Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
1Николоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форум
2ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење
Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
1Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
МакедонијаБитиќи: Неразвоен Буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓанитеОвој ребаланс не е развоен и не е социјално одговорен. Тој е создавање на ново множество на пропуштени шанси, на скриени долгови, на селективна поддршка и на краткорочни политички пресметки.Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година. Битиќи, во своето излагање истакна дека буџетскиот дефицит останува на 41,3 милијарди денари, или 4% од БДП. -Но тоа е веќе над законски дозволената граница од 3%, односно максимум 3,5% во исклучителни случаи – а денес немаме ниту катастрофа, ниту глобален шок. Она што го имаме е криза во планирањето, криза во отчетноста и криза во вредносниот систем низ кој се креираат економските политики во држава, посочи Битиќи. Тој додаде дека дефицитот само од крајот на април до средина на јули е зголемен повеќе од двојно – од 13,4 на над 30 милијарди денари, што е јасен знак дека фискалната контрола е изгубена, а јавната потрошувачка расте непродуктивно. Битиќи истакна дека со ребалансот се зголемува задолжувањето, и домашно и надворешно, со што се создава товар за идните генерации, а секоја нова обврзница и секој нов кредит значи помалку пари за училишта, здравство и инфраструктура. -Со ребалансот домашниот долг се зголемува за 3,15 милијарди денари, надворешниот за 1,38 милијарди, а најавено е и ново задолжување од 500 милиони евра до крајот на годината. Според проценките на Фискалниот совет, јавниот долг ќе достигне 62,1% од БДП – над дозволената граница. Дополнително, Фискалниот совет идентификува над 700 милиони евра доспеани, но неисплатени обврски – скриени долгови кои не се евидентирани во дефицитот, но реално го притискаат буџетот и ја подриваат транспарентноста, нагласи Битиќи. Toj истакна дека се дуплира ставката за набавка на автомобили, капиталните расходи, наместо да одат за болници, училишта или зелена инфраструктура, се пренасочуваат за набавка на возила. -Се купуваат автомобили во вредност од речиси 900 милиони денари, во време кога капиталните инвестиции бележат ниска реализација од 28%, истакна Битќи, додавајќи дека Владата троши 1,8 милиони евра за 134 метри квадратни штанд на ЕКСПО 2027 – што значи 5.550 евра по метар квадратен, а со тие средства може да се обезбедат над 12.000 сензори за дијабетичари осносно да се опслужат 460 пациенти со дијабетес тип 1. Се кратат средствата за животна средина за 868 милиони денари, како и економската поддршка за мали и средни претпријатија, на кои и скромните 18.5 милиони денари им се ускратени на 11.5 милиони денари, рече Битиќи. Битиќи нагласи дека владата најавува зголемување на пензиите, но реалноста е дека 92% од пензионерите ќе добијат помалку отколку што би добиле со постојниот модел, а само 22.000, од над 330.000 пензионери ќе добијат 100 денари повеќе. -Проекцијата за инфлацијата останува фиксирана на 2,8%, но реалноста е поинаква – минималната кошница се зголемила за 3.443 денари само во последните четири месеци, и за 7.000 денари во текот на една година, рече Битиќи,. Животот поскапува, а платите и буџетските мерки не го следат тој тренд. Наместо мерки за заштита на куповната моќ – добиваме буџет без визија, без развојна насока и без слух за реалните потреби на граѓаните, нагласи пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, од собраниската говорница на расправата за ребаланост на буџетот за 2025 година, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Други спортовиМакедонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026Тројца млади спортисти ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Ева Митевска го освои осмото место на 100 метри, Петар Цеков заврши на 21. место во пливање, а Марио Брезовски на 24. место во триатлон.Со посветеност, борбеност и достоинствено претставување на државата, македонските спортисти го завршија своето учество на Младинските олимписки игри Дакар 2026, оставајќи зад себе спортски достигнувања и искуство што претставуваат важен чекор во нивниот понатамошен развој. Младинските олимписки игри кои се одржаа во Сенегал обединија 2.655 спортисти на возраст од 14 до 18 години од 204 национални олимписки комитети. Натпреварувањата се одржаа во 25 спортови, а за секој спорт беа одредени квалификациски критериуми за учество од страна на соодветните меѓународни федерации и Меѓународниот олимписки комитет. Дакар 2026 беше историски момент за олимпиското движење, бидејќи за првпат еден олимписки настан се одржа на африканскиот континент. Македонија учествуваше со седумчлена делегација составена од тројца спортисти, тројцата нивни тренери и шеф на делегацијата, кои ја претставуваа државата во атлетика, пливање и триатлон. Највисок пласман оствари Ева Митевска во атлетската дисциплина 100 метри, освојувајќи го осмото место во финалната трка и вбројувајќи се меѓу осумте најдобри млади спринтерки на Игрите. Особено значајно е што во финалето Ева истрча 12,28 секунди, подобрувајќи го својот најдобар резултат. Овој настап е потврда за нејзиниот напредок и способноста да го даде најдоброто токму на најважната трка. Во пливање, Петар Цеков настапи во дисциплината 400 метри слободно, со време од 4:10,60 минути, освојувајќи 4. место во својата група и 21. место во генералниот пласман. Неговата главна дисциплина, 800 метри слободно, која претставуваше негов најсилен адут, беше откажана поради високата температура на водата во базенот. Одлуката беше донесена од организаторите во интерес на безбедноста и здравјето на натпреварувачите. Марио Брезовски е првиот македонски триатлонец кој се квалификувал на едни Младински олимписки игри. Тој настапи во спринт триатлон (750 метри пливање, 20 километри велосипедизам и 5 километри трчање) и го заврши натпреварувањето на 24. место со време од 59:06 минути. Особено впечатлив беше неговиот пливачки дел, во кој Марио излезе прв од водата, пред сите останати натпреварувачи. Неговиот настап беше обележан со висока конкурентност и борбеност, потврдувајќи го потенцијалот што го носи. „Младите спортисти навистина ме воодушевија со својата посветеност, дисциплина, одговорност и односот кон обврските во текот на целиот престој. За мене, како шеф на делегацијата, беше особено задоволство да ги следам не само нивните тренинзи и настапи, туку и начинот на кој се претставуваа надвор од спортските терени. Ова беше многу повеќе од натпреварување, беше можност да растат како спортисти и личности. Настапите во Дакар треба да се вреднуваат не само низ призмата на конечните пласмани, туку и преку постигнатите лични резултати, конкурентноста, спортскиот напредок и искуството стекнато во меѓународна конкуренција. Финалето и најдобриот резултат на Ева, настапот на Петар во изменети околности и историското учество на Марио се три различни, но подеднакво важни приказни за младинскиот спорт во Македонија“, истакна Елена Зисовска Апостолска, шефица на македонската делегација. Зад настапите на македонските спортисти стоеше и посветен тренерски тим, составен од Горан Стаменов, тренер по пливање, Данчо Ѓорѓијевски, тренер по триатлон и Божурка Ѓошевска, тренерка по атлетика, чија стручна работа и поддршка беа важен дел од подготовките и настапите на спортистите. Македонскиот олимписки комитет им честита на спортистите, нивните тренери и националните спортски федерации за вложениот труд, посветеноста и достоинственото претставување на државата. Младинските олимписки игри се завршени, но за овие млади спортисти тие се само една важна станица на патот кон нови спортски предизвици. Македонија беше дел од историјата, а иднината на македонскиот спорт продолжува да се гради токму преку ваквите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаНиколоски ќе зборува за економските политики и предизвиците на регионот на 23-тиот Виенски економски форумЗаменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум.Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог за иднината 2026- заедничка визија за заедничка иднина, стратешки предизвици “ Во рамки на Форумот предвидено е обраќање на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, на панел сесијата “Заедничка визија за долгорочна економска соработка” – на кој ќе се осврне на економските политики и соработката со земјите од регионот. Николоски ќе зборува и за стратешките инфраструктурни проекти кои се градат во државава. На Форумот предвидено е учество на членови на Бордот на Виенскиот економски форум, министри од земјите од Западен Балкан, преставници од ЕУ како и високи претставници на меѓународни финансиски институции. Покрај промоцијата на регионалните економски политики и соработка, на Форумот ќе се разговара и за предизвиците и проширирувањето на ЕУ. Виенски економски форум - „Виенски дијалог за иднината 2026“ е официјално признат од Европската Комисија во рамки на глобалниот настан на „Форумот за проширување на ЕУ 2026“. Целта на Виенскиот економски форум е промоција на развојот на регионалната економија од Јадранското до Црното Море и пошироко, како составен дел од европската и глобалната економија и нивно залагање за регионална економска соработка, европска интеграција и остварување на заедничките европски вредности во целиот регион.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиењеЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 09.11.2026 до 13.11.2026 зема 200 примероци за физичко-хемиска и 200 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 51 мерни места во Градот Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18).Тагови: ЈП Водовод и канализација – Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00
31-годишен охриѓанец приведен поради претепување на девојката, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55