Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија - Канал 5

Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија

Она што како порака веќе го упатив до директорите на претпријатијата можам да го повторам и тука, а тоа е намерата на Владата да ги насочи и поддржи претпријатијата кон уште поефективно и поефикасно користење на ресурсите .

Битиќи: Намерата на Владата е да имаме ефикасни и ефективни јавни претпријатија

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес, на покана на „Центарот за граѓански комуникации", „Конект" и „Здружението на даночните советници", учествуваше на дебата која се спроведува во рамките на проектот „Засилување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис секторот" на тема „Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори", а на кој беше презентирана и публикација за резултатите од финансиското работење на 30-те најголеми јавни претпријатија во државна сопственост.

Вицепремиерот Битиќи, во своето излагање посочи дека причината и приоритетот поради кои се основани јавните претпријатија е обезбедување на услуги за граѓаните. Тоа треба да бидат квалитетни и навремени услуги, кои го олеснуваат и даваат квалитет на животот на граѓаните на нашата земја, a еден од показателите за тоа дали ја исполнуваат својата примарна цел се финансиските резултати.

„Земајќи ги предвид податоците кои произлегуваат од анализата, фактот што поголемиот број од претпријатија кои се во сопственост на државата во 2019 година имаат многу поголема ефикасност и ефективност во нивното работење во споредба со претходните години е доказ дека политиките на Владата и преземените мерки за подобрување на состојбата во овој сегмент на државното функционирање полека но сигурно ги даваат своите резултати", потенцираше вицепремиерот Битиќи.

Битиќи укажа дека поголем дел од претпријатијата работат солидно, односно имаат стабилни финансиски проекции и планови, остваруваат позитивен финансиски резултат и се самоодржливи и на среден и на долг рок.

„Она што како порака веќе го упатив до директорите на претпријатијата можам да го повторам и тука, а тоа е намерата на Владата да ги насочи и поддржи претпријатијата кон уште поефективно и поефикасно користење на ресурсите и создавање услуги кои ќе го унапредат нашето секојдневно живеење. Сепак, за оние претпријатија кои веќе одреден период или години наназад работат со проблеми или негативен финансиски резултат, сметам дека е нужно да се разгледаат опции кои ќе водат до промени", додаде вицепремиерот.

Битиќи рече дека кај дел од јавните претпријатијата, како што е и во публикацијата наведено, и државата има констатирано дека се нужни промени во концептот на нивното функционирање.

„Нашите анализи покажаа дека преструктуирањето на некои од претпријатијата е неминовен процес кој што ќе се одвива во наредниот период, впрочем истите се во корелација со податоците од оваа анализа. Веќе знаете дека Владата има започнато процес на избор на компании за физибилити студија за Македонски пошти и ТЕЦ Неготино и истиот процес ќе следи и за Железници на Северна Македонија Транспорт, ТЕЦ Осломеј или дел од енергетските капацитети кои функционираат во рамките на АД Електрани на Северна Македонија. Според податоците од физибилити студијата ќе се утврди моделот кој е најсоодветен за преструктуирање на овие претпријатија, дали тоа ќе биде јавно приватно партнерство или пак можеби приватизација на истите. Ако направените студиите покажат дека некое од претпријатијата можат да бидат самоодржливи со сегашниот статус ќе бидат направени планови за внатрешни промени кои ќе им овозможат да го подобрат нивното работење или да работат со позитивен финансиски резултат", нагласи заменикот на претседателот на Владата.

Вицепремиерот Битиќи ги повика и охрабри граѓанските организации и целиот невладин сектор и понатаму да бараат високи стандарди за отчетност и транспарентност од јавниот сектор, вклучително и од јавните претпријатија.

„Заедничка цел кон која сите работиме е јавни претпријатија кои работат ефективно и ефикасно со цел граѓаните да ги добиваат услугите кои ги заслужуваат кои креираат повисок стандард во нашето секојдневно живеење", заврши Битиќи со своето излагање.

За време на дебатата истакнато е дека е многу важно да се обезбеди квалитетно управување со јавните претпријатија во државна сопственост или во сопственост на општините. Во моментот во државата функционираат вкупно 145 јавни претпријатија во државна сопственост или во сопственост на локалната самоуправа, со вкупен приход од околу 810 милиони евра, а во кои работат околу 29 илјади лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Дури и на 41-годишна возраст, Лука Модриќ останува еден од клучните играчи на Милан под водство на Рубен Аморим. 

Модриќ: Ќе играм додека чувствувам страст

Неговиот квалитет и физичка подготвеност сè уште му овозможуваат да биде одлучувачки на највисоко ниво, што го покажа во неодамнешната победа од 3:1 против Интер. По градското дерби, неделниот рубрика на „Ла Газета дело Спорт“, „Спортвик“, му ја посвети својата насловна страница и ги објави неговите изјави за амбициите на клубот и продолжувањето на договорот.

Дерби и амбиции за титулата

По победата во дербито, Модриќ испрати јасна порака за целите на тимот.

„Беше фантастична победа, мислам дека беше нашата најдобра игра во сезоната. Ги заслуживме тие три бода, беа неопходни за нашиот морал и самодоверба. Растеме како тим и ако успееме да ги намалиме падовите во играта, кои се неизбежни во текот на сезоната, ќе имаме можност да се бориме за титулата. Тоа останува наша цел. Подобро ги спроведуваме идеите на тренерот и одиме во вистинската насока, а стадионот нè поддржува. Навивачите на Милан се неверојатни“, рече Модриќ.

Продолжување на договорот и планови за иднината

Тој се осврна и на летното продолжување на договорот со Милан и неговата иднина.

„Се чувствувам добро, сè уште имам страст, амбиција и сила. Додека се чувствувам така, сакам да играм. Ме сакаат во Милан, а јас сè уште го сакам фудбалот. Немав никакви сомнежи ова лето откако разговарав со Аморим и луѓето од клубот. Тие сакаа да останам и беше важно само да чувствувам дека сум посакуван. Милан е мојот тим и сакам да им помогнам на помладите играчи да се развиваат.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Гватемалски пратеник и тројца полицајци беа убиени во вооружен напад во источниот град Рио Хондо, изјави во понеделник претседателот на Гватемала, Бернардо Аревало.

Вооружен напад во Гватемала: Пратеник им подлегна на повредите, убиени се и тројца полицајци

Тој го осуди насилството и им нареди на безбедносните сили да помогнат во идентификувањето на одговорните, објави Ројтерс. Пратеникот Хулио Сезар Портиљо Паз беше нападнат во петокот во градот Рио Хондо и првично беше однесен во болница со сериозни повреди.

Неговата партија Национално единство на надежта (UNE) подоцна соопшти дека тој починал.

Убиствата се случија околу три недели откако поранешниот антикорупциски обвинител на Гватемала, Хуан Франциско Солорзано Фопа, беше застрелан во Гватемала Сити.

Властите сè уште не утврдиле врска помеѓу двата напада.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. 

Утре променливо облачно време со температура до 15 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

5 Попова Шапка, 6 Крушево, 8 Маврови Анови, 11 Прилеп, Берово, Крива Паланка, Виница, Тетово, 12 Лазарополе, Претор, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Штип, 13 Битола, Велес, Охрид, Демир Капија, 14 Скопје – Петровец, Струмица, 15 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Во попладневните часови и во текот на ноќта, во западните делови ќе има услови за појава на локален дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне претежно сончево, во вечерните часови ќе има услови за појава на локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Потоа од вторник ќе биде стабилно со променлива облачност во текот на денот, а во петок ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер