Битка за ракометниот трон во Автокоманда, Металург домаќин на Вардар - Канал 5

Битка за ракометниот трон во Автокоманда, Металург домаќин на Вардар

Металург домаќин на Вардар во големото ракометно дерби за шампионскиот трон.

Битка за ракометниот трон во Автокоманда, Металург домаќин на Вардар
Вечерва во Автокоманда македонскиот машки ракомет ќе го добие новиот шампион. Бранителот на титулата Вардар вечерва на гостувањето во Автокоманда ќе ја брани минималната победа од Борис Трајковски од 25 -24 против мотивираниот домаќин Металург.

Покрај шампионскиот трофеј победникот од оваа голема пресметка и следната сезона ќе обезбеди директно учество во елитната Лига на шампионите.
Пред една недела во нашата најголема арена бранителот на титулата Вардар пропушти можност да обезбеди посериозна предност пред гостувањето во Автокоманда. Црвено црните неколку пати имаа водство од четири голови , но на крајот Металург стигна до негатива од само еден гол.

Домашниот Металург вечерва се очекува да биде посилен за повредениот Павел Атман , а во редовите на Вардар по кратката рехабилитација максимално подготвен за враќа Игор Карачиќ.

Дербито во Автокоманда стартува во 17 часот и 45 минути.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Конзервативната политичарка Кеико Фуџимори синоќа официјално беше прогласена за победничка на претседателските избори во Перу.

Ќерката на Алберто Фуџимори е новиот претседател на Перу

Фуџимори освои 50,13 отсто од гласовите во вториот круг на изборите одржан на 7 јуни, со што ја обезбеди највисоката државна функција при својот четврт обид да стане претседател, се наведува во соопштението на Јавната изборна комисија, пренесе Ројтерс. На второто место е левичарскиот пратеник Роберто Санчез со 49,86 отсто од гласовите, што претставува разлика од само околу 50.000 гласови од вкупно 18 милиони гласачи.

„Ова е почеток на нова фаза. Ја прифаќаме со одговорност, понизност и длабоко чувство на должност“, рече Фуџимори во објава на мрежата X откако беа објавени резултатите.

Оваа тесна победа претставува пресврт од тесниот пораз што го претрпе Фуџимори во 2021 година, кога заостануваше со околу 45.000 гласови од поранешниот левичарски претседател Педро Кастиља.

Подоцна беше импичментиран и затворен поради обид за распуштање на Конгресот во 2022 година.

Санчез, кого многумина го сметаат за политички наследник на Кастиљо, изјави дека нема да ја признае владата на Фуџимори, тврдејќи дека имало изборна измама. Конгресменот, кој уживаше силна поддршка од гласачите во руралните делови на Перу, водеше во почетните фази од броењето на гласовите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Фудбалската селекција на  Тунис беше елиминиран од Светското првенство уште во групната фаза, но сега се појави скандалозна информација.

Допинг скандал на СП 2026-Тунижаните паднаа на допинг-тестот

Како што објави британскиот „Дејли меил“, дури осум фудбалери имале траги од кленбутерол во допинг тестовите спроведени за време на турнирот.

Светската антидопинг агенција (WADA) веднаш започна истрага за да го утврди потеклото на забранетата супстанца, но првичните проценки покажаа дека не станува збор за свесен обид за подобрување на перформансите - туку за консумирање контаминирано месо за време на престојот на делегацијата во Мексико.

Иако постапката е сè уште официјално отворена, а клубовите се информирани за резултатите, сè укажува дека фудбалерите нема да бидат суспендирани. Антидопинг протоколите дозволуваат ослободување од казна ако се докаже дека позитивниот резултат се должи на случајна контаминација на храна.

Идентичен инцидент се случи во 2011 година на Голд Купот, кога петмина мексикански репрезентативци исто така беа позитивни на кленбутерол во месото, по што беа целосно ослободени од сите обвиненија по истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави.

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток

Носачот на авиони „Шарл де Гол“ го напушта регионот на Блискиот Исток, каде што беше распореден поради војната меѓу Иран и Соединетите Американски Држави, и се враќа во својата матична база во Тулон, соопшти денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Како што наведе во објава на мрежата „Икс“ (X), носачот на авиони се враќа поради „поволниот развој на настаните“, односно договорот меѓу Иран и САД за прекин на непријателствата. Макрон додаде дека француските капацитети за деминирање и нивната придружба остануваат распоредени и подготвени за интервенција заедно со партнерите.

„Шарл де Гол“ моментално се наоѓа во Средоземното Море, соопштија од Елисејската палата, пренесе „Фигаро“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер