Бислими до Стано: Обидот да се одржат српски избори во Косово не е во духот на дијалогот - Канал 5

Бислими до Стано: Обидот да се одржат српски избори во Косово не е во духот на дијалогот

„ Обидот да се одржат српски избори во Косово без претходно барање не е во духот на дијалогот“.

Бислими до Стано: Обидот да се одржат српски избори во Косово не е во духот на дијалогот

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во дијалогот со Србија, Бесник Бислими ги отфрли како некоректни критиките на портпаролот на Европската унија, Петер Стано на сметка на косовските власти поради недозволувањето на гласање на избори на Србија на територијата на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Стано деновиве изјави дека е „за жалење што воспоставената практика да им се дозволи на косовските Срби да гласаат во Косово за српските парламентарни избори со олеснување на ОБСЕ повторно не беше дозволена од косовските власти“. Според Стано, таквата одлука на официјална Приштина не е во согласност со духот на дијалогот.

Бислими на платформата „Х“, поранешен Твитер, му порача на портпаролот на ЕУ дека токму обидот да се организираат избори на друга држава во Косово без претходно барање не е во духот на дијалогот.

Косовскиот вицепремиер го повтори ставот на Владата на Албин Курти дека, сé додека нема директно официјално барање од Белград, не може да има одлука за одржување на српски избори во Косово.

„Во нашата држава годинава нема планирани избори. Доколку властите на другите земји претпочитаат да организираат избори на Косово за својата дијаспора, тогаш тие треба официјално да побараат од нашите власти позитивна одлука и поддршка. Обидот за организирање избори без претходно барање или позитивна одлука не е во духот на дијалогот и не придонесува за градење доверба. Сé додека нема директно официјално барање, не може да има тква одлука. Господинот Стано верувам дека го знае ова“, напиша Бислими.

Парламентарните избори во Србија се закажани за 17 декември оваа година.

Во минатото, по прогласувањето на косовската независност во 2008 годинса, со асистенција на меѓународната заедница, им се овозможуваше на косовските Срби да гласаат на избирачките процеси во Србија, меѓутоа таа пракса се прекина од доаѓањето на власт на Курти во февруари 2021 година.

Косовските Срби, од тогаш, немаа можност на косовска територија да гласаат за српскиот референдум во јануари 2022 година и за вонредните избори во април истата година, затоа што Курти постави услов Белград да достави официјално барање за такво нешто до Република Косово. Белград ги одби таквите барања и за гласање на косовските Срби организира превоз до гласачки места во Србија во близина на границата со Косово. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“

Странските државјани преку веб апликација safecountry. Mov. Gov со мобилен интерфејс – „Безбеден град“.

Странските возачи преку  safecountry.gov. mk  moже го следат системот „Безбеден град“

Странските државјани преку апликацијата ќе можат едноставно и директно да добијат информации за сообраќајните прекршоци евидентирани со системот „Безбеден град“, да имаат увид во издадените прекршочни платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат.

„При логирањето, потребно е возачот да ја слика или скенира својата патната исправа и да ја внесе регистрацијата на возилото или возилата што тој ги користи во нашата држава“, соопштија од МВР...

На овој начин, како што појаснија, странските возачи кои со своите возила ќе бидат евидентирани дека сториле сообраќаен прекршок на територијата на целата држава, ќе можат навремено и едноставно да се информираат и да ја регулираат својата обврска, без потреба од дополнително задржување на граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер