Бит Фест: „Кротењето на фуријата'' во режија на Пројковски ја воодушеви публиката - Канал 5

Бит Фест: „Кротењето на фуријата'' во режија на Пројковски ја воодушеви публиката

На програмата на БИТ ФЕСТ, културното лето кое се одржува во Битола и денес продолжува Битола Шекспир фестивалот.

Бит Фест: „Кротењето на фуријата

Како дел од програмата на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, синоќа на четвртата вечер на Битола Шекспир фестивалот, во големата сала на Народниот театар се одигра претставата ,,Кротењето на фуријата'' во режија на битолчанецот Дејан Пројковски, во изведба на Градски театар Подгорица, Црна Гора.

Над два часа, публиката постојано беше мотивирана и со целосно задржано внимание од актерската игра, музиката и хуморот, кои на сцената ги внесоа црногорските актери, особено Лазар Драгоевиќ во улогата на Петручио и Милица Мајкиќ во улогата на Катарина. Публиката пак, на крајот со овации ги испрати актерите, како и битолските протагонисти во претставата – сценографот Валентин Светозарев и режисерот Дејан Пројковски.

И како што самиот Пројковски за претставата ја истакна неговата режисерска визија, тоа целосно беше видливо на сцената:

Претставата „Кротењето на фуријата“ ги компарира двата принципи машкиот и женскиот, потпирајќи се на одредени аспекти на женската сексуалност и на машката доминација во современиот и модерен актерски израз, кој се заснова на Шекспировото сфаќање на театарот, играта, времето и просторот.

-Како режисер, имам искуства со психолошко сенчење на женските ликови. Ми се чини дека женските ликови се секогаш психолошки попрефинето осенчени од машките; женската смисла мене ми личи на харфа, а машката на гитара, бројот на жиците е различен. Со ова не сакам да им дадам предност на жените пред мажите, во смисла на сензибилитет, зашто знам дека уште од учењето за анимусот и анимата е вообичаено така да се мисли. Нашата задача во театарот е да ги уриваме стереотипите за машко и женско“, изјави Пројковски.

ДЕНЕС НА БИТ ФЕСТ

На програмата на БИТ ФЕСТ, културното лето кое се одржува во Битола и денес продолжува Битола Шекспир фестивалот.

Во 20.00 часот, во големата сала на Народниот театар, публиката ќе има можност да ужива во ,,РОМЕО И ЈУЛИЈА, ПОСЛЕДНИТЕ ЧАСОВИ’’ во изведба на Imperfect Dancers Company од Италија. Оваа постановка е модерна кореографска приказна, која преку перфекната игра на танчерите не внесува во Шекспировиот свет. Imperfect Dancers Company се познати од минатите години на Битола Шекспир фестивалот, кога приредија неверојатно доживување и разгалување на сетилата со ,,ХАМЛЕТ’’ и ,,ЛЕДИ МАКБЕТ’’

Во 22.00ч публиката ќе има ексклузивна можност да ја погледне монодрамата ,,ХАМЛЕТЕЛИА" во изведба на Каролина Пагани од Италија.

Оваа претстава е ново читање и фрла ново светло врз Шекспировиот Хамлет, овојпат прикажан преку иронија и комични елементи. Во оваа претстава Офелија станува Гертруда, лесно се преобразува во Хамлет, Лаерт...Хамлетелиа претставува едно необично патување од современоста до Елизабетанската ера која истовремено ги истражува различнте актерските стилови и е еден вид крстосница помеѓу нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донации

Случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.

Пијани лица во Охрид демолирале објект кој претходно бил обновен со донации

Фејсбук страницата „Охриѓани“ преку видео-објава информираше за тоа како непознати лица вандализирале простор кај домот Лакочере, кој во изминатите години, како што наведуваат, бил обновен со донации и претворен во мултифункционален објект за локалната заедница.

Во објавата се тврди дека група млади лица, меѓу кои имало и девојки, престојувале на локацијата, консумирале алкохол, и според видео снимките, го демолирале објектот.

Според објавеното, случајот е пријавен во полиција, која извршила увид и ги подигнала потребните докази.

Од „Охриѓани“ велат дека преку снимки од приватни безбедносни камери веќе утврдиле со какви возила пристигнале лицата и очекуваат наскоро да биде откриен нивниот идентитет.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ

Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Хрватска во Македонија,Тигањ.

Градоначалникот Ѓорѓиевски оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб.

Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе придонесат за подобар квалитет на живот на граѓаните на двете метрополи.

Посебно внимание беше посветено на можностите за соработка во рамките на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“. Соговорниците разговараа за меѓународната промоција на проектот, културната размена, како и за поврзувањето на Скопје со европските градови, институции и културни мрежи.

На средбата беше истакнато дека проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ претставува значајна можност за афирмација на главниот град како современ европски културен центар, кој успешно ги спојува богатото историско наследство, културната разновидност и современата креативна енергија.

Двете страни ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството меѓу Скопје и Загреб преку реализација на конкретни заеднички проекти и иницијативи, кои ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу Македонија и Хрватска и ќе донесат придобивки за граѓаните на двете земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДС

Владата на ВМРО-ДПМНЕ реализира конкретните мерки и програми за младите.

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДС

СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста.

СДС уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините.

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер