Бит Фест: Неделава програма за сите генерации - Канал 5

Бит Фест: Неделава програма за сите генерации

Продолжува програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ. Оваа недела програмските содржини ќе понудат културни настани за сите генерации.

Бит Фест: Неделава програма за сите генерации

Од денес, на програмата на БИТ ФЕСТ започнува „Неделата на детски филмови“ со проекција на детскиот анимиран филм „Џиновската круша“ според книгата на Јакоб Мартин Стрид.

Проекцијата со македонска синхронизација почнува во 11.00 часот додека, проекцијата на овој филм со синхронизација на албански јазик е на 07.07 во 13.00 часот. Влезот за филмските проекции кои ќе се одржат во Кино „Манаки“ е бесплатен.

„Неделата на детски филмови“, во организација на Друштвото за филмска продукција „Узенгија“ која општина Битола ја реализира во соработка со Културно информативниот центар, ќе трае до 8 јули, а покрај проекциите на „Џиновската круша“, детската публика, ќе може да ги проследи и проекциите на светски познатите детски филмови како: „Кариран ниџа“, „Хакер“, „Патештествието на принцот“ и „Мираи“.

Во вторник, на битолското културно лето, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.

Во среда, на БИТ ФЕСТ, започнува големиот „Балкан гала фестивал“, во организација на Камерниот оркестар на Битола, кој ќе понуди две незаборавни вечери, од кои едната со рок, а другата вечер со поп симфонија.

Во четврток, петок и сабота, љубителите на џез музиката, ќе можат да ја почувствуваат џез магијата низ програмата на „Џез фабрика фестивалот“ на БИТ ФЕСТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

 СДСМ со конкретни мерки за повеќе пари за  студентите и учениците.

СДСМ: Со ребаланаот се кратат парите за младите

Власта со ребалансот крати пари кај младите, за да ги пополни дупките во Буџетот од промашените економски политики.

Парите од програмата за млади е скратена за 1 милион денари а за демографски политики се намалени за 70%.

Каква „трета економија“, каква „финансиски стабилна држава“ пари нема за младите.

Додека секој трет човек сака да си замине од земјава, власта уште им намалува пари.

Вака изгледа држава што ја води Мицкоски и неговата криминална организација ВМРО, на која младите не и се приоритет.

СДСМ е на страна на младите и со амандмани во Собранието бараме да се исправи оваа неправда.

Бараме 150 милиони денари за зголемување на студентскиот оброк, како мерка за поддршка на стандардот на студентите.

Бараме 6 милиони денари за зголемување на стипендиите за студентите.

Бараме повеќе пари за реновирање на студентските домови за подобрување на условите.

243 милиони денари за бесплатен училишен оброк во основните училишта.

Повеќе пари за еднаков пристап до образование за учениците со попреченост и посебни образовни потреби

Младите заслужуваат да учат во современи основни и средни училишта. Затоа имаме посебен амандман за 200 милиони денари за опремување на училиштата со современа научна технологија.

Со нашите амандмани бараме повеќе пари за финансиска поддршка на ученици на меѓународни натпревари и олимпијади.

Повеќе пари за младите, а помалку за расипничкото трошење на власта.

Сега Власта е на потег, да видиме дали ќе се откаже од луксyзот и дали парите да ги пренамени за младите.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видеонадзор за поголема безбедност во Општина Аеродром

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување систем за видеонадзор на детските и спортските игралишта, како и во парковите. На вчерашната седница на Советот беше усвоен предлогот за отпочнување на постапката.

Видеонадзор за поголема безбедност во Општина Аеродром

Општината упатува благодарност до советниците кои ја препознаа важноста на оваа мерка и дадоа поддршка за нејзината реализација.

Секое искршено игралиште претставува загуба за сите граѓани, а најмногу за најмладите. Затоа, покрај реконструкцијата и обновата на спортските и детските игралишта, Општина Аеродром презема конкретни чекори за нивна трајна заштита. Целта е да се спречи вандализмот и да се зачува јавниот имот.

Новиот систем за видеонадзор ќе придонесе за спречување на вандализмот, заштита на општинскиот имот и урбаната опрема, зачувување на парковите и игралиштата, како и поддршка на надлежните институции во откривањето сторители на казниви дела. Истовремено, ќе овозможи поголем јавен ред, повисоко ниво на безбедност и подобра заштита на јавната инфраструктура.

Реализацијата на проектот ќе се спроведе согласно со законските процедури, со целосно почитување на прописите за заштита на личните податоци и сите важечки стандарди.

Безбедноста е инвестиција во иднината. Со оваа мерка, Општина Аеродром продолжува да создава побезбедни, уредени и зачувани јавни простори, во интерес на сите граѓани и на идните генерации.

Општина Аеродром

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик.

Манасиевски: Различни изговори, но иста цел, поради ниските рејтинзи, СДС, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик

Секоја од овие опозициски партии излегува со различен изговор. СДС е против олеснување на гласањето на македонската дијаспора, Левица доби повеќе пари па после се откажа, додека пак ДУИ, отвора нови услови за начинот на одлучување во ДИК.

Различни образложенија, но иста цел, а таа е да не се донесе нов Изборен законик, за да се создаде алиби за поразот на опозицијата на следниот изборен циклус.

Очигледно е дека зад ваквото однесување стојат политички калкулации и обид да се прикрие стравот од соочување со граѓаните на следните избори.

ВМРО-ДПМНЕ останува доследно на ставот дека ги прифаќа сите барања на опозицијата, само да се олесни гласањето на дијаспората.


YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер