Бисера Костадиновска - Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска - Канал 5

Бисера Костадиновска - Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска, во Министерството за култура и ја предаде функцијата на новоизбраната министерка, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Бисера Костадиновска - Стојчевска ја презеде функцијата министерка за култура од Ирена Стефоска

На новоименуваната министерка Костадиновска - Стојчевска, Стефоска ѝ посака срдечно добредојде во Министерството и многу успех во мандатот. Таа подвлече дека во ресорот се започнати повеќе процеси и проекти кои се од системско значење за уредување на културата, а кои поради сложеноста се одвиваат во повеќе фази кои бараат континуитет. Некои од нив се во сферата на заштитата на културното наследство, инвестициите, нормативата, евроинтеграциите, УНЕСКО, како и функционалната анализа во самото Министерство за култура. Стефоска им се заблагодари за довербата и соработката на својот тим и на сите вработени во Министерството, како и на културните работници и на уметниците.

Новоименуваната министерка за култура, Бисера Костадиновска - Стојчевска, се заблагодари на убавите желби упатени од Стефоска и рече дека позицијата министерка за култура на Република Македонија ја презема со голема чест и одговорност.

„Подготвена сум за предизвиците и за соочување со проблемите, но и за убавината и прогресот што културата ги носи како силен обединувачки елемент во секое општество. Искрено верувам дека сите заедно ќе оствариме нови цели и успеси со трајни вредности", рече министерката Костадиновска – Стојчевска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 години

Повеќето луѓе го проверуваат своето здравје еднаш годишно преку рутински лекарски прегледи. Но, ваквите прегледи даваат само моментална слика за состојбата на организмот.

47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 години

Ново истражување од National University of Singapore (NUS Medicine), во кое професорот Дин Хо бил и самиот учесник, нуди поинаков поглед на здравјето и долговечноста.

Студијата, наречена DELTA, се заснова на идејата дека секој човек има сопствена биолошка основа која постојано се менува во зависност од возраста, стресот, спиењето, исхраната и физичката активност.

За да ги следи промените во организмот во реално време, 47-годишниот професор значително го променил својот животен стил. Неговиот режим вклучувал пост од околу 20 часа дневно, повремени 48-часовни пости, 90 минути кардио или вежби со отпор секое утро, како и медитерански начин на исхрана со зелен лиснат зеленчук, семки, маслиново масло и немасни протеини.

Според податоците објавени во списанието PLOS ONE, систем со вештачка интелигенција, специјално развиен за истражувањето, проценил дека биолошката возраст на професорот е 32 години, односно 15 години помалку од неговата хронолошка возраст.

Истражувачите следеле и други промени. Времето потребно неговиот организам да премине од користење глукоза кон масти како главен извор на енергија се намалило од 24 на 16,5 часа. Пулсот во мирување се намалил од 65 на 46 отчукувања во минута, додека времетраењето на спиењето се зголемило од 5 на 8 часа. Подобрена била и разновидноста и состојбата на цревниот микробиом.

„Здравјето е континуирана приказна, а не само една моментална слика“, вели професорот Дин Хо.

Истражувачите се надеваат дека DELTA ќе помогне луѓето да се оддалечат од универзалните здравствени рутини и наместо тоа да го приспособат својот животен стил според континуирани и персонализирани здравствени податоци.

ФОТО: instagram/thedeanh

Извор: medscriptum

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Општина Центар, во соработка со „Прв до врв“, на 12 септември го организира „CENTAR NIGHT RUN“ – првиот општински полумаратон во државата и нов спортско-забавен настан во срцето на Скопје.

Герасимовски: Центар ќе биде домаќин на првиот општински полумаратон „CENTAR NIGHT RUN“

Ноќната урбана трка ќе започне во 18:00 часот, а учесниците ќе трчаат низ центарските улици, во поинаква вечерна атмосфера.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повикува граѓаните, љубителите на трчањето и спортот да бидат дел од првото издание на „CENTAR NIGHT RUN“.

Centar Night Run — Ноќна урбана трка | Скопје 2026

„Сакаме Центар да живее и преку спортот и да создава настани што ги обединуваат луѓето. Особено ми е драго што токму нашата општина ќе биде првата општина домаќин и организатор на полумаратон во државата. На 12 септември ги отвораме центарските улици за тркачите, но и за сите граѓани кои сакаат да бидат дел од една поинаква вечер исполнета со спорт, дружење и забава. Ги поканувам сите да ни се придружат“, вели Герасимовски.

„CENTAR NIGHT RUN“ има за цел да го промовира трчањето, активниот начин на живот и дружењето, но и да донесе нова спортска енергија на улиците во Центар.

По завршувањето на „CENTAR NIGHT RUN“, вечерта ќе продолжи во Паркот на Франкофонија со традиционалниот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, со што спортската вечер ќе прерасне во голема забава за сите учесници и посетители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд

Поради зачестените пријави од граѓаните и зголемениот број евидентирани прекршоци во повеќе области, Општина Битола, како и минатата година, повторно воведува секојдневни дежурства на општинскиот инспекторат и надвор од утврденото работно време.

Зголемени инспекциски контроли на општинскиот инспекторат во битола - надзори и во вечерните часови и за викенд

Со оваа одлука, инспекторите ќе бидат активно присутни на терен во текот на работните денови, како и за време на викендите и неработните денови. Дежурствата ќе опфаќаат вонредни надзори и обиколки на територијата на целата општина Битола, со цел навремено да се констатираат и спречат незаконски и прекршочни постапувања.

Засилените контроли ќе се однесуваат на области како што се градежништвото, комуналните дејности, јавната чистота, како и несовесното постапување со јавните добра. Посебно внимание ќе се посвети на појавите кои што го нарушуваат јавниот ред и квалитетот на животната средина.

Граѓаните можат да го информираат општинскиот инспекторат за затекнати неправилности, несоодветно однесување или други појави од надлежност на инспекциските служби на дежурниот телефонски број 075388797.

Целта на воведувањето на дежурствата е превентивно делување и навремено постапување при сите нерегуларности, недоследности и незаконитости на територијата на Општина Битола.

Со оваа мерка, Општина Битола останува доследна на спроведувањето на законските одредби и на навременото решавање на проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер