Биљана Тануровска Ќулавковски добитник на престижната "Наградата за истражување во полето на културните политики и менаџментот во култура во 2019 година"

Основана во 2014 година, наградата ENCATC постои со цел стимулирање на академски истражувања од областа на културната политика и менаџментот.

На 3 октомври во Дижон, Франција ,ENCATC - водечката европска мрежа на универзитети за културни политики и менаџмент во култура, која делува меѓународно, ја прогласи д-р Биљана Тануровска Ќулавковски за победник во 2019 година на наградата за истражување во полето на културна политика и културен менаџмент за нејзината докторска теза „Теорија на институции и културни политики за современи изведувачки практики" при Универзитетот за уметности во Белград, Факултет за драмски уметности во Србија.

Нејзиното истражување е оценето како најиновативно, но и од огромно значење за едукацијата во полето на културна политика и културен менаџмент, а истото ќе може да се спроведува низ универзитетите ширум светот, но и во кураторските и управувачките практики во уметноста и културата.

Победничката на Наградата за 2019 година беше објавена на официјалната церемонија за доделување на награди за истражување ENCATC што се одржа за време на 27-от Конгрес ENCATC насловен: „Разновидност и одржливост при работа. Политики и практики од културата и образованието ".

Во својот говор Биљана Тануровска Ќулавковски се заблагодари најпрво до ENCATC 2019 и меѓународното жири на Наградата за истражување, изразувајќи посебна благодарност до својата менторка Милена Драгичевиќ Шешиќ и Министерството за култура на Република Македонија.

На глобалната публика на водечки академици и реномирани истражувачи, креатори на политики, културни оператори и уметници им се придружија претставници од УНЕСКО и француското Министерство за култура, за церемонијата на единствената меѓународна награда која ја признава совршеноста во културната политика и истражувањето на културниот менаџмент.

Меѓународното жири на Наградата за истражување во 2019 година се состоеше од: Francesca Imperiale(Италија), Jaime Alberto Ruiz Gutiérrez (Колумбија), Elodie Bordat Chauvin (Франција), Anita Kangas(Финска), Jerry C Y Liu (Тајван), Richard Maloney (САД), Alan Salzenstein (САД).

Покрај Биљана Тануровска Ќулавковски како победничка во 2019 година, финалистите од Швајцарија, Финска и Австралија беа аплаудирани за нивните релевантни придонеси во областа на културниот менаџмент и истражување на политиките.

Во изминатите години добитниците на наградите беа од Франција, Италија, Германија и Јапонија, кои денес се реномирани професори низ светот.

Основана во 2014 година, наградата ENCATC постои со цел стимулирање на академски истражувања од областа на културната политика и менаџментот, за да се истражуваат современите теми и евентуално да се предвидат нови ориентации за културни политики преку компаративно и меѓукултурно истражување. Покрај тоа, тој придонесува во процесот на создавање инфраструктура, мрежа на истражувачи кои прават компаративни истражувачки проекти во областа на културната политика и менаџментот. Наградата има и поддршка од програмата Креативна Европа на Европската унија.

Дневен хороскоп за 6. мај 2024 година

Дневен хороскоп за понеделник, 6. мај 2024 година. 

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се.

Кариера

Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите.

Здравје и совет

Некои ќе го преспијат утрото.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко.

Кариера

Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни.

Здравје и совет

Кашлица и нервоза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов.

Кариера

Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро.

Здравје и совет

Не се откажувајте.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами.

Кариера

Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните.

Здравје и совет

Ќе бидете расположени.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го.

Кариера

Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите.

Здравје и совет

Мали , минливи нервози.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте.

Кариера

Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас.

Здравје и совет

Опуштете се со помош на техники за релаксација.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно.

Кариера

Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите.

Здравје и совет

Излезете на свеж воздух.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите.

Кариера

Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите.

Здравје и совет

Останете будни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат.

Кариера

Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот.

Здравје и совет

Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате.

Кариера

Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите.

Здравје и совет

Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри.

Кариера

Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата.

Здравје и совет

Разбудете се.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници.

Кариера

Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се.

Здравје и совет

Нека ве води интуицијата.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, вечерва Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска -Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ. 

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои? Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните? Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот? Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај? Вечерва во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

притисни ентер