Битола лидер на мапата за старт-ап центри: Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат - Канал 5

Битола лидер на мапата за старт-ап центри: Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат

Ако имаш храброст и знаење за развој на иновативна идеја Битола старт-ап е твоето место e пораката која поттикнува млади луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси во Пелагонискиот регион.

Битола лидер на мапата за старт-ап центри:  Ниту една идеја не е лоша идеја, обуките почнуваат

- Битола е веќе сериозно поставена на мапата на старт-ап центри, така што со овој повик очекуваме уште поголем број на апликанти кои со помош на нашата менторска и тренинг програма во следните неколку месеци ќе ги развиваат нивните иновативни старт-ап идеи, а најуспешните ќе бидат поддржани со грант во форма на финансиска поддршка за нивниот почеток, изјави Лидија Ангелкова координаторка на програмата за поддршка на старт-ап компании во ПРЕДА Плус Фондацијата во Битола.

Повикот е отворен за сите оние кои имаат иновативни идеи и сакаат да ги преточат во бизнис, но им недостигаат одредени знаења и поддршка да стигнат до целта. И во четвртата старт-ап програма ќе бидат вклучени врвни ментори и тренери кои се еминентни професионалци од македонскиот старт-ап екосистем, а селектираните ќе добијат и финансиска поддршка за стартување на нивните бизниси.

Инаку, Битола Старт-ап Центар е дел од Локално партнерство за вработување Битола кое е финансирано преку проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот, со финансиска поддршка од Европската Унија.

- Целта на локалното партнерство за вработување со овој проект беше да создаде можности за отворање нови работни места и подобрување на вработеноста во Пелагонискиот регион, појаснуваат од Битола Стар-ап Центар.

Проектот се базира на холистички пристап во унапредувањето на претприемачките капацитети, преку обезбедување центар каде што потенцијалните стартапи може да се среќаваат и разменуваат информации и идеи и преку програма за обука и менторство, која ги води претприемачите низ целокупниот процес на развивање бизнис идеја, креирање стратегии и планови, и нивна промоција. Есенскиот циклус на програмата ни покажа дека и покрај кризата предизвикана од Ковид-19 и стравовите и неизвесноста што таа ги наметна, битолчани се креативни и храбри и понудија голем број идеи кои имаат потенцијал да прераснат во успешен бизнис.

-Приказната продолжува понатаму, ни претстои новиот циклус на обука и менторство. Очекувањата се големи, имајќи ги предвид претходните резултати. Затоа, ги поттикнувам и охрабрувам младите и невработените да се пријават за програмата, бидејќи ниту една идеја не е лоша идеја. Како што кажал Волт Дизни, Сите наши соништа може да се остварат, само ако имаме храброст да ги следиме, - истакна Наташа Симјановска проектна координаторка на Меѓународната организација на трудот со седиште во Скопје.

Повикот https://iodbitolasemoze.typeform.com/to/Ghh9wO е отворен до 14 февруари. За учество во програмата ќе бидат избрани најиновативните идеи кои имаат потенцијал за развој и оние кои ќе ја имаат опцијата за вработливост.

За избраните учесници, стартап програмата започнува на 1 март, 2021 со заедничка воведна сесија во просториите на Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, .

МВР: Расчистен случајот со објавеното видео со палење на македонското знаме на Тик-ток

Полицијата го расчисти случајот поврзан со видео објавено на социјалната мрежа „Тикток“, на која се гледа палење на македонското знаме, со што е сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“..

Станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово кој го објавил овој чин на својот профил. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, обезбеден е мобилниот телефон од кој било поставено видеото..

Во просториите на полицијата, во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, со малолетникот е извршен службен разговор, при што тој го признал делото, а во текот на службениот разговор, малолетникот посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тие дополнително ќе бидат повикани во полициска станица за целосно расчистување на случајот.. По целосното документирање на предметот, до надлежното Основно јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.. , информираат од МВР..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

Платформата, составена од поранешни и сегашни челници на СДСМ, следните денови ќе излезе со конкретен предлог за суштински реформи во СДСМ.

„Платформата“ со конкретен план за суштински реформи во СДСМ

На денешниот брифинг со новинарите објаснија дека планот прво ќе СДСМ му го презентираат на претседателот на партијата, Венко Филипче. Поводот е тоа што, според нив, опозициската партија не успева да дејствува обединувачки кон граѓаните кои се антивладино расположени. дополнително, не се задоволни од моменталниот рејтинг на партијата и сметаат дека ваквиот СДСМ, ако излезе на избори, ќе доживее катастрофален пораз кој може трајно да ѝ наштети на партијата и да ја спушти под егзистенцијалниот минимум.

Од Платформата исто така сметаат дека владата на ВМРО-ДПМНЕ покажува едни од најслабите перформанси на една владеачка гарнитура во изминативе 35 години, без да направи прогрес на ниту едно поле.

Според нив, за да може да се настапи против таквите политики на владеачката партија, потребна е силна опозиција која ќе формира и поширок опозициски фронт.

Според најавите, во текот на викендот ќе објават повеќе детали околу конкретните чекори.

Според Филипче постојат сомнежи дека тие луѓе се платени од власта за да ја раситнат опозицијата и уште еднаш ги повика ако сакаат да помогнат во опозициската битка дебатата да ја водат во рамките на партијата, а не со платформи надвор од неа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“

Железната дисциплина на новиот селектор: Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“.

Клоп воведува ред и радикални промени во редовите на „Панцерите“

Според медиумските извештаи, трофејниот Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, по преземањето на функцијата одлучил да воведе правила поврзани со дисциплината.

„Билд“ пишува дека германскиот стручњак вовел строги правила, меѓу кои и забрана за користење мобилни телефони пред натпреварите, со цел играчите да останат фокусирани на теренот.

Покрај тоа, сите играчи, без исклучок, мора заеднички и навреме да присуствуваат на тимските вечери. Играчите нема да можат да повикуваат фризери во хотелот, туку сите репрезентативци се должни да ги завршат тие обврски пред да се приклучат на националниот тим.

За време на големите турнири, посетите од семејството ќе бидат строго ограничени и ќе се дозволуваат само во посебни случаи.

Овие правила ќе стават крај на малку поопуштената атмосфера што владееше додека Јулијан Нагелсман беше селектор на „Панцерите“. Клоп сака германската репрезентација да биде целосно затворена за јавноста додека тимот е на собир.

Се чини дека експертот за освојување трофеи смета оти токму недостатокот на дисциплина бил проблемот со кој се соочувале Германците во претходниот период, кога бележеле слаби резултати. Останува да се види како играчите ќе реагираат на строгите правила и дали тие ќе вродат со плод.

По преземањето на тренерската функција, Клоп изјави дека сака повторно да го направи настапот за националниот тим посебен и дека неговата задача е јасна: да ја врати Германија на врвот на светскиот фудбал.

Германските фудбалери ќе го одиграат својот прв натпревар во новата сезона во Лига на нации вечерва на гостински терен против Холандија, додека три дена подоцна ќе ја пречекаат Грција.

Потоа, за 1 октомври е закажан натпревар против Србија во Минхен, по што тимот на Клоп ќе гостува во Грција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер