Била оставена во дом за сирачиња како бебе, а денес е голема „ѕвезда“ - Канал 5

Била оставена во дом за сирачиња како бебе, а денес е голема „ѕвезда“

Иако имаше бурен живот, оваа пејачка искусила сиромаштија, а денес живее исполнето покрај својот 39-години помлад партнер.

Била оставена во дом за сирачиња како бебе, а денес е голема „ѕвезда“

Во јавноста често се појавуваат фотографии од познати личности кога биле мали и многумина не можат да откријат за кого станува збор без да го прочитаат описот на фотографијата. Иако многу од нив имале тешко детство, денес се познати личности кои заработуваат милиони и живеат на висока нога.

На социјалните мрежи се појави фотографија од едно бебе која привлече посебно внимание, а многумина никако не можеа да ја поврзат со една позната личност која со години е присутна на музичката сцена.

На Инстаграм неодамна се појави видео од една позната пејачка со чии песни израснавме. На видеото се гледа како таа се развивала низ годините.

Станува збор за пејачката Шер која на 20-ти мај го прослави својот 78. роденден. На видеото може да се види како Шер значително го менувала својот лик додека растела, но низ годините подоцна, откако станала возрасна жена, таа речиси не се променила.

Многу нејзини обожаватели ја споредувале со нејзината мајка, на која многу личи, а некои од нив се согласиле дека таа изгледа витко благодарение на здравата исхрана на која е посветена со децении, како и вежбањето за кое често зборуваше, но и на значително помладиот партнер кој е помлад од неа речиси четири децении.

И покрај тоа што на фотографиите изгледа среќно, сепак ниту неа не ја заобиколиле бројните неволји во животот на патот до славата.

Извесно време во текот на детството била оставена во сиропиталиште бидејќи нејзината мајка не можела да се грижи за неа по разделбата од тогашниот партнер, односно таткото на Шер. Подоцна, секако, повторно била згрижена кај неа, иако тоа оставило трага врз Шер, а извесен период растела во сиромаштија. Нејзиниот татко ги напуштил неа и нејзината мајка кога Шер имала само 10 месеци. Таа е позната по својот бунтовнички карактер, неколку пати се мажеше и разведуваше, а од тие бракови ги доби синот и ќерката. За Шер, златните години од нејзината кариера беа ‘80-тите, таа е икона на тоа време. Едно време, се забавуваше и со Том Круз, кого го вброи во нејзините 5 најдобри љубовници.

Пејачката денес е во врска со 39 години помладиот продуцент Александар Едвардс, со кого извесно време раскина и се смири. Медиумите наведуваа дека причината за тоа е што нејзините деца не го прифаќале фактот што нивната мајка се забавува со значително помлад маж.

Шер имаше неколку обиди и во актерството, а меѓу бројните награди што ги доби се: Греми, Еми, Оскар, Златен глобус и награда на Канскиот фестивал.

Извор: srecna.republika.rs

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер