Битиќи: Новиот дом на џезерите од Владата доби 11,7 милиони денари, десет милиони се од ТАВ - Канал 5

Битиќи: Новиот дом на џезерите од Владата доби 11,7 милиони денари, десет милиони се од ТАВ

Една исклучително радосна вест за новоформираната национална установа Џез оркестар, која освен што доби трајна адреса од страна на Владата во Националната опера и билет, добива и финансиски средства за соодветно реновирање на просториите.

Битиќи: Новиот дом на џезерите од Владата доби 11,7 милиони денари, десет милиони се од ТАВ

Новиот дом на џезерите, куќата на џезерите, доби од Владата 11,7 милиони денари, од кои десет милиони се средства од ТАВ програмата, информираше денеска на прес-конференција заменик- претседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

- Со ова создаваме модерен амбиент, каде оркестарот ќе може непречено да создава џез музика, со што Македонија ќе ја поставиме на мапата на земји кои институционално го негуваат овој стил на музика, подвлече Битиќи.

Тој најави реализација на уште неколку други проекти. Како што кажа, ќе се реши проблематична точка во Старата скопска чаршија, зона што ги спојува двете фреквентни целини, чаршијата и Бит пазар, кај улицата „Покриена чаршија“ и улицата „Кирил Пејчиновиќ“, која, како што појасни, долго време функционира како тесно грло, „создавајќи потешкотии за минувачите и непријатно добредојде за посетителите“.

- Сега таа слика ќе се промени и ќе биде позитивно искуство за сите наши граѓани, но и туристи кои одат во чаршијата, бидејќи таа нуди единствено искуство на традицијата и на градот, нагласи Битиќи.

Тој информираше дека ќе помогнат и за доградба на спортската сала во село Јаболчиште во општина Чашка. Владините инфраструктурни проекти, додаде, преку ТАВ програмата, имале значајна улога во развојот на нашите населени места. Битиќи потсети на некои од таквите проекти.

Министерката за култура Бисера Костадиновска - Стојчевска соопшти дека Министерството обезбедило изработка на основен проект за реновирање и уредување на просторот и за санација на инсталациите на подрумските простории во зградата на Националната опера и балет.

- Просторот е со површина од 475 квадратни метри и со проектот се предвидува уредување на простор за проби и за режија, мало студио, простор за чување инструменти и ноти, машки и женски гримиорни, тоалети и три канцелариски простори. Проектот предвидува и простории за машинска опрема и електрични инсталации, рече министерката меѓу другото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Дизелот денеска повторно поскапува, трет пат по ред, откако Мицкоски најави намалување на цената. Сега еден литар дизел ќе изнесува речиси 100 денари.

СДСМ: 100 денари литар дизел – ново зголемување откако Мицкоски најави намалување на цените

Како што веќе рековме, секогаш кога Мицкоски ќе најави мерки за намалување на цените, веднаш следува ново поскапување.

По неговите најави - не еднаш, туку три пати се случува поскапување на дизел горивото.

Граѓаните веќе имаат страв од најавите на Мицкоски.

Знаат дека ќе поскапи сè, бидејќи со поскапување на дизелот поскапува транспортот, храната и останатите цени.

Сега веќе е потврдено, секоја „мерка“ на Мицкоски за намалување на цените - носи ново поскапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

СДС се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Жерновски. 

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски е талогот на општеството, 20 години на државна сметка ја цица државата и објаснува како не му се допаѓа системот

Токму тој Жерновски е талогот на општеството, кој е дел и основач на системот во државата, кој 20 години е на државна сметка и ја цица државата и беседи како тоа државата не му се допаѓа и како тоа системот треба да се промени.

Системот беше досега таков, затоа што со децении лица како Жерновски, Заев и Филипче го крадеа и уништуваа. Ликови како овие тројца, ја продаваа државата и ја понижуваа на секој можен начин, само за да си го зголемат својот џеб да им биде подлабок и на тој начин сметаат дека треба да функционира една држава.

Тој систем веќе 2 години се менува. Новиот систем е предводен од чесни политичари кои мислат на граѓаните и нивните интереси, а не на својот џеб.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови.

Континуирани вонредни инспекциски надзори низ Карпош

Општинските инспекциски служби извршија теренска контрола и обиколка на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош.

При контролите, комуналниот и градежниот инспектор констатираа неправилности кај неколку угостителски објекти, при што на еден правен субјект му беше изречена глоба, а беа издадени и неколку опомени поради отстапувања од одобрениот Елаборат за урбана опрема.

Општина Карпош повторно упатува апел до сите сопственици на угостителски објекти доследно да ги почитуваат законските одредби и условите утврдени со Елаборатот за урбана опрема.

Инспекциските контроли продолжуваат и во наредниот период, со цел обезбедување на почитување на законските прописи и уредно функционирање на јавниот простор на територијата на општината.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер