Битола домаќин на завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија - „Благоја Георгиевски-Буштур“ - Канал 5

Битола домаќин на завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија - „Благоја Георгиевски-Буштур“

По 17 години, кошаркарскиот Куп се враќа во Битола каде ќе играат осумте најдобри екипи во земјава. По 2007 година, од денеска Битола е одново во центарот на кошаркарските збиднувања поврзани со националниот Куп „Благоја георгиевски-Буштур“.

Битола домаќин на завршницата од кошаркарскиот Куп на Македонија - „Благоја Георгиевски-Буштур“

„Среќни сме и возбудени што имаме чест и задоволство што годинава можеме да го организираме ова натпреварување и што по пет години тоа излегува надвор од Скопје и ќе се одржи во Битола.Се надеваме дека посетеноста ќе биде на високо ниво, ова е спортска недела за нашиот град бидејќи имаме два ракометни спектакли и сега тридневна кошаркарска забава со завршницата од Купот. Очекуваме голем број гости од странство, најавено е и присуството на директорот на АБА и тоа ќе биде една одлична можност за промоција и на градот и на клубот“ - потенцира пред денешниот старт на Купот, директор на клубот од Битола, Филип Ивановски.

Цената на влезните билети, крајно популарна – 100 денари

„Одлучивме цените да бидат популарни, дневен билет по 100 денари. Можеби мал проблем е тоа што Купот почнува в четврток што е работен ден, но нема пречки во попладневните термини, трибините да бидат исполнети и да се направи убава атмосфера.Од организацискиот дел, сакаме настанот да го направиме спектакуларен, ќе има танцови групи кои ќе ја забавуваат публиката, подготвуваме наградни игри на полувремето и се она што може да им биде забавно и интересно на посетителите“, порача Ивановски.

Инаку се е подготвено за почетокот на завршницата од Купот на Македонија што од денеска до сабота ќе се одржува во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Четврфиналните битки во националниот куп стартуваат во 12 часот со дуелот меѓу бранителот на трофејот МЗТ Скопје А. и Гостивар , во 14 и 30 часот за место во мполуфиналето ќе играат Еуро Никел и Чаир, во 17 часот започнува скопската пресметка меѓу Работнички и ТФТ, а во последното четврфинале ќе играат домаќинот Пелистер и тимот на Феникс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Денес се случи сообраќајна несреќа на автопатот А3, меѓу клучката кај мостот на Сава и клучката „Загреб-исток“, во правец кон Липовац.

Тешка несреќа на обиколницата кај Загреб, автомобил целосно смачкан (ФОТО)

Поради сударот, сообраќајот беше целосно запрен накратко, што предизвика колона долга околу два километра. Возилата моментално се движат низ овој дел од автопатот со ограничена брзина од 60 км/ч.

Загрепската полиција за „Индекс“ потврди дека во несреќата учествувале два камиона и три патнички возила. Екипите на итната помош се на терен, но засега нема информации за загинати или повредени лица.

Еден автомобил целосно смачкан

Црвен шлепер директно удрил во задниот дел на бел автомобил; силината на ударот целосно го смачкала автомобилот и го заглавила под камионот, додека жолт камион со кран е позициониран веднаш до нив. Во далечината се гледаат запрени возила на итните служби, како и колона од автомобили наредени по лентата за застанување во итни случаи и по сообраќајните ленти.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте

 Селекторот на светскиот шампион Шпанија, Луис де ла Фуенте постигна огромен успех со најдобрата селекција и сега треба да биде награден за тоа.

Светскиот шампион Шпанија донесе одлука за селекторот Де ла Фуенте

Де ла Фуенте е многу блиску до нов договор со Шпанската фудбалска федерација, според кој би требало да остане на чело на репрезентацијата до 2030 година, пренесува „Атлетик“.

Преговорите траат веќе два месеца, а извори запознаени со ситуацијата тврдат дека двете страни сега влегле во завршната фаза.

Де ла Фуенте ја презеде репрезентацијата во декември 2022 година и многу брзо почна да ниже успеси. Првиот голем успех дојде уште во 2023 година, кога Шпанија ја освои Лигата на нации.

Една година подоцна следеше Европското првенство во Германија. „Фуријата“ ја совлада Англија со 2:1 во финалето и се искачи на европскиот трон, а ова лето, освојувањето на Светското првенство дојде како шлаг на тортата.

Продолжувањето на соработката до 2030 година би имало и посебна симболика. Токму тогаш Шпанија ќе биде еден од домаќините на Светското првенство, заедно со Португалија и Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано, а не на криминален и коруптивен начин како што тие знаеја и умееја да направат .

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да научи дека тендер, набавка или прослава за ден на независност може да биде на легален и чесен начин организирано

СДС по се изгледа не ја научи лекцијата, а таа народот многу добро им ја предаде. Лекцијата е многу јасна, а таа е дека времето на криминалот и корупцијата е завршен.

Нам ни е јасно дека во СДС работи Фројд, бидејќи во нивно време секој тендер, набавка или било каков друг вид на договор беше проследен со низа на сомнежи, коруптивни методи и провизии.

Во нивното владеење парите од Лотарија наместо за прослави за независноста, наместо да одат кај македонските артисти, уметници и пејачи, одеа во џебовите на Артан Груби и Перпарим Бајрами.

Тоа е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Ние инвестираме, работиме и вложуваме за граѓаните, а СДС и ДУИ, парите на граѓаните и институциите одеа во џебовите на Заеви, Филипче, Груби и останатите пајташи.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер