Битиќи: Јавно-приватниот дијалог е континуиран процес

Заедно создаваме услови за побрз и одржлив економски развој.

„Јавно-приватниот дијалог е континуиран процес и со редовните месечни средби помеѓу Владата и стопанските комори креираме најдобри решенија и создаваме услови за побрз и одржлив економски развој", потенцираше во своето воведно обраќање заменикот на Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, на редовниот состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог, која произлегува од Меморандумот потпишан помеѓу Владата и четирите стопански комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог.

На овој состанок покрај вицепремиерот Битиќи, присуствуваа и министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, претставници од министерството за економија, како и претседателите на стопанските комори: Бранко Азески (Стопанска комора на Макеоднија), Данела Арсовска (Сојуз на стопански комори), Неби Хоџа (Стопанска комора на северозападна Македонија) и Анета Антова Пешева (МАСИТ).

На денешниот работен состанок, во име на сите членки на Платформата, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа достави ажуриран и синтетизиран преглед на барања и прашања од компаниите-членки на коморите, до Владата и надлежните институции, кои се важни за нивното нормално функционирање.

Вицепремиерот Битиќи посочи дека Владата е партнер на стопанството, сите отворени прашања ќе се дискутираат, а за секое барање ќе се спроведат соодветни анализи и преку инклузивен и транспарентен процес, со меѓусебна координација и консултација на јавниот и приватниот сектор, ќе се донесат најдобрите можни решенија кои ќе обезбедат подобра бизнис клима и услови за побрз економски раст.

Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер