Билд: Руски извидувачки авион се приближи до германскиот брег на Балтикот - Канал 5

Билд: Руски извидувачки авион се приближи до германскиот брег на Балтикот

Руски извидувачки авион денеска се приближи до североисточниот брег на Германија пред да се врати во Русија, придружуван од германски борбени авиони, соопшти германското воздухопловство, потврдувајќи ја веста на весникот Билд.

Билд: Руски извидувачки авион се приближи до германскиот брег на Балтикот

„Денеска беше активирано предупредување за брз одговор“во воздухопловната база во близина на Росток на североисток на балтичкиот брег, се наведува во соопштението на германското воздухопловство.

Предупредувањето (Quick Reaction Alert) е заеднички систем на членките на НАТО за заштита на нивниот воздушен простор.

„Причината беше непознат авион над Балтичкото Море, што леташе без план за лет или активиран радар“, се додава во соопштението.

Германските борбени авиони Еурофајтер потоа полетаа и го идентификуваа извидувачкиот авион, Иљушин II-20, што потоа под придружба замина, соопшти германското воздухопловство, кое сподели фотографија од авионот.

„Билд“ наведува дека утринава руски авион летал источно од Риген, германски остров во Балтичкото Море, и во моментот на пресретнување се движел кон германскиот воздушен простор.

Фактот што неговиот радар беше деактивиран претставува „значителна опасност за цивилниот воздушен сообраќај“, додава Билд.

Според воени извори на кои се повикува Билд, руските извидувачки авиони „повремено“ се приближуваат до германскиот брег без да го нарушат воздушниот простор на земјата.

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Руските власти денеска соопштија дека осомничениот за убиството на рускиот генерал во Москва, Игнат Кузин признал дека го платила украинската безбедносна служба. Кузин призна вина по обвиненијата за тероризам.

Осомничениот за убиството на рускиот генерал Москалик тврди дека бил платен од Украина

Рускиот истражен комитет соопшти дека Кузин призна дека бил платен да го елиминира генерал-потполковникот Јарослав Москалик.

Заменик-началник на Главната оперативна дирекција на Генералштабот на руската армија, Москалик загина на 25 април во Москва откако во неговиот автомобил беше поставена бомба.

Украинските власти сè уште не го коментираа нападот.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека е потребно наскоро да се постигне мировен договор помеѓу Русија и Украина.

Рубио: Наскоро треба да биде постигнат мировниот договор помеѓу Русија и Украина

- Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на тоа, ако не се реализира, истакна Рубио.

Но, тој не прецизира колку администрацијата на Доналд Трамп е подготвена да чека на резултатите од преговорите.

- Минатата недела беше посветена на тоа да откриеме колку овие страни се навистина блиски и дали се доволно блиски за да заслужат вложување на нашето време како посредник, посочи Рубио.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Со порака дека ќе се борат за своите права, припадниците на македонската заедница во бугаРија денеска го чествуваа споменот на Јане Сандански, еден од најголемите македонски револуционери.

Македонците во Бугарија го чествуваа Јане Сандански, порачаа дека ќе се борат за своите права

Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин за Канал 5 вели дека ваквиот вид на настани ќе продолжат и во иднина, а иако имало најави, сепак одбележувањето поминало без инциденти.

Со него разговараше Јован Ѓорговски.

YouTube video

притисни ентер