Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
Стојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар
1Филипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неа
2Стојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар
РакометБитка на теренот и на трибините : Хрватска ја победи Србија со 24:21 Ракометната репрезентација на Хрватска ја совлада Србија во третото коло од групата А на ЕП во ракомет во Грац со 24:21.Заврши исклучително интересниот и возбудлив натпревар со оглед на фактот дека дуелот беше лишен од резултатски императив. Уште пред почетокот на натпреварот , навивачите од двете соседни земји си ги одмеруваа силите со вербални дуели и навреди. Хрватска го обезбеди првото место и трансферот на двата бода во второто коло, додека за Србија првенството заврши. Србија го одигра далеку најдобриот натпревар на турнирот, и даде фантастичен отпор на Хрватска, го држеше неизвесен резултатот 40 минути, но сепак не можеше да издржи. Дувњак и Марин Шего се креатори на уште една победа. Марин Шего забележа неверојатни 15 одбрани (43 проценти), а Дувњак на крајот го обезбеди водството над Србија. Хрватска го заврши натпреварот во групата А со три победи и донесе два бода во второто коло. Белорусија оди понатаму, но без поени, додека ЕП е завршено за Црна Гора и за Србија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче од маршот на СДСМ: Предците се бореа да имаме држава, ние мора да се избориме младите да останат во неаПретседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина.Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од маршот „Непокор.Борба.Иднина“ во Прилеп, по повод 85 години од Народното востание и антифашистичката борба, порача дека денешната генерација има историска обврска да се избори за иднина во која младите ќе останат во Македонија и тука ќе го градат својот живот. „Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. Тој посочи дека празните училишни клупи и намалениот број првачиња се сериозен аларм за иднината на државата, нагласувајќи дека Македонија не смее да се помири со иселувањето на младите. „Затоа што денес најтажната слика на Македонија се празните училишни клупи. Околу 3000 првачиња помалку оваа година. Тоа е алармот што мора сите да го слушнеме. Затоа што држава без млади луѓе нема иднина. Ние не смееме да се помириме со тоа и нема да се помириме“, порача претседателот на СДСМ. Филипче истакна дека иселувањето не смее да стане нормалност и дека секој млад човек треба да има перспектива во сопствената татковина. „Не прифаќаме иселувањето да стане нормалност, затоа што изолацијата не е опција. Не прифаќаме во 21. век да нема чиста вода за пиење. Не прифаќаме власта да нема одговори и никој да нема одговорност. И најмногу од сè, не прифаќаме една цела генерација да поверува дека за неа нема место во сопствената татковина. Затоа што патриотизам е тоа како луѓето живеат денес и што ќе им оставиме на децата утре. И тоа е мерката за успешната политика. И токму затоа денес сакам посебно да им се обратам на младите. Тие што имаат 18, 20, 25 години. Вашата генерација денес има друга битка. Битка за иднината. Ние сме тука да ја водиме за вас и со вас. Затоа, наша следна голема национална задача е заедничка. Европската иднина и европски можности за секое младо момче и девојка тука во Македонија“, рече Филипче. Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот марш во Прилеп по повод 11 Октомври - Денот на народното востание, под слоганот „Непокор. Борба. Иднина – 85 години антифашизам“. Во своето обраќање, Филипче истакна дека СДСМ е наследник на државотворните политики и антифашистичките вредности на партизаните, кои пред 85 години ја започнаа борбата за слободата и македонската државност. „Ние Социјалдемократскиот сојуз сме наследниците на државотворните политики на нашите предци партизаните, на вредносните политики на антифашистичката борба. И затоа денес кога сме соочени со криминална власт која што нè пљачка, нè изолира, повторно имаме историска улога да се бориме за слобода, за правда и за вистина. Повторно да се покаже пркос, да ѝ се спротивставиме на неправдата, да ѝ се спротивставиме на криминалната банда на власт и да ја вратиме државата во служба на народот“, рече Филипче. Тој нагласи дека историската борба за слобода денес продолжува преку демократска борба против криминалот, корупцијата, неправдата и политиките на власта кои го поткопуваат достоинството на граѓаните. „Таа улога, таа борба бара храброст, истрајност и одговорност. Ние ја имаме храброста, ја имаме решителноста, а народот е нашата сила. Нашата денешна борба ја водиме со демократски средства, со вистината, со јавниот збор, во Собранието и со гласот на граѓаните“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ посочи дека 11 Октомври не е само датум за одбележување, туку потсетник на огромната жртва на борците кои ја извојуваа слободата и ја поставија основата за создавањето на современата македонска држава. „Покрај сите наши славни историски датуми, треба да признаеме дека партизаните ја извојуваа најголемата и единствената победа која доведе до првата современа национална држава. Кога ја славиме победата, лесно ја забораваме неизвесноста пред првиот чекор. Лесно е да се биде храбар во говор, осумдесет и пет години подоцна. Во октомври 1941 година, храброста се мерела со тоа дали ќе излезеш од дома, знаејќи дека можеби последен пат ја затвораш вратата зад себе“, рече Филипче. Филипче истакна дека антифашистичката борба и победата во Народноослободителната војна се нераскинлив дел од македонската државност, од Илинден, АСНОМ до независноста, а обврската на денешните генерации е да го продолжат тој историски пат. „Од Илинден 1903, преку АСНОМ, од 1944, до референдумот за независност од 1991 година, низ различните историски епохи се провлекува една иста нишка. Тоа се поглавја на една многу, многу долга борба. Илинденците се бореа за слобода и ги поставија темелите на борбата. Асномците ците ја втемелија државноста. Генерацијата на независност ја создаде суверена и меѓународно призната република Македонија. Генерација за последните 10 години го обезбеди нашето членство во НАТО. А на нас и секоја следна генерација и останува обврската да продолжи таа историска вертикала“, рече Филипче. Тој порача дека денешната генерација има историска одговорност да ја зачува државата, да ја зајакне економски и да обезбеди иднина во која младите ќе останат да живеат во својата татковина, наместо да бидат принудени да ја напуштаат. „Да ја чува државата, да ја развива, економски да ја зајакнува и да ја носи напред кон Европа силна и обединета. Пред 85 години нашите предци се бореа да имаме своја држава. Нашата генерација мора да се избори децата да останат да живеат тука дома. И тоа е нашата историска задача“, рече Филипче. Во обраќањето Филипче порача дека борбата за Македонија денес е борба за достоинството на секој граѓанин, за подобар живот, за правда и за европска иднина, нагласувајќи дека СДСМ нема да се откаже од вредностите врз кои е изградена македонската држава. СДСМ СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦаринска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане15:16Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите не според историјата, дијалогот ќе продолжи08:43Муцунски: ЕУ да не оценува според реформите, не според историјата- дијалогот ќе продолжи 18:20
ФудбалЛапорта го нападна Реал: „Тие сакаат да го свртат вниманието“ Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на афера. Претседателот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Жоан Лапорта, остро го критикуваше најголемиот ривал Реал Мадрид, обвинувајќи го дека се обидува да ѝ наштети на репутацијата на каталонскиот клуб преку повторно актуелизирање на аферата „Негреира“. Односите меѓу двата шпански гиганти стануваат сè понапнати, а Лапорта смета дека приказната за спорните исплати кон поранешниот потпретседател на Шпанската судиска комисија се користи за да се сврти вниманието од случувањата во мадридскиот клуб. „Во Мадрид зборуваат за други теми за да го свртат вниманието. Барселона минува низ одличен период; уживаме во фудбалот и доживуваме прекрасни моменти од нашата историја. Уживаме меѓународен углед и имаме тим што ги освојува срцата на навивачите. Во Реал се обидуваат сето тоа да го омаловажат“, изјави Лапорта. Осврнувајќи се на аферата „Негреира“, првиот човек на Барселона повтори дека верува оти неговиот клуб ќе биде ослободен од обвиненијата. „Се обидоа да нè осудат уште пред да ни се суди, иако на крајот излегува дека ситуацијата не е онаква каква што ја претставуваат во обвинувањата. Целосно верувам дека Барселона ќе биде ослободена од вина“, рече Лапорта. Тој додаде дека, според него, постојаното враќање на оваа тема во јавноста само ѝ штети на репутацијата на каталонскиот клуб. „Тие ја продолжуваат истрагата колку што можат за да ја одржат приказната жива, но тоа не води никаде. Сето ова служи за да се дискредитира Барселона. Ќе дојде време да се зборува за сè кога ќе биде донесена пресудата“, изјави претседателот на каталонскиот гигант.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтојкоски: Две нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на ВардарДве нови градинки со капацитет од по 120 деца, нови училници и мега-парк на кејот на Вардар, Ѓорче Петров се развива со засилено темпо.Довербата што ми ја дадовте ја разбирам како обврска да носам одлуки што ќе го подобрат нашиот живот и ќе создадат сигурна иднина за сите нас во Ѓорче. Во минатиот период, завршивме едно важно поглавје. Наш приоритет беше подобрувањето на инфраструктурата и создавањето услови за понатамошен развој на општината. Денес може да кажеме дека направивме еден сериозен исчекор и не застануваме тука. Секој развој има своја цел. Нашата цел во овој мандат и нашиот најголем фокус се децата, нивното образование, креирањето подобри услови и создавање подобар квалитет на живот за сите семејства во Ѓорче . Нашиот најважен приоритет во овој мандат е целосно надградување на образовната инфраструктура во нашата општина. Во само првата година во мојот нов мандат, започнуваме со три големи училишни доградби. Во основното училиште „Страшо Пинџур“ Во Даме Груев се градат 6 нови училници Во основното училиште „Јоаким Крчоски“ во Волково се градат 8 нови училници. Во подрачното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во населбата Хром започнавме со изградба на исто така 8 нови училници, со што вкупно 22 нови училници на територија на општина Ѓорче Петров во моментов се градат и создаваме услови за едносменска настава во сите основни училишта. Хром конечно ја доби и новата спортска сала во подрачното училиште на „Димитар Поп-Георгиев Беровски“. Реконструираме училишни простории, инвестираме во опрема и ги уредуваме кабинетите по информатика. Истовремено градиме и нови детски градинки. Новата градинка во Дексион ќе биде со капацитет од 120 деца и целосно современ, енергетско ефикасен објект. А продолжуваме и со изградбата и на новата градинка во Стопански двор, која е исто така со капацитет од 120 дечиња и ќе има дополнително нова централна кујна со нов магацински простор кои ќе служат за потребите на јавната установа Росица во Ѓорче Петров. Нашата грижа е секое едно дете да има услови и можност за квалитетно образование и личен развој. Основното училиште „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ е првото училиште во општината кое доби најсовремен систем за греење со топлински пумпи. Во соработка со нашите партнери од УНОПС започнуваме проект во кој сме лидери со кој ги опфаќаме сите 6 основни училишта во Ѓорче Петров како и објекти од 3 детски градинки, со што постојните системи за греење ќе бидат надградени со современи топлински и еколошки пумпи. Единствена фотоволтаична централа од 2.2 МВ на покривите на училиштата, самата по себе претставува еден исклучителен проект и не позиционира како општина лидер во Република Македонија , бидејќи по самиот обем е најголема проект преку кој со јавно приватно партнерство покрај тоа што ги поставуваме фотоволтаичните централи на нашите кровови, обезбедуваме и дополнителен приход во буџетот од најмалку 7 милиони денари годишно, без дополнителен трошок од општинскиот буџет. Покрај тоа што инвестираме во образовната инфраструктура, воведовме и мерки што директно влијаат на намалување на семејниот буџет. За 410 првачиња обезбедивме бесплатни ранци, училишен прибор и по 3.000 денари еднократна финансиска поддршка. За прв пат сите полуматуранти во Ѓорче добија по 5.000 денари финансиска поддршка, мерка која што ќе продолжи и во иднина. А за младите од 18 до 25 години започнавме со иницијатива и програма за добивање на субвенции од 10.000 денари за полагање на возачки испит од Б категорија. Учениците со попреченост во нашата општина во основното образование добиваат по 10.000 денари еднократна поддршка во текот на образованието. А ја зголемивме и поддршката за новороденчиња на 8.000 денари. Општина Ѓорче Петров е инклузивна општина. А во мај оваа година и официјално го отворивме Центарот за дневен престој и индивидуален третман, кој обезбедува стручна грижа и индивидуални третмани за децата и возрасните со попреченост. Во патната инфраструктура само во периодот од последната година изградивме повеќе од 10 км нови коловози, улици и нивни краци во повеќе населени места, со што вкупната бројка на досега реализирани нови улици и краци од почетокот на првиот мандат изнесува над 300 нови вакви објекти. Ја реконструиравме улицата Воин Драшкоци во населбата Хром, главна улица којашто после години добива темелна реконструкција во должина од 950 м, а покрај целосната реконструкција на коловозот изведени се и нови тротоари на обете страни на коловозот, ќе бидат изведени и легнати полицајци и за првпат оваа улица добива и атмосферска канализација. Со којашто го решаваме долгогодишниот проблем со одведувањето на атмосферските води во населбата Хром. Поставуваме и нова канализациона мрежа во руралниот дел на улица 31 и 37 во вкупна должина од приближно 1 км. Улицата 101 во Волково во тек е со реконструкција и уредување на последната автобуска станица на линијата 22 со нова автобуска постојка, проект којшто го работиме заедно со градот Скопје. Продолжуваме со уредување на многу улици и нивни краци во руралниот дел на Ѓорче Петров, а во урбаниот дел во населбата Александрија успеавме да поставиме нова топловодна инфраструктура со цел поекономично и еколошко централно греење за жителите на оваа населба. Паралелно на тоа работиме и на ново улично осветлување од приближно 700 м и нова мрежа во населбата Александрија. Нашата цел е Општина Ѓорче Петров да стане силна општина во која луѓето не само што ќе живеат, туку ќе сакаат да останат, да создаваат семејства и да ја градат својата иднина заедно во заедницата. Затоа во периодот што следи фокус ставаме и на јавните простори, зеленилото, спортот и местата за дружење и рекреација. Започнуваме со изградбата на нов мега-парк во Ѓорче Петров, паркот Македонија на кејот на реката Вардар, веднаш до фудбалското игралиште Македонски лавови. Паралелно со тоа продолжуваме со создавање на нови рекреативни простори, меѓу кои и нов парк во населбата Волково. Продолживме со инвестиции во спортските и рекреативните зони, нешто по што бевме и претходно препознатливи, а изградивме и три нови фитнес зони во дворот на училиштето Мирче Ацев, во дворот на Беровски како и близу локалитетот Бранители во населеното место Волково, со што создаваме услови за младите од овие делови да може да рекреираат и спортуваат на отворен простор. Нашата визија е јасна: општина која ги решава инфраструктурните проблеми, општина која ја градиме во која квалитетот на живот ќе биде еден од нејзините најголеми предности. И тоа нема да го постигнеме со само еден проект, туку заедно со граѓаните и со нивното партиципативно учество во секој еден проект, заедно со институциите на општината Ѓорче Петров. Со сето ова, со отворениот пристап, Ѓорче Петров е високо на скалата на транспарентност, со подобрување од минатата година, и со сериозен напредок од 25%. А во март оваа година успеавме да ја добиеме и европската ознака CAF Effective User и станавме првата општина во Република Македонија што успешно ја помина надворешната евалуација за признание за квалитет во јавната администрација. Продолжуваме да работиме за секое маало, за секое дете и за секое семејство. Ѓорче Петров е општина во која се живее, се расте и се создава иднина заедно. Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter