повредени играчи. За МЗТ Скопје илузорно е да се трошат зборови. Во последните години тие се најдобра екипа. Ќе се обидеме да дадеме отпор, па ќе видеме на крајот што ќе се случи.

Дебитантот на купот, Чаир ќе се сретне со Еуро Никел.

- Во четвртфиналето имаме противник со извонредни индивидуалци. Ние сме во серија од три победи во домашното првенство. Доаѓаме во Битола да се натпреваруваме, а не со бело знаме, истакна Недим Мустафица, играчот на Чаир.

Тренерот на Еуро Никел, Атанас Манев очекува тежок натпревар.

- Задоволство што сме помеѓу осумте најдобри. Изминатите четири-пет дена имавме два тешки натпревари. Сега сме фокусирани на четвртфиналето со Чаир кон кого имаме максимален респект. Ние исто како и тие имаме своја математика. Ни преостанува да се подготвиме добро и да се претставиме во најдобро светло.

Тимот на Работнички за да стигне до 11 трофеј ќе мора во четвртфиналето да го совлада ТФТ кој има амбиција за втора куп-титула.

Горан Самарџиев, тренерот на Работнички изјави: „Како играч го освојував купот многу пати. Сега сум во друга улога. Работнички секогаш оди на победа. Ќе дадеме максимум за да дојдеме до трофејот.

Неговиот колега од ТФТ, Ботро Смилковски изјави: „За нас купот секогаш ќе остане специјално натпреварување. Одговара на менталитетот на нашата екипа. За некој да го освои купот треба да е физички добро подготвен. Противник ни е Работнички кој се чини дека се враќа на старите патеки. Ние се фокусираме на натпреварот со нив, а сонуваме финале и трофеј. Моменталниот скор со нив ни е 1-1 во четвртфиналињата. Се надевам дека ќе им поведеме во меѓусебните средби.

Последната двојка е Пелистер – Феникс.

Дарко Радуловиќ, тренерот на Пелистер посакува победа пред домашната публика.

- Очекувам тродневен спортски маратон со убави натпревари. Феникс традиционално е незгоден противник на Пелистер. Ние изминатите две недели одигравме 5-6 натпревари и сме истрошени физички. Се надевам дека во овие неколку дена ќе се подготвиме добро и размислуваме само на четвртфиналето. Очекувам со победа да ја израдуваме нашата публика.

Предводникот на Феникс, Денис Дервишевиќ, исто така изрази амбиција за највисок пласман.

Ние лани игравме финале, оваа година дојдовме да го освоиме купот. Пелистер е квалитетна екипа, натпреварот ќе биде тежок, но нашата цел е трофејот.

Успешни настапи на сите учесници на турнирот им посака градоначалник на Битола, Тони Коњановски.

-Се надевам дека ќе имаме убав спортски викенд и полна сала на натпреварите во купот. Повик до сите љубители на кошарката во убав и спортски амбиент да Битола е еден од градовите кои издвојуваат многу за спортот. Битола е град на спортот, а така ќе биде и понатаму, нашата поддршка продолжува, истакна Коњановски.

Организаторот на турнирот се одлучи за популарни цени на билетите - 100 денари за целодневна програма, односно за 300 денари може да се следат сите седум натпревари на целиот турнир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави дека во март следната година повторно ќе се воведе задолжителниот воен рок.

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија, најави Вучиќ

Претходно, актуелната власт најави враќање на задолжителното служење на воениот рок во Србија во траење од 75 дена за мажи до 30 години.

Армијата на Србија, со одлука на претходните власти, официјално стана професионална војска на 1 јануари 2011 година, кога стапи на сила собраниската одлука за укинување на обврската за служење воен рок.

Редовното служење на воената обврска тогаш беше заменето со доброволно служење, а војската почна да се пополнува со професионални војници и офицери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив

САД и Иран се договориле да го прекинат последниот бран судири и да се вратат на преговарачка маса

Иран и Соединетите американски држави постигнале договор за прекин на последниот бран меѓусебни судири во Персискиот залив и да ги продолжат разговорите согласно меморандумот за разбирање што неодамна го потпишаа двете страни, потврдил американски функционер за неколку светски медиуми.

Веста за постигната согласност за прекин на непријателствата, како што наведуваат медиумите, ги зголемува надежите дека привремениот мировен договор меѓу Вашингтон и Техеран може да опстане и покрај меѓусебните вооружени судири во последните денови. Американскиот новински портал „Аксиос“, повикувајќи се на неименуван висок американски функционер, објави дека разговорите меѓу претставиците на Вашингтон и Техеран треба да продолжат утре, во главниот град на Катар, Доха.

Засега не е познат ставот на Техеран во врска со наводите кои доаѓаат од страна на извори од американската администрација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Со еден милион евра грант од Светската банка ќе се прави проект за реформа во железничкиот сектор.

Со грант од еден милион евра од Светска банка ќе се прави проект за реформи во Железницата

Договорот за грант го потпишаа вицепремиерот Александар Николоски и директорката на Светска банка за Македонија, Керол Межеван.

Договорот како што најави вицепремиерот Николоски треба да даде поддршка во реформата во преструктурирање на Македонски железници – транспорт со цел создавање на функционално претпријатие.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер