Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
1Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
МакедонијаБишев: Да се редуцираат буџетските дотации за пензии и да се сведат под 30 отстоФискалната стратегија се уште не ја игра улогата на стратешки документ што треба да е сидро за макроекономските и развојните политики на земјата. Стратегијата често се менува, дури и на годишна основа. Така се губи долгорочната ориентација и за макроекономските политики и за фискалната политика. Анализата за периодот 2004 - 2023 година покажа склоност економскиот раст да се стимулира со фискална експанзија што треба да се преиспита зашто доглорочно не дава соодветни резултати. Јавниот долг надмина 60 отсто во 2024 година, но според статситиката не се земаат неизмирените обрвски кои на крајот од 2024 годинаизнесуваа четири отсто. Со ревизијата на оваа статистика, јавниот долг е околу 65 отсто од БДП што е согласно финансиската и буџетската статистика на ЕУ, рече денеска претседателот на Фискалниот совет Глигор Бишев. Пред членовите на собраниските комисии за економски прашања и финансирање и буџет, европските експерти и претставници, Бишев напомена дека Фискалниот совет ја оценува како добра Фискалната стратегија 2025 - 2029 година што ја усвои Собранието. -Стартегијата е добра рамка за фискална консолидација и на тој план буџетските дефицити се намалуваат на четири проценти во 2025 година и на 2,8 отсто во 2029 година. Со оваа динамика, Фискалниот совет целосно се согласува и ја поддржува, а јавниот долг е од 62 отсто во 2026 година на 59,7, но моменталните податоци се дека фискалниот долг е веќе 60 проценти, без достасаните обврски. Во однос на ризиците, укажавме дека фискалниот капацитет на јавните приходи врз основа на даноци и придонеси е 32 - 33 отсто од БДП. Во најновата студија на ММФ само фискалниот капцитет базиран на даночни приходи е проценет на 22,24 проценти, а од друга страна буџетските расходи за наредните четири години се проектирани на ниво од 40 проценти од БДП и тука го гледаме најголемиот ризик за реализација на буџетската стратегија. Препорачавме да се зголеми ефикасноста и да се намалат јавните расходи, да се зголеми фискалната дисциплина особено кај јавните институции, државните претпријатија, локалната власт, реформа на пензискиот систем и воведување еколошко оданочување, како и конвергенција кон даночните системи со ЕУ, нагласи Бишев. На долг рок, според Фискаланиот совет, додаде, треба да се редуцираат буџетските дотации за пензии и да се сведат под 30 отсто зашто на долг рок над тој процент е неодржливо и го прави Буџетот ранлив. -Ја поддржавме определбата на Владата изнесена во Фискалната стратегија јавните инвестиции во просек да изнесуваат пет отсто од БДП, а според Стратегијата за развој 2024 - 2044 што исто така ја усвои Собранието, тие се проектирани на 6,5 отсто од БДП со напомена дека ако во текот на годината средствата не се потрошат, не се пренаменуваат во тековни расходи, туку да останат за инфраструктура и инвестиции во наредната година или да се формира јавен фонд за инвестиции. Фискалниот совет препорачува да има квантификација на буџетските ефекти, односно на влијанието на предложените мерки и закони врз буџетските приходи, расходи и врз Стратегијата, да се отвори дебата за воведување уште едно фискално правило за јавните расходи, за нивниот раст во однос на номиналниот раст на БДП, како и да нема ревизии на фискланите приоритети пред изборните периоди, подвлече Бишев. Една од препораките на Фискалниот совет е и при предлагањето мерки и закони обврзно да има и фискална проценка за ефектите од нивното спроведување. Бишев во обраќањето рече дека македоските фискални правила во целост ги исполнуваат критериумите на Светска банка: обезбедуваат долгорочна стабилност на јавните финансии и на фискалната политика, овозможуваат реакција во услови на еконосми шокови или при потреба од дополнителни инвестиции во инфраструктурни проекти и развој, а во добри времиња овозможуваат да се создадат фискални бафери за тешки времиња. Во македонската регулатива во најголем дел, додаде, се веќе се вклучени и новите фискални правила за независните финансиски институции на ЕУ, останува уште да заживеат во пракса. Осврнувајќи се на релациите со релевантните државни институции, Бишев уакажа дека досега соработката на Фискалниот совет со нив главно се сведувала на вршења анализи и давања мислења или препораки откако буџетските или фискалните документи веќе биле усвојувани или доставувани до Собранието. Фискланиот совет не бил вклучен, рече, во подготовката на овие документи за да се искаже по макроекономските претпоставки или за потенцијалните ризици. Бишев ја истакна потребата од кадровско јакнење и финансиската незваисност на Советот. Напомена дека е неопходно да се обезбедат довлно и стабилни средства на долг рок. Презентацијата „Фискално управување во ЕУ и улогата на Фискалниот совет“ почна со воведни обраќања на претседателите на Комисијата за финансирање и буџет и на Комисијата за економски прашања, Сања Лукаревска и Бојан Стојановски. Потоа свој осврт дадоа евроамбасадорот Михалис Рокас и директорот на Канцеларијата на Светската банка во земјава Масимилиано Паолучи по што следуваа излагања и на експертите. Како што беше предочено, независност, стабилно долгорочно планирање, транспарентност, отчетност и комуникација со јавноста, се само некои од основните карактерирстики што треба да ги имаат независните финансиски институции (НФИ) или фискалните совети.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИлјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант. Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти. Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти. Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.Тагови: Истанбул протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter