Бирнс во својата прва честитка : Со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници

Американската амбасадорка Кејт Бирнс во својата прва новогодишна честтика изрази надеж за просперитетна Нова 2020 и продлабочување на односите меѓу двете земји.

,,Среќни празници од Американската амбасада во Северна Македонија. Како што се потсетувам за што да зборувам во мојата прва новогодишна честитка , имаше многу моменти што заслужија внимание во текот на изминатата година.

Вашата земја седна рамноправно на масата на НАТО самитот во Лондон , со што се остварија долгогодишните аспирации за членство во Алијансата. Тоа е заокружување на процесот што почна со потпишувањето на договорот за пристапување во НАТО во февруари. Продолжува процесот на продлабочување и на билатералните односи. Во јуни бевте домаќини на најголемата воена вежба во историјата ,,Повратен удар” ,во коија учествуваа единици од тука , од САД, Албанија , Бугарија , Литванија и Црна Гора. На почетокот на октомври , нашиот државен секртетар го посети Охрид, каде ја искажа поддршката кон Северна Македонија и се сретна со претседателот, премиерот и други претставници на власта. Како што наближуваше годината кон крај , имавте можност за соработка со вашите соседи , вашата економија се зацврстува и расте, со реални изгледи за натамошен регионален напредок. Северна Македонија продолжува да ја покажува својата подготвеност за почеток на преговорите за членство со ЕУ , со имплементирање на реформите , неопходни за процесот кој ќе го помогне напредокот и растот на земјата. Странските инвеститори и натаму будно ја следат вашата земја кога пројавуваат интерес за регионот , како и годишното рангирање на Светска банка. Дури и туристичкиот водич ,,Travell Guide”им ја препорача на Американците и на другите светски патници да ја откријат убавината и културното наследство на трето место на светот меѓу топ дестинациите за 2020. Знам дека сериозни предизвици остануваат и има уште многу да се направи , но правецот е позитивен и ветувачки и со надеж и оптимизам ви посакувам Среќни празници и напредна година , во која нашето партнерство ќе продоли да се развива." , вели амбасадорката на САД во новогодишната честитка.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер