Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил - Канал 5

Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил

 Американската пејачка Били Ајлиш објави на Инстаграм дека нејзиниот нов, трет албум ќе носи наслов „Hit Me Hard And Soft“. Ќе биде издаден на 17 мај оваа година, во дигитални и ограничени физички верзии.

Били Ајлиш со нов албум, објавен на рециклиран винил

Според официјалната страница на Ајлиш, ова издание ќе биде објавено на осум различни винил-опции произведени „со најодржливите практики“ што се на располагање.

„Стандардната црна варијанта е направена од 100 отсто рециклиран црн винил. Останатите седум обоени винили ќе бидат направени од ‘Еко-микс’ (ECO-MIX) или ‘биовинил’ (BioVinyl). Првата е создадена со помош на 100 отсто рециклирана мешавина направена од остатоци од секоја боја, што не може да се користи на друг начин. Овие парчиња се рециклираат и повторно се користат за да се направат нови дискови, така што секој диск ќе биде уникатен и ќе изгледа различен од другиот“, се вели во описот.

Инаку, „биовинилот“ помага во намалување на испуштањето јаглерод за 90 отсто во споредба со производтвото на првичниот винил.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби, Бајрами, и уште шест лица

Денеска продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети поранешниот прв вицепремиер, Артан Груби, поранешниот директор на АД „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, и уште шест лица.

Продолжува судењето за предметот „Државна лотарија“, во кој се обвинети се Груби,  Бајрами, и уште шест лица

Според обвинението, тие со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од над 9 милиони евра сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Двајца израелски безбедносни претставници рекоа дека првичната проценка на израел е дека копилотот, идентификуван од Израел како државјанин на Оман, веројатно дејствувал сам, иако истрагата е сè уште во тек.

Нетанјаху: Копилотот на авионот на „Флајдубаи“ бил подложен на радикална исламистичка индоктринација

Копилотот на патничкиот авион кој го избоде капетанот во очигледен обид да го собори авионот додека летал кон Израел, бил подложен на радикална исламистичка индоктринација и очигледно имал самоубиствени намери, изјави израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху.

Катастрофата беше избегната на авионот на „Флајдубаи“ од Дубаи до Тел Авив, откако ранетиот капетан успеа да ја отклучи вратата од пилотската кабина, дозволувајќи им на патниците да го совладаат напаѓачот.

Резервен екипаж што бил во авионот го спуштил авионот, во кој имало повеќе од 170 патници, на аеродромот Табук во Саудиска Арабија.

Авионот паднал повеќе од 14.000 стапки за помалку од 30 секунди за време на инцидентот додека летал над Саудиска Арабија на патувањето од Обединетите Арапски Емирати до Израел,.Нетанјаху рече дека е јасно оти копилотот планирал самоубиство.„Изгледа многу веројатно дека тој планирал да го собори авионот“, рече Нетанјаху.„Но, повторно, сè уште не донесувам конечни заклучоци. Но, тоа се индикациите што ги имаме сега“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Ден пред првообвинетиот за случајот „Пулс“ Дејан Јованов Деко да излезе од притвор, против него е отворена нова истрага, овој пат за давање поткуп.

 Нова истрага против Дејан Јованов Деко за давање поткуп, обвинителството бара притвор

Од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за спроведување истражна постапка за него за кривично дело - давање поткуп.

Тој се сомничи дека дал поткуп на службено лице во министерството за економија за да изврши службено дејствие што не смеел да го изврши, односно да му обезбеди лиценца за вршење угостителска дејност, без воопшто да поднесе барање за лиценца и во услови кога знаел дека неговиот објект не исполнувал законски услови.

Поради опасност од бегство на осомничениот за ова кривично дело за кое е предвидена казна затвор од 1 до 10 години, како и фактот дека против него се води уште една кривична постапка јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, велат од ОЈО ГОК, од каде соопштуваат дека службеното лице кое го примило поткупот веќе е обвинето и против него се води судска постапка..

Јованов утре требаше да излезе од притвор за случајот Пулс, зашто според законот, тој во притвор може да остане најмногу една година од оценката на обвинението..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер