Бислимовски очекува струјата да не поскапи за повеќе од еден процент

Првиот регулатор Марко Бислимовски не очекува  просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари да се зголеми за повеќе од 1 %.

Ваквите прогнози доаѓаат откако на денешната седница беа одредени цените за мрежарина, пренос и дистирибуција на струја, и откако претходно на тендеротот на ЕВН Хоум, минатата недела, ЕСМ понуди цена од 62 евра за мегават час за покривање на 100 % од потребите. Бислимовски изјави дека мрежарината, се намалува за 7 проценти, а нејзиниот удел во крајната цена што ја плаќаат домаќинствата и најголем дел од малите потрошувачи изнесува 38%.

„Претходно мрежарината кај домаќинствата изнесуваше 2,3 денари сега изнесува 2,14 денари. тоа влијаение на крајната цена е околу 38%. Цената на МЕПСО за пренос на електроична енергија се зголемува за 5,68%, при што влијанието на крајата цена е 4 %, цената за дистрибуција на електрична енергија се намалува за 5,52% , влијанието на крајната цена изнесува 33%, и цената на операторот на пазарот на електрична енергија се зголемува за 19,8 % каде влијаението е екстремно мало, и изнесува 0,19%... “ - Марко Бислимовски – претседател на Регулаторна комисија за енергетика

И оваа зима евтината дневна тарифа останува од 13 до 15 часот. Аналзиите на регулаторна покажале дека до идната пролет нема да има промена на временскиот период.

„Нашите анализи покажаа дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионов и на нашата берза се најниски во перидот од 12 до 16 часот, а највисоки до 20 до 24 часот. Имајќи предвид дека нашите домаќинства имаат стекнати навики во однос на евтината тарфиа се одлучивме до пролетта да ја оставимитувцијата таква каква што е па после во однос на ситуацијата во АД ЕСМ ќе носиме одлуки.“- Марко Бислимовски – Претседател на РКЕ

Бислимовски вели остануваат посветени на обезбедување на ценовна стабилност пред се за домаќинствата. Колкаво ќе биде точно зголемувањето на цената на струјата ќе биде познато деновиве откако пресметките ќе ги направи ЕВН ХОУМ. Новата цена на струја треба да се донесе до крајот на месецов, а ќе важи од 1 јануари.

Селена Гомез со свршеникот им делеа храна и вода на пожарникарите во Лос Анџелес (ВИДЕО)

Пејачката и актерка Селена Гомез и нејзиниот вереник, продуцентот и текстописец Бени Бланко, делеле храна и вода на луѓето кои помагале за време на пожарите во Лос Анџелес, вклучувајќи пожарникари, војници и полицајци.

Тие објавија неколку стории на Инстаграм. Во еден клип, Гомез сними неколку полицајци и воен персонал како се собираат за да добијат помош. „Благодарност на овие поединци“, напиша таа.

На друго видео се гледа како свршениот пар ги распакува сендвичите и ги става на масата. И Бланко и Гомез носеа маски за лице за да се заштитат од моментално опасниот квалитет на воздухот во Лос Анџелес, објави Пипл.

@selenagomezecu Selena Gomez and Benny Blanco helping to pass out food and more to those affected by the California wildfires. @Selena Gomez y @benny blanco ayudando a repartir alimentos y más a los afectados por los incendios en California. #fans #rarebeauty #california #selenagomez #bennyblanco ♬ original sound - selenagomezecu

Бланко, исто така, сподели видео од нивната волонтерска средба на социјалните мрежи и се заблагодари на локалната фабрика за сирење што ги донира садовите. Тој потоа објави фотографија од камион полн со енергетски пијалоци и креми за сончање, кои ќе им ги подели на оние кои се во првите редови на гаснењето на пожарите.

„Не можеме доволно да ви се заблагодариме“, додаде тој на фотографијата на која Гомез разговара со пожарникарите.

Да потсетиме дека во разорните пожари во Лос Анџелес, илјадници луѓе останаа без покрив над главата откако нивните имоти беа уништени, а најмалку 24 лица ги загубија животите. Во меѓувреме, некои познати личности се приклучија во одговорот на оваа криза.

Трамп планира да ги определи криптовалутите за национален приоритет на САД

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп планира да издаде извршна наредба со која ги дефинира криптовалутите како национален приоритет на Америка.

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп планира да издаде извршна наредба со која ги дефинира криптовалутите како национален приоритет на Америка и ќе им овозможи на инсајдерите во индустријата да ги изразат своите ставови во рамките на претседателската администрација, пишува Блумберг, повикувајќи се на анонимни информирани извори.

Тоа е стратешка формулација која има за цел да ги насочи владините агенции во САД да работат со индустријата за криптовалути, додаваат изворите.

Исто така, се планира да се формира советодавен совет за криптовалути кој ќе се залага за приоритетите на индустријата.

Наредбата може да вклучи и директива за сите владини агенции да ги прегледаат политиките за дигитални средства и евентуално да го паузираат секој судски спор што вклучува криптовалути, велат изворите.

Се размислува и за создавање на национална резерва на биткоини која би ги вклучила постојните државни акции на најголемата криптовалута во светот.

Американската влада моментално поседува биткоини во вредност од речиси 20 милијарди долари, запленети како дел од различни истраги, според аналитичката компанија Arkham.

Индустријата за криптовалути беше често под лупа за време на претседателствувањето на Џо Бајден, така што оваа одредба би претставувала голема промена, додава њујоршката агенција.

Трамп има поддршка од индустријата за криптовалути, која има силно присуство во Вашингтон и е поддржана од добро финансирани политички акциони комитети.

Голем број компании, вклучително и Coinbase и Ripple, донираа средства за инаугуративниот фонд на Доналд Трамп, а целата индустрија денеска организира „инаугуративна крипто топка“ во Вашингтон, во чест на „првиот крипто претседател“ на САД.

Алпина има најсилен модел досега, ќе произведе само 99 примероци (ФОТО)

Alpina се приклучи на BMW Group на почетокот на 2022 година и работи на целосно нова моделска линија планирана за втората половина на деценијата.

Тоа значи дека претходниот договор меѓу двете марки истекува на крајот на оваа година, оставајќи време за уште еден специјален автомобил. Таа улога ја презеде Alpina B8 GT, најмоќниот сериски автомобил што оваа специјална марка со седиште во Бухло некогаш го има произведено.

Alpina B8 GT е опремена со моќен твин-турбо, 4,4-литарски V8 мотор специјално дотеран да испорачува 625 коњски сили и дури 850 Nm вртежен момент. Тоа е зголемување од 12 КС и 50 Nm во споредба со Alpina B8. Во исто време, тоа е само една коњска сила помалку од најмоќниот бензински автомобил на BMW, M5 CS, кој развива 626 КС. Сепак, Alpina B8 GT има дополнителни 100 Nm вртежен момент во однос на моќниот M5.

B8 GT е вистинска луксузна ракета на тркала, на која му се потребни само 3,3 секунди за да забрза од 0 до 100 km/h, додека спринтот од 0 до 200 km/h трае само 10,5 секунди. Овој луксузен седан лесно достигнува максимална брзина од 330 km/h. Alpina дополнително го адаптираше осум-брзинскиот автоматски менувач, развиен во соработка со ZF, за да се справи со дополнителниот вртежен момент на моќниот V8 мотор.

За разлика од BMW M8 Gran Coupe, кој користи оригинален M мотор под ознаката S63, Alpina B8 GT ја користи стандардната верзија N63, што го прави поблиску до M850i ​​отколку M8. Секако, тоа беше поентата – како и кај другите модели на Alpine, целта на B8 GT не е доминација на тркачките патеки, како кај моделите М на BMW, туку удобно и исклучително брзо „голтање“ километри на автопатите.

Производството е ограничено на само 99 примероци, од кои само 20 автомобили ќе бидат достапни во двобојна комбинација на каросеријата, која комбинира сина или зелена со црна боја. Сите автомобили доаѓаат со суптилни аеродинамички додатоци од карбонски влакна, вклучително и поистакнат заден дифузор. Карактеристичните 21-инчни тркала Alpina Classic се обложени со гуми Pirelli P Zero. Внатрешноста е целосно обложена со кожа со дрвени облоги и специјална ознака B8 GT.

Промените се заокружени со метални влошки во држачот за чаши, потпишани од Буркард Бовенсипен, основачот на Alpine, кој почина во октомври 2023 година.

притисни ентер