МакедонијаБитиќи: СДСМ бара законско намалување на акцизата за горивата, за заштита на стандардот на граѓанитеПратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлогот на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, посочи дека горивата имаат значаен удел во производствените трошоци .Пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска седница на која на дневен ред беше Предлогот на законот за дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалицијата, а кој се однесува на намалување на ацизатата на горивата и на ДДВ-то на нафтените деривати и горивата од 18% на 5%, посочи дека горивата имаат значаен удел во производствените трошоци и дека мора да се третираат на системски како клучен влезен трошок во економијата, а не само како извор на буџетски приходи. Битиќи потенцираше дека секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата за суровината, извозот и на крајот за работното место. Во продолжение е интегралното обраќање на Битиќи: „Предлогот за изменување на законот за акцизите треба да се чита како прашање дали државата разбира што му се случува на производството, фабриките, работниците и на конкурентноста на економијата кога горивото останува поскапо. Секој денар повеќе потрошен на литар не е само трошок за возилото, тоа е трошок за машините, доставата за суровината, извозот и на крајот за работното место. Со овој предлог кој денес се предлага и е дел од трите закони, кои за две и пол недели чекаат да се стават на пленарна седница. Можеби некој предлагаше овие да доаѓаат многу покасно за Владата да преземе ретроактивни мерки. Тоа го кажува народот. Со овој предлог кај моторниот бензин бројот 25 се заменува со 21. За безоловен бензин 22 се заменува со 18 денари по литар. А кај дизелот и горивото за греење износот од 15,5 се намалува на 11,50 денари по литар. Со други зборови, предлогот создава законски амортизиран против ценовен шок кај енергенсите. Владата и самата објави дека ја намалува акцизата за дизелот за 4 денари по литар, а за безоловните бензини за 2 денари по литар, со образложение дека без таа мерка дизелот ќе биде околу 102 денари или и повеќе. Владата не спори дека акцизата е инструмент за заштита на стандардот, но нашата забелешка е дека нејзиниот пристап е реактивен, селективен и краткорочен. Додека овој предлог закон нуди поправична и предвидлива рамка. Прашањето е зошто акцизата е толку важна во овој момент? Затоа што ценовниот удар не паѓа врз силна и забрзана индустрија, туку врз индустрија што веќе слабее. Во јануари 2025 година индустриското производство растеше за 1,4%. Една година подоцна, во јануари 2026 година состојбата е значително потешка. Тоа е пониско за 6,6% а во февруари за 4,2% во однос на истиот период претходната година. Во јануари 2026 година преработувачката индустрија паѓа за 8%. Имаме структурен замор на реалната економија. Падот е и во прометот и во бројот на работниците. Прометот во индустријата во јануари 2026 година е намален за 9,4% во однос на јануари 2025 година. Бројот на работниците во индустријата веќе континуирано секој месец бележи негативен тренд. Ако минатата година имавме негативен тренд од 3,5% во јануари 2025 година и во септември 2025 минус 4,1% оваа година тој е -3,6% во јануари и -3,4% во февруари 2026 година. Кога денес зборуваме за акцизата, не зборуваме само за потрошувачката. Зборуваме за условите под кои работат компаниите и за нервозата на работникот, што знае дека секое ново поскапување на енергијата може да значи нова штедна мерка, нов застој ново кратење на приходите кои ги остварува од своето работно место. Во една ваква депресивна економска состојба акцизата мора да се гледа како анти-инфлаторен инструмент. Ако одредена компанија плаќа поскап дизел, тоа не го троши ова бесконечно. Тоа во даден момент го префрла во цената. Ако не може да се префрли на цената, тогаш го намалува профитот. Ако ниту тоа не е можно, почнува да кради инвестиции, смени, луѓе. Токму тука се гледа политичката тежина на овој закон. Тој ја штити произведствената способност на економијата, нејзиниот капацитет да создаде додадена вредност која на крајот ќе значи достоинствени плати за вработените. Почитувани пратеници, зад секој процент пад на индустриското производство стојат фабрички хали што работат поспоро, скратени смени, множество на наши сограѓани кои размислуваат дали месецот ќе има прекувремена работа, дали ќе има бонус, дали ќе има стабилност. Во такви услови државата нема право да биде крута и самозадоволна во фискалната политика. Мораме на системски начин горивото да го третираме како клучен влезен трошок во економијата, а не само како извор на буџетски приходи. Затоа се надевам дека пратениците од сите и од коалицијата, владината коалиција и опозицијата ќе го подржат еден ваков предлог“, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
ЗабаваФото: Ревија на костими за капење на „Sports Illustrated Swimsuit“Списанието „Sports Illustrated Swimsuit“ секоја година организира ревија на костими за капење во Мајами. Учеснички во програмата се главно ѕвезди од реални шоуа, инфлуенсерки и дами од модната индустрија, така било и годинава. Меѓу многуте убавици кои прошетаа во минијатурно бикини по пистата беше и провокативната реалити ѕвезда Стаси Шредер. Станува збор за поранешната ѕвезда на реалното шоу „Vanderpump Rules“, која ги воодушеви многумина на модната ревија со својот атрактивен изглед и секси одење. Сепак, јавноста на социјалните мрежи не беше задоволна од нејзините вештини, па за кратко време Стаси стана предмет на потсмев и бројни критики. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09
Шоу бизФото: Секси русокосата не препушта ништо на случајностаАктерката и манекенка Брукс Надер не престанува да изненадува со своите провокативни изданија, а моментално ужива во Франција, од каде што доаѓаат и нејзините најнови фотографии.Моделот и актерка Брукс Надер ужива во топлотниот бран, со неа уживаат и нејзините следбеници кои желно ја очекуваат секоја нова објава на оваа контроверзна убавица. Неодамна таа престојуваше и на Јадранот – ги посети Хрватска и Црна Гора – а нејзините изданија од таму исто така оставија силен впечаток на социјалните мрежи. Сепак, таа подготви нешто ново за Франција, па најпрво позираше во кратки бели шорцеви и ѝ сврте грб на камерата, а иако не е првпат да покаже нешто повеќе, повторно ги воодушеви и изненади сите. Меѓу низата фотографии се најдоа и оние на кои Брукс носи кратки и длабоко деколтирани фустани, па нејзините бујни гради беа главна тема и на овој одмор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВеќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансферДали фудбалерите навистина вредат толку многу? Веќе 21 фудбалер се платени повеќе од 100 милиони евра за трансфер, а Јан Диоманде би можел да биде следниот. Најголемиот трансфер што моментално се подготвува на пазарот е доаѓањето на Јан Диоманде од РБ Лајпциг во Реал Мадрид. Доколку трансферот се реализира, репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе се приклучи кон ексклузивната група играчи за кои се платени повеќе од 100 милиони евра. Досега, 21 фудбалер ја достигнале таа вредност, почнувајќи од летото 2013 година, кога Реал Мадрид му плати на Тотенхем 101 милион евра за Герет Бејл. Оттогаш, трансферите со обештетувања од деветцифрени износи станаа многу почести и веќе не предизвикуваат толку многу полемики како порано. Доаѓањето на клубови во сопственост на држави и милијардери дополнително го зголеми бројот на вакви трансфери. Меѓу нив, се издвојува Пари Сен Жермен, кој во 2017 година ги сруши сите рекорди со плаќање 222 милиони евра за Нејмар, активирајќи ја неговата откупна клаузула од договорот со Барселона. Само неколку недели подоцна, ПСЖ го доведе и Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Ако има еден клуб што доминира на оваа листа, тоа е Челзи. Во ерата на Роман Абрамович, а потоа под сопственост на Тод Боели, лондонскиот клуб донесе дури пет играчи за повеќе од 100 милиони евра: Морган Роџерс, Енцо Фернандез, Мојсес Кајсед, Ромелу Лукаку и Каи Хаверц. Клубови од Премиер лигата учествуваа во дури 11 од вкупно 22 трансфери вредни над 100 милиони евра. Шпанската Ла Лига, вклучувајќи го и евентуалното доаѓање на Диоманде, учествув во осум такви трансфери. Четири би му припаднале на Реал Мадрид, три на Барселона и еден на Атлетико Мадрид. Франција е претставена од ПСЖ, додека единствениот претставник на Серија А е Јувентус, поради Кристијано Роналдо. Покрај тоа што сè уште е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот, Нејмар е и играчот за кого се издвоени најмногу пари во текот на неговата кариера. Барселона и ПСЖ заедно платија речиси 400 милиони евра за неговите трансфери. На второто место е Ромелу Лукаку, за кого клубовите издвоија вкупно околу 370 милиони евра, додека Кристијано Роналдо е трет со 247 милиони. Трансфери над 100 милиони евра: 1.Нејмар – 222 милиони евра (Барселона → ПСЖ) 2.Килијан Мбапе – 180 милиони евра (Монако → ПСЖ) 3.Александар Исак – 145 милиони евра (Њукасл → Ливерпул) 4.Морган Роџерс – 138 милиони евра (Астон Вила → Челзи) 5.Елиот Андерсон – 135 милиони евра (Нотингем Форест → Манчестер Сити) 6.Жоао Феликс – 127,2 милиони евра (Бенфика → Атлетико Мадрид) 7.Флоријан Вирц – 125 милиони евра (Баер Леверкузен → Ливерпул) 8.Енцо Фернандес – 121 милиони евра (Бенфика → Челзи) 9.Филипе Кутињо – 120 милиони евра (Ливерпул → Барселона) 10.Антоан Гризман – 120 милиони евра (Атлетико Мадрид → Барселона) 11.Џек Грилиш – 117,5 милиони евра (Астон Вила → Манчестер Сити) 12.Мојсес Каиседо – 116 милиони евра (Брајтон → Челзи) 13.Еден Азар – 115 милиони евра (Челзи → Реал Мадрид) 14.Ромелу Лукаку – 113 милиони евра (Интер → Челзи) 15.Кристијано Роналдо – 112 милиони евра (Реал Мадрид → Јувентус) 16.Сандро Тонали – 108 милиони евра (Њукасл → Тотенхем) 17.Пол Погба – 105 милиони евра (Јувентус → Манчестер Јунајтед) 18.Усман Дембеле – 105 милиони евра (Борусија Дортмунд → Барселона) 19.Џуд Белингем – 103 милиони евра (Борусија Дортмунд → Реал Мадрид) 20.Герет Бејл – 101 милион евра (Тотенхем → Реал Мадрид) 21.Каи Хаверц – 100 милиони евра (Баер Леверкузен → Челзи)Тагови: милиони Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook