Битола подготвена за 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“ - Канал 5

Битола подготвена за 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“

Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ од Битола подготвено е да ги пречека годинешните учесници на 35. издание на меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.

Битола подготвена за 35. издание на ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“
На денешната прес конференција, раководителот на студиото, Коста Хаџиантоновски истакна дека од 23 до 30 мај во Битола ќе престојуваат ученици и нивните ликовни педагози од Словачка, Кина, Русија, Турција, Украина, Србија, Бугарија, Малезија, Романија, Полска, Индија, Египет, Тајланд и од Македонија.

- „Мал битолски Монмартр“ е институција што ја има само во Македонија и никаде во светот. Ако во други држави се организираат светски изложби, во Битола освен светска изложба има и светска колонија, светски хепенинг и други реткости. Магијата на „Мал битолски Монмартр“ ќе биде почувствувана на свеченото отворање кога ќе ги врачиме наградите на најдобрите поединци како и наградата „Гран при“ која овој пат им припадна на учениците од Спишка Бела- Словачка, истакна Хаџиантоновски.

Според востановената традиција, еден ден од меѓународната колонија ќе биде тематски и на 29 мај децата од светот на плоштадот „Магнолија“ во Битола ќе цртаат на тема „Олимпијадата во очите на децата“.

- Годинава по петти пат ќе учествуваме на Олимпијада и најдобрите ликовни творби ќе бидат презентирани во Олимпиското село во Рио де Жанеиро. Како што е познато нашата изложба ја презентиравме во Сиднеј, Атина, Пекинг и Лондон, а сега ќе учествуваме и во Рио де Жанеиро. Изборот на најдобрите творби ќе го направи тим на Маѓународниот олимписки комитет-МОК од Лозана што во јуни ќе престојуваат во Битола, потврди Хаџиантновски.

Меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ годинава се реализира со поддршка на повеќе приватни компании од Битола и со финансиска поддршка на Министерството за култура и Министерството за образование. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на која Ормутскиот теснец е означен како „Трампов теснец“.. 

Трамп објави мапа на која Ормутскиот теснец е преименуван во „Трампов теснец“, Иран им нуди договор на САД

Мапата е објавена на „Трут Соушл“. Трамп претходно предложи теснeцот да биде преименуван по него, а исто така постојано ја изразуваше идејата тој воден пат да се прогласи за територија на САД.

Во меѓувреме, Иран им нуди договор на САД за повторно отворање на Ормускиот теснец во рок од седум дена. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека неговата земја им предложила договор на САД со кој би се овозможило повторно отворање на теснецот во рок од една недела.

Иако САД сè уште немаат дадено официјален одговор, весникот „Волстрит журнал“, повикувајќи се на американски функционери, објави дека американскиот претседател Доналд Трамп го отфрлил предлогот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

Македонија и Швајцарија вечерва од 20:45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го отвораат новиот циклус во Лигата на нации.

Лига на нации: Македонија вечерва против првиот фаворит Швајцарија

За првпат Македонија е дел од Б-сегментот, а во првиот напревар ќе се соочи со фаворитот во групата, во која се наоѓаат уште и Шкотска и Словенија.

Селекторот Гоце Седлоски очекува во овие натпревари репрезентацијата да покаже поголем карактер, отколку на последните четири натпревари, на кои немаше постигнато гол.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Во Косово вчера бил уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во скопската населба Дуќанџик.

На Косово уапсен убиецот што застрела 26-годишик во Дуќанџик

Според информациите, тој бил уапсен од косовската полиција, во меѓународна акција за недозволена трговија со дрога на територија на Република Косово. За Кучи беше распишано централна и меѓународна потерница, а по вториот осомничен сè уште се трага.

Тешкиот инцидент се случи вечерта на 6 септември во Дуќанџик. Кучи заедно со И.С. се сомничи дека пукал кон група лица од мотоцикл во движење. Во престрелката животот го загуби 26-годишниот А.М., додека уште неколку лица беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер